@wendy2 Во прилог на твоето прашање и како реплика на ninja35. Ве молам не ширете вакви глупости и дезинфомации.Не знам што пробувате да направите,реклама? Што е Веро тафталиџе овластен сликар за американска виза?Нормално дека за американска виза секаде можеш да се сликаш, само да нагласиш дека ти е за таа цел затоа што сликите се 5x5, различен формат од овие нашиве стандардни за табло,за документација,новчаник... Системот може да ти ја врати фотографијата доколку коса ти оди на лицето, значи или позади уши или соберена или доколку не е во овој формат или нема бела позадина, а не може системот да препознае дали си се сликала у Веро Тафталиџе, кај Трајко или Петко. И ве молам со вакви смешни потези да не лажете луѓе и без потреба од едниот до другиот крај на Скопје некој да оди.Тие од Охрид и они ли до Тафталиџе треба да се летнат за сликање? Па уште и до термин губење дојдовме, засрамете се.
А наместо да глумиш народен правобранител, да прашаш некој вработен од амбасадата...или да изодиш до конзуларното одделение, ене го на ул. Самоилова... бидејќи сите што ги враќаат со несоодветна фотографија, вработениот од конзуларно им го препорачува тоа студио
Па веројатно имам информации од прва рака, штом настапувам со 100% сигурност.А ако ти не си вработениот и ова ти било пренесено, само размисли логично како може да е вистина.
Па со мои очи сум видел колку луѓе имаат вратено за дополнително фотографирање и сум слушал кај ги упатуваат... И дека дополнително губат време поминувајќи ја целата процедура за влез-излез по два пати
Дечки овие апликациеве што се на app store што се плаќаат? Како оди плаќањето нешто од кредит или од интернет ај ако може некој да ми објасни многу ми е важно @Скопјетесакам мислам ти се разбираш во ова?
Барам од оние летни пластични маси со столчиња. Колку од прилика се на цена, и каде може да најдам некои не толку многу скапи...
Вакво сум видела во продавниците кај што се продаваат ремени. Дупчиња прават со нив Да ти позајми некој
Ова е озбилна клевета за функционер од американска амбасада доколку е точна навистина е не примерно такво однесување посебно на преставник на земја каде што е незамисливо привилегирање на одредена компанија за сметка на останатите.
http://macedonian.macedonia.usembassy.gov/mk/visas/non-immigrant_visas/phot.html Еве ги критериумите за фотографија директно од страната на амбасадата.Јасно и убаво си пишува какви критериуми треба да задоволува фотографијата и секој што се слика ако не е свесен за овие критериуми нормално дека ќе виде вратен.Единствени 2 критериум кој треба да го задоволи студиото е белата позадина и димензиите, останатото е на кандидатот.Одговорно тврдам дека било кој што за ваква проста и едноставна работа препраќал луѓе во конкретно студио со 100% сигурност не е самиот конзулат, туку можеби некој вработен македонец на пониска функција кој сакал самоволно да рекламира и фаворизира одредено студио и кој сигурна сум доколку повисоките функционери го дознаат како што рече Струмка може да си направи проблем. Пак ќе кажам системот ти ја прифаќа фотографијата ако ги задоволува критериумите за кој самиот кандидат треба да е свесен, а не каде се сликал.Ниту пак тие што работат таму можат да проценат дали си се сликал во Тафталиџе или во Аеродром или било каде.
Мaрaмa, вaквo aкo не се лaжaм видoв вo Џaмбo, стoи нa гoрниoт кaт oд скaлите деснo кoгa oдиш нaгoре, вo тие редoви пoбaрaј. Луѓе, мене ме интересирa кaде мoже дa нaјдaм мaли кaктуси или некoи слични рaстенијa, нo вo убaвa сaксијa oтприликa кaкo нa втoрaвa сликa?
Јас сабајлето од Буњаковец си купив, пазарчето, таму продаваат секакви цвекиња и баш земав ваков мал кактус. Во обични саксии се, а поубави саксии може да купиш од секаде. Јас во Веро маркетот кај мене што е гледав многу убави украсни саксии.