Црвениот тепих е од 23-30, а наградите(манифестацијата) во колку? 2-30 најдов на нет ама не знам дали е точно. Знае некој сигурно?
Една другарка сака да објави боенка за деца. (како оние за возрасни што станаа хит едно време. Дали некој знае како некоја издавачка куќа каде да се обрати и постапката
Ред карпет почнува од 23 30 али повеќето ѕвезди пристигнуваат покасно, после 1 некаде додека церемонијата почнува од 02 30, 100%
Можеби е подобро да прашаш во темите за религиja, таму се наjупатени и наjточно ке ти кажат (овде може и да не видат)
Каде можам да најдам обични кутивчиња без ништо а јас да си.ги украсам,за бонбони за свадба ми требаат,може да се бели или.во некоја боја и ако знаете цена,нешто вака од прилика (без декорацијата)
Бит пазар, односно кога одиш накај женски пазар, пред да влезеш од десно во пазарот, продолжи малку понатаму од ЛЕВО има продавници што продаваат "тракатанци" (што би ги нарекла мајка ми ) Има неколку видови кутивчиња, купувавме со една пријателка пред месец дена Е сеа како објаснив..разбра или да отворам гугл мапс
Разбрав,во магацинот за се и сешто? сум видела таму за крштевка кутивчиња,обични празни не..ај ќе поминам,ќе видам,фала ти Сеуште се мислам дали да порачам од Алиекспрес или не..
Можеш и од Али ако ти се чека.. Празни беа кутивчињава, идеа во пакување по неколку ама и на парче ги продаваа. Имаше бели (накај сиви), крем, розеви и виолетови. Други не видов. Ама секако помини види, не секогаш имаат.. Јас па бендисав една за чоколатца и после некој ден кога отидов немаше
Леле те заборавив Купив од едно дуќанче од Лептокарија, не знам како се вика, во истиот ред е со кафе Ревија. Исклучиво за кожни работи е (ташни, јакни, новчаници, каиши) Тој јас што го земав беше 1500 денари, ама ако плаќаш во кеш (не со картичка) го дава за 1200 денари. Извини што заборавив да ти пишам
Каде да најдам курс по словенечки јазик низ Скопјево по прифатлива цена? Најдов девојка која држи приватни часови, 90 минути = 400 денари и многу ми е. Нешто поефтино?