Во Пантер Мис што е во Визбегово мислиш?Сигурно ги има шишенцата и украси каде што се продаваат накај Рекорд кога се иде Дивајн Чаме е дуќанот од страна карши Lisca
Додека седам вака и мрзнам сред плоштад ти го видов прашањево и ми текна дека ги викаат и нив матарка (за алкохол).. Под поимот матарка најчесто се подразбираат оние сплоснати шишињата што ги носат планинари, ловџии итн, ама и за ова користат ист збор... Исто и за украсните сплоснати шишиња.. Го има во скоро секој гифт шоп.. (а ги има и со мотиви од мк во онаа специјализираната продавница) И футрола...
Се извинувам ако е глупо прашањево, ме интересира која е разликата меѓу дезедоранс и антиперспирант? Дали дезедорансот може да се нанесува под пазуви?Исто не ми е јасно и за дезедорансите пошо има такви на кои пишува на пример.48h , а има и обични дезедоранси кои се нанесуваат на телото ???
@emmacool Разлика има. Кога се потиме под пазувите се лачи течност. Таа течност сама по себе нема непријатен мирис, но се врзува со бактериите кои го создаваат мирисот. Дезодорансот е препарат кој не влијае на потењето, но затоа ги неутрализира непријатните мириси. Дезодорансот обично во себе има парфем и некое антисептичко средство. Така се уништуваат бактериите кои ги предизвикуваат непријатните мириси, а парфемот пак предизвикува пријатен мирис. Антиперспирантот, за разлика од дезодорансот, спречува потење. Тој содржи хемикалии кои го спречуваат потењето. Ако не се потиме, нема ни непријатен мирис. Потењето се спречува така што се затвораат порите или пак со помош на хемикалии кои го спречуваат лачењето на потта. Во комерцијална примена тие хемикалии најчесто се нарекуваат „алуминиум“. Антиперспирантите обично се поефективни од дезодорансите во спречување на непријатните мириси. Кога ќе се погледне составот на некои дезодоранси, честопати на листата состојки се наоѓа алуминиумот, што е знак дека производот не е само дезодоранс туку и антиперспирант.
Се извинувам што го поставувам прашањето овде но темата за Wizzair воопшто не е посетувана. Јас че патувам наредната недела и имам само рачен багаж (мала торба). Прашањето ми е дали може да ставам некои работи во вакум вреќа или не знам како се вика (тие што им се вади воздухот со правосмукалка) за да соберам повеќе работи во малата торба? Би ми правеле ли проблеми ? Имам порано патувано исто така но воопшто не ми ја отвараа торбата.
Јас кога патував за Малмо и за Дортмунд ни ги отвараа торбите се ни проверуваа партал направија едвај се затворивме,не знам колку ти е сигурно да вакумираш да не ти прават проблем срцка.Нека каже некој ако има повеќе искуство.
Некогаш, подобро е да прашаш Гугл. Инаку, песните од Wham и Џорџ Мајкл ми се едни од најглупавите евр. Ама барем го знам. Edit: Wait, не беше ова во СДК? Во Општи прашања се најдов? Сериозно?