Не ти текна да ми донесеш риба? За казна следен пат кога ќе одам таму, ќе ја споделам тука сликата за лиги да ти течат.
Дечки итно ми треба некој што изработува рачно чашки или ланчиња? Значи не од оние што принтаат слики на чаши, туку што ги изработуваат. И исто, прашував пред некое време ама не добив одговор. Каде принтаат маички?
Маички би требало да принтаат во секое фото студио,мислам дека принтаат и во Веро. А за рачно ваљда мислиш графирање на чашки,имаа многу страници на фб на кои што во моментов не ми текнува како се викаат..Ако најдам ќе ти пуштам линк во порака Патем мене нешто друго ме интересира,знае ли некој која е цената на билет за театарска представа во театар Комедија? Има ли некој попуст за студенти? Благодарам.
http://www.teatarkomedija.mk/kontakt/ Колешка од факултет знам дека се јави на бројчињава што ги има на страната, и доколку не се лажам еден ден во неделата мислам дека е бесплатен за студенти.
Четврток е бесплатно по сите театри, треба само индекс... Ама нормално слабо претстави во четврток, слабо... А за пензионерите и вторник, и петок, и сабота... Ама ако тие треба да гледаат, да шетаат, да се дружат, а не студентите.
За пензионери и лица под 29 год, со лична карта, билет е 150 денари. Едит: Важи за сите театри, не само за комедија.
Ме интересира, треба некаква потврда за пензионери, да го извам тато малце од дома? Зошто релативно млад пензионер ми е, па не вервам со години да се провни лесно.
Нема врска тоа, можеш ти на билетара со лична карта да појдеш да купиш две карти. Потоа тој да појде со картата. На врата никој не го прашува кој и колку пари му ја зел.
Да се појавеше вчера овде на фемина, ке ти донесев ххх....ее немој така ...лошо правиш ти си фин дечко
Ама зошто да купува со пари кога за пензионери има многу денови за бесплатно да гледаат. Ваљда треба некаква потврда и со неа нека си користи се што е за користење..@theowndemon Можеш да појдеш до некоја билетара да и прашаш, убаво ќе ти објаснат Преку мобилен сум и не се фати тоа убаво за означување ама ај ќе видиш
За пензионери не е бесплатно туку иде со попуст 50% и за нив. Има по некој ден ко за нас шо е четврток, ама за секој друг ден може со 50% попуст карта да се земе. Значи место 300 да е 150.
Па ти ако сакаше да ме почастиш ќе ме најдеше како и да е. Бев на пат и не бев у могучност да ти вратам. За следен пат ако ме заборавиш не ти праам муабет до Велигден.
Темава е редовно прегледувана, па одлучив овде да го поставам прашањето: Дали некој користи Silverex tush во бањата за филтрирање на водата? Наводно овозможува туширање со природен антибиотик без хлор и бактерии и негување на кожата и косата со сребрени јони. Туширањето со прочистена вода особено е ефективно кај лица кои имаат кожни проблеми (иритации, инфекции, црвенила, бактерии). Прочитав различни коментари на нет, па ме интересира некој да сподели свое искуство. Ова е тој производ
Дали Ледиком сигурно продаваат оригинал iPhone? Некако пониска им е ценава за 6ѕ, па не знам некако чудно ми е.
Да, конкретно за комерцијална знам. Ова е актуелна информација, денес мама одеше по банките Се пополнува некој формулар во кој треба да се наведе зошто ти ги испраќаат парите.