Дечки за Nikon L340 дали има некој од вас? Дали ќе може да ми кажете како го полните бидејки нема кабелче за во струја има еве вакво и сега го ставам ова во компјутер ( едното во компјутер другото во апарат) и нејке да се полни или треба нешто да се направи?
Тоа ти е УСБ кабелче,не е за полнење..ако има батерии тогаш треба посебно нив да ги полниш ако можат да се полнат или да си купиш нови.. п.с. го видов сега на интернет и јас колку што забележав нема вградена батерија туку посебно батерии си ставаш
Здраво девојчиња! Ми треба идеја за убаво кафуле низ Скопјево со вкусни кроасани и добро кафенце. Сакам утре да одам на појадок, ама околу 9 ипол - 10 часот. Размислував за Kaimuck , но отвораат во 11. Piazza Liberta ми е ок како идеја заради понудата Sweet breakfast со вафлите нели, и гледам отвора во 8. Некој предлог плус?
Пробај во Пастел до Европски Универзитет. Додуша година дена сигурно не сум била ама имаат многу убави работи. Едно време јадев секој втор ден еден колач со 3 вида чоколаден мус. Со оглед на тоа што е пекара/кафуле во француски дух можно е да го добиеш тоа што го бараш. Не знам какво кафе користат, но мислам дека беше убаво. Местото е супер за појадок и има доста избор.
@sofijanoka Софке, еве линк од предлогот на @Giovanna , врти на стрелките за понудите, мислам дека ќе ти се допаднe http://www.pastel.com.mk/
Не знаев дека имаат веб страна, еве имале и фан страна на Фејсбук. Ми потекоа лиги, ми се вратија спомени Разгледајте ги албумите, има доста голем избор и на сендвичи и лебови, сите се многу убави. https://www.facebook.com/pastelmk/photos_stream?tab=photos_albums
@Giovanna Јас еве сега дознав од тебе за местото и баш викам да видам дали имаат на Интернет што и како, и зошто отварав? Сега исто лиги ми потекоа Изгледа преубаво и превкусно A цените какви им се или ништо прескапо?
Јас се извинувам што го поставив линкот, посилно беше од мене : ))))))) Инаку цените се ок, разумни да речам. Зависи со што споредуваш. На пример таа чоколадната коцка со 3 вида чоколаден мус е 90 денари. Ако споредуваш со Специјал и Апче, да поскапо е, а ако споредуваш со О ла ла, Тренд и сл, испаѓа тука некаде или поевтино. И другите мусови се од прилика толу. Имаат и други благи работи и сите се со некоја таква цена. Сендвичи има најразлични со разни додатоци и лепчиња, се движат од 70 па нагоре. Исто и кроасаните им се стварно многу убави, ама тие поим немам како се со цена, затоа што ми ги носеа. Местото не е класична пекара, пространо е и има стварно пријатен амбиент и услуга. Според мене малку е поскапо, но вреди. Не сум пробала нешто лошо од таму.
Каде се продаваат ножици за шишање, ама од тие со чешелче на едната страна? за ретчење, ефилерки мислам се викаат.. само тие ми требаат, не во некој фризерски пакет, за домашна употреба ми се. За во Скопје прашувам
Не сум сигурна дали имаат кроасани, но за мене најдоброто кафуле/слаткара е K8 во чаршија. Еве го нивниот фб профил, ѕирни можеби ќе ти фати око. Имаат и американско кафе (кое ми е многу вкусно) и сезонски прават и pumpkin spiced latte (што исто така е супер).
И јас не знаев дека постои местово. Од страната на кафеаната Фенери е? Баш ќе ѕирнам, предобро изгледа. Фала ви девојки! П.С:Да организираме средба во местово, м ?