Знае ли некој колку пари е автобуска карта Скопје-Белград и како може да најдам сместување таму, не мора хотел ..
Прашање до некоја од феминките која има искуство со принтање маици претходно - пред некое време си принтав маица ама сега со перењето почнаа буквите да се лупат. Маицата ептен ми прави мерак и многу ми е криво. Прашањето ми е дали можам да ја однесам некаде на корекција - пр. таму каде што сум ја принтала, не зборувам за без пари секако ама дали воопшто постои такво нешто како корекција да ги залепат пак буквите? Фалаа
Дали некој има искуство со европска очна болница и ако може да ми каже колку време отприлика трае првиот детален преглед кај нив
Можеби не е за тука прашањево ама доста посетувана е темава па се надевам ќе добијам одговор. Ќе одам во Прилеп во сабота па да ми препорачате некое убаво место за јадење/кафе и некои бутици или трговски ?
Девојки, колку пари е округлото тавче со обрач за чијкејк во Скопје ( пластичарска, Зелен, Битпазар)? Најдов во Грција за 8€, па дали да си земам...
Каде можам да најдам изданија на поезијата од Пабло Неруда во Скопје? Без разлика дали на македонски или на англиски.
Не сум баш упатена во банкаството и не знам како одат овие работи, затоа ќе ве замолам за помош.. Вака значи треба да отворам трансакциска сметка е сега ме интересира дали со неа ќе ми дадат картичка за на банкомат (Виса,Маестро,Мастер) и ќе можам да ги подигнувам парите што ќе ми стигаат преку неа? И дали ќе можи на истата таја картичка да внесувам пари и да ја користам за онлајн шопинг? Благодарам многу
Ќе си појдиш во банка и ќе си отвориш трансакциска сметка (виза или маестро), за неколку дена картичката ќе ти биде готова, ќе си ја подигниш, значи се што ти треба е само лична карта и сите работи што ги наброја ќе можеш да ги правиш слободно
Ако имаш негова лична карта, тогаш најдобро да го однесеш во полициска станица. Има ли други документи?
За јадење, убава храна има во Меџик, Леоне и Ла Страда, за кафе Арт, Калипсо и Вирус, а бутици со убава облека ти се на пример Нептун, Ивери, Lady bug, Paris... всушност сите ти се тука на купче во чаршијата, прошетај ги сите оти не се којзнае колку многу
Јас имам по нешто во pdf, ако ти врши работа. А поезија од Пабло Неруда барав и јас низ Скопје, меѓутоа безуспешно.