Девојки, ќе може некој совет, блог за машка гардероба околу свадби, а ако имате информации за некоја продавница низ Скопје со квалитетни материјали би ми било од голема помош?
Дали некој може да ми објасни каде се наоѓа Матица точно? Дали е на таа улица каде што е оној бутикот Арабеска во центар како му доаѓа спроти соборна или карши дискотеката Вулкан?
Види во Громби, во ГТЦ е. На приземје, гледа на жена. парк. А можеби има и во подрумот на Буњаковец, кога одиш на кај Кам.
Ќе може ли некој да ми помогне? Ми ја снема иконата за јазиците(долу десно што стои). Како можам да ја ставам пак? со шифт+алт знам дека се менуваат јазиците, но каде ми е иконата?
Дечкиии дали можам мобилниот да го полнам додека спијам навечер? Дали тоа ќе му наштети на телефонот или на батеријата?? м? Ми треба насабајле кога ќе станам батерија, чаре? ај хелп
@papillonP влези во control panel,одбери Clock,Language and Region --->change displey language,ќе ти се појави ова кликни на change keyboards,се појавува ова Кликни на Add и побарај во листата македонски јазик и англиски,кликни 2 пати ОК и врати се назад. Би требало иконата за јазик да се појави долу.Не знам дали помогнав?
@Ordinary ова видео е за како да додадеш јазик. @lunicka и претходно и сега ја правам постапкава што ја кажа но не ми се појавува иконата. Јазиците коишто си ги имам се тука, не ми се избришени и со шифт+алт ги менувам, но иконата ми ја нема а така ми беше полесно со неа. Не знам ни како да ја вратам затоа прашувам, дека пробав по кажаното погоре но изгледа не е тој начинот.