Супер шоу, иако сакав Батлер да триумфира во најдобра главна машка улога, баш ми е мило за Бренан Ф. заслужено
Годинава некако ептен предвидливо беше дека Best Picture ќе оди кај Everything Everywhere All At Once. Мишел прекрасна со прекрасен говор.
Фала курцу, конечно праведни оскари. Баш се израдував сеа кога прочитав, партали напраиле. Не очекував сè дека ќе соберат, ми беше страв досаднион со Колин Фарел дека ќе се умеша, ама добро е, остаиле одличното да совлада. За Фрејзер не се двоумев и мило ми е, ем заслужува за улогава, ем пошо има пројдено низ срања предолго време у Холивуд.
Гледав Оскариве вчера, денес на работа не можам да функционирам хахахахаха. Ми се допаднаа. Праведни ми се, германциве заслужено 100%. Со оглед на сегашната ситуација во светот, баш некако те тера прст на глава да ставиш филмот. Браво. И наградите за најдобар актер/ка и споредна улога ми се по кејф. Ли Кертис конечно да земе оскар. Единствено, сакав Вавилон да земе за декор зошто навистина вредеше, но тоа е. Исто така, мн добар ред карпет годинава
Нe гледав синоќа, многу ми беше доцна и Ред карпетот и се. Пролистав сабајле и баш сум среќна што сите оскари заминале кај филмовите кои навистина заалужија. Ги гледав The Fabelmans, Tar, Blonde и Everything, Everywhere. Fabelmans... па што да се каже, ништо спектакуларно. Премногу, премногу развлечен. И знам досадно е кога ќе се каже ова и најчесто тера на вртење со очи, ама концептот не е ништо ново. Буквално ист ко секој трет филм од жанров. А и дискутабилно е колку семејна драма може да понуди нешто поразлично. Досаден ми е Спилберг, никогаш не ми било јасно зошто толку го форсираат. Мене ми се свиѓа само Шиндлеровата листа. И тој еден не му е оригинален филм, по книга е. За Blonde cè уште не знам како се осеќам, ми беше доста тежок за гледање и ме измори. Предолг и тој, темпото скроз неусогласено како скокаа од едно на друго. Ана де Армас ми беше многу добра Мерлинка, ама не беше улогава до толку за да треба да земе оскар. Тар премногу бавен, дефинитивно си сакам дел од времето назад. Кејт Бланшет премногу ми се допадна во улогата, уживав во филмот само ради неа и тоа кажува доволно, ама факт е дека никој немаше шанси покрај Мишел годинава. Everything, everywhere...навистина уникатно изведен филм. Темата и овде не беше ништо ново, реално, сукобот меѓу мајки и ќерки ми е досаден и милион пати изрециклиран веќе во серии и филмови, ама дека беше нешто невидено - и тоа како. Не знам кога друг пат биле испреплетени толку многу работи во едно. Се соживеав со доста работи и ме расплака, ме насмеа, ме натера да го мислам и толкувам со денови. Толку многу внимание имаа посветено на навидум ситни работи кои ја оплеменија приказната со симболи ставени во клучни моменти (најпластичен пример: бејгелот и окцето што мрда, јин и јанг; не навлегувам дополнително во симболиката и моментите во кои се појавуваа овие две за да не биде предолг и предосаден постов). Eye candy беше токму поради вакви ситници. Едноставно беше сè што барам од еден филм и два саати и дваесет минути летнаа ко да беа еден миг. Ми остана уште на Запад ништо ново. Гледан ми е постариот, а овој новиов верувам дека е одличен, само не сум расположена за воена тематика и го оставам за понатака. Ама дефинитивно, годинава двата најголеми фаворити ми се The Whale и Everything, everywhere, all at oncе. Баш ми се во категорија на впечатливи филмови кои ќе ги помнам долго, и не само по убавите кадри, туку по слоевитите приказни. Со душа чекам да премотам некои видеа од синоќа, ама тоа дури вечер.
Ептен хејт има кон Џејми, затоа што оскарот отиде кај неа, наместо кај Стефани. Како и да е, годинава мислам дека беа доста слаби оскарите. Не можам да одвојам ниту еден клучен интересен момент, со исклучок на магаренцето што го донесоа во театарот и настапот на Naatu Naatu. Џими некако ептен ко да не беше во форма. Знам дека се водат по скрипта, ама он делуваше ко воопшто да не е убеден во тоа што го кажува. При Asap Rocky, они со Малала се фатија шали да прават. Можеби и целиот впечаток ми е таков, затоа што на ТВ доста пресеци имаше, ама ако имаше нешто интересно ќе видев на твитер, така да не верувам дека скратиле многу, освен трејлерот на Ариел. Зa EEAAO, наградите заслужени. Мислам дека кажав и во првичното мислење за него, иако не е по мој вкус, не можам да ја негирам посветеноста на секој аспект во филмот, од звук, до ефекти и најмали детали. За Best Picture не мислам дека некој филм ептен се двоеше, за да помислиш дека само во таа категорија ќе има некој пресврт. Уште на пола шоу беше јасно каде ќе оди главната награда. Баш ми е мило и што Women Talking зема награда за најдобра адаптација. Говорот на Сара сосема умерен, без многу филозофирања, скроз on point. И да, малку глупо од страна на Академијата што не ја ставиле глумицата од Triangle Of Sadness, која почина минатата година, во In Memoriam презентацијата. Видов дека ја има на статијата на сајтот, ама буквално годинава е номиниран филмот, не е дека не можеле да ја вметнат некаде. За модата на црвениот тепих немам што да кажам. Мислам дека годинава сите некако сејф избор имале, ниту нешто уау, ниту нешто претерано лошо. Единствено би ја издвоил Џанел: Прекрасна.
Вчера си легнав немав сила да гледам оскари, а и да бидам искрена не ме влечеше нешто многу. Највеќе се израдував на освоените оскари на Jamie Lee Curtis и Brendan Fraser, сосема заслужено. Дојдов малку повеќе да искоментирам за модата. Мислам дека дел од изгледиве што ќе ги споделам ќе се и oд after-party. Спојлер: WHY Madelyn Cline изгледа ко да натнала чаршав од кај баба ми. Naomi Campbell што носи побогу??? Rihanna пак со мешево Спојлер: I like it Не ми се свиѓа бојава на фустанов ама Sandra Oh ми е многу слатка во него. И леле Брендан колку е ослабен.
Мило ми е EEATO, заслужено за сите награди. Заспав и јас, не беше ништо посебно. И за Брендан исто, конечно доби признание. Најсмешен дел ми е со интервјуата, кога Ешли го интервјуира Хју Грант, овој и вика It's Vanity Fair, и оваа мисли дека збори за забавата на Венити Фацата на Хју е прајслес и после крева раце од интервјуто кога гледа со кого си има работа.
Фрејзер доби оскар? Баш ми е мило, значи не го одминаа и заборавија, на толку многу филмови има оставено траен печат. Не ги следев доделувањава на оскариве, долго време не следам директен пренос, онака отпосле иако во глобала договорена, да не пишам наместена работа ми се па ми имаат изгубено некое значење.
Леле баш и мене ми падна ова интервју во очи. Многу ми беше смешно-таа му вика кого сакаш или се надеваш да видиш тука, а тој со чудење и вика "да видам?" И се измешаат лончињата на водителката изгледа.
Дата од Гуниси aka Ke Huy Quan, Brandan Fraser, Michelle Yeoh i Jamie Lee Curtis, за сите ми е мило што добија Оскар. Ми се исполнија надежите што ги пишав на темава неодамна. И за глумците и за најдобар филм.. Баш ми е мило за Michelle Yeoh, една од моите омилени глумици, дефинитивно досега беше потценета. Во Малезија ја викаат гордост на Малезија. Кој не ја гледал во Star Trek Discovery, обавезно да ја гледа. На почетокот на церемонијата презентерот рече интересно е што двајца глумци што глумеа заедно во Encino man, сега се номинирани за Оскар. И ете добија оскари и Brandan Fraser i Ke Huy Quan. Единствено ми е жал што Austin Butler не доби Оскар, но некако претпоставував дека така ќе биде. Обично академијата ги остава помладите актери да стекнат искуство, па да ги награди..некои глумци со години чекаа да добијат Оскар. И за костими очекував Елвис, мислам дека беа подобри од wakanda.
Леле, тотална утка беше Ешли, цело време беше катастрофална. Ванеса беше многу подобра како водителка