Здраво, незнам дали е прашањево за тука но можеби некоја имала искуство со органско масло од пченични никулци? мене ми е препорачано од доктор дневна доза од 240mg. Во аптека можев да го најдам само од 50ml.И ми кажаа дека е чудно докторот што ми напишал количина во грамови. Ова масло морам да го внесувам за имунизација на организмот. Се надевам некој имал слично искуство?
Ме интересира дали доколку се префрлат над 10k евра на трансакциска има некои провизии? Прашувам затоа што имам слушнато дека над 10к имало казни, провизии или не знам точно како беше... ??
Прво мислиш 10к ЕУР надвор од државава или денари тука локално? Ако е денари и трансфер од сметка на сметка нема посеба тарифа. Секоја банка има сопствена тарифа и тие се провизиите (тарифа за платен промет за физички лица и ќе видиш колку ти е трошокот за безготовински пренос). Незнам за кави казни зборуваш. Луѓе купуваат коли, станови и префрлаат многу поголеми суми.
Кај да најдам cream cheese во Битола? Или шо можи да се искористи како замена.. Не знам кај нас дали има воопшто.
На пример брат ми ми префрла мене пари на трансакциска од негова на моја сметка али од една банка у друга, тука у државава, ова не разбрав за безготовински трошок? Тоа е голема провизија или? Инаку мислам на казни во смисла нели имаше нешто ако е над 10к евра од ујп крателе не знам што... Али не сум баш информирана затоа прашуем у конкретниов случај како е.
Сите банки имаат јавно објавени тарифи на нивните web страни. Ако е обично плаќање не би требало да е повеќе од 50 денари, ако е итно околу 250. Е сега ако после тоа примачот сака да ги подигне одеднаш во кеш треба исто така да вди во својата матична банка дали има провизија за подигање готовина. ако ги трошиш со усул и си подигаш од банкомат нема да имаш ваков трошок А ова дека ујп зима пари прв пат слушам искрено. Ујп може да земе пари само ако ве блокира по некој друг долг, ама за трансфер меѓу физички лица сигурно не. ујп нема ни да ги види парите кога ќе ги префрлите.
Дали може да ставиш интернет од т- Мобиле а да немаш фиксен телефон? Само интернет сакам да кажам без телефон.
Здраво, не знам кај да прашам, па овде. Имам принтер стар 7-8 години, откако снема бојата што одеше со него не сме купиле нова. Па да ве прашам каде можам да најдам бои? Инаку принтерот е HP Deskjet D2360. Фала многу.
Мора да постои телефонска линија за да можеш да имаш интернет. Е сеа јас имам интернет, ама немам фиксен телефон, значи не користам фиксен. Но плаќам според договорот и за фиксен, иако го немам и не ги користам услугите на фиксниот.
Во продавниците за техника работат со тонери. Ќе прашаш за соодветниот модел на принтер, па според тоа и цената ќе ти ја кажат.