Не си во право. Постои само една култура- културата на човекот и неговиот карактер. Тоа што уште глобализираш еден цел град, доволно зборува за твојата култура.
Jas gi razbiram lugjeto shto ne im se troshi vo Ohrid, parite shto kje gi dadat tamu mozhat da gi zashtedat i kje im se najdat za druga, poatraktivna lokacija. Tuku... Vecherva pola shetalishte i cela pateka kon mostot neosvetleni, taka? I posle ne sakale da se sporeduvaat so grchki sela. Pa ne znam i dali grchkite sela bi sakale da bidat sporeduvani so Ohrid.
Грешно веројатно си ме разбрала.Не кажав никаде дека 35 евра е скапо за вечера во Грција.Тоа ти го напиша.Да немам пари ни на одмор не би тргнала а камоли да се потпирам на тоа дека ке јадам кај што сум сместена. Мене не ми се чудни цените ни во Охрид,ни Грција ни Црна Гора(на пример). Тоа се сите туристички места и разбирливо ми е да стават повисоки цени.Па нив буџетот им се полни за време на туристичка сезона. Никогаш не одам на одмор со надеж дека ке начекам ефтино кафе или безплатен влез некаде. Читајки ги повекето овде ретко кој е задоволен од било каде.Сите сакаат добар провод за ефтини пари.Мало морген тоа..
http://mkd-news.com/vo-ohrid-peshki...t-150-den-voda-ednash-e-120-za-pola-chas-140/ Во Охрид не сум била од 2005 и не планирам да одам во блиска иднина. Евенутално можеби на блиц прошетка колку да го видам градот. Си го сакам Охрид како град, ама џабе кога едно 90% од луѓето се за никаде. Толкава омраза кон скопјани не сум видела мислам дека грците не не мразат толку колку охриѓанине. За нивото на култура и туристичките способности т.е неспособности не би сакала да зборам. Ептен има за кажување. Само ова ќе кажам, преубав град со погрешни луѓе во него.
Сите на одмор тргнуваме со пари во џеб, никој не оди шворц. Е сега, ако цените се пристапни, нормални ќе пијам кафе денеска во 3 различни кафичи, а ако е скапо тогаш ќе пијам една пијачка и толку. Сувенирите на пример ако се со нормална цена ќе купам повеќе за да подарам, ако не не купувам. Јас во Париз најдов привезоци со Ајфелова кула за пола евро, а истите во друг град ги платив по 2 евра. Кога видов дека во Париз се пола евро купив еден куп во различни бои и поделив на многу луѓе кои ми се драги. (забегав со Париз, ама за споредба). Што му фали на крушевскиот локум што чини само 60 денари, а е убав. Купив 4 кутии, следен пат ќе купам повеќе затоа што блиски ми кажаа дека сакаат да купат и да им јавам кога ќе одам пак.
Не знам што е проблемот со цените во Охрид. Бев последно пред неколку недели, и се си беше сосема во ред. Немав мака ни од луѓе, ни од цени. Сместена бев во хотелче на плажа, со сопствени лежалки, 25 евра соба. За жал, без појадок, ама тоа е. За 4 дена тостови, кафиња, помфрит и пиво, потрошив 500 денари во шанкчето на хотелот. Турско 30 денари, пиво 60, помфрит 50 (и тоа за двајца) тост 40. За ручек одев во кафана и скоро секаде цените се поевтини од Скопје. За појадок одев во блиските хотели, и освен Гранит и Метропол на друго место појадоците беа сосема во ред (мислам на цена, омлет во Гранит е е 120, во Скопје е 100, ама немаш поглед на езеро, туку на асфалт). Во центар на Охрид јадев пица поевтина од пиците во Скопје, или со приближно исти цени. Услугата супер, келнерче што цело време ни отвараше прозорец, па затвораше, оти така сакавме, брза услуга, сите фини. На сама чаршија келнерот беше најфин на свет, ми кажа од каде е името на макароните кои ги приготвил и како ги приготвил, дојде да праша дали сме задоволни, дали ни се допаднало, а газдата помина до нас и праша дали е добро и рече на здравје. Во Скопје ретко да дојде некој од газдите или готвач да те праша дали си задоволен. Истото се случи и во Грција, каде платив порција тестенини 12 евра, готвачот дојде да праша дали ми се допаднале. Разликата помеѓу двете беше што во Охрид платив 230 за макароните, а во Грција 700 денари. Ама во туристично место тоа и се очекува. Дома ми се 50 денари. Е сега, човекот што го имаше хотелот беше супер фин, срце беше, ама мора да научи дека ако плаќаме за соба со поглед на езеро значи дека сакаме да се будиме со шум на бранови и езеро, не од него како разговара со гостите кои станале пред мене, иако најчесто станував во 7 наутро. Ама ете, муабетчија. Хотелот во Грција со поглед на море и сопствена плажа беше 40 евра со појадок, и чистење секој ден. Сепак, надвор од сезона (јуни), а во Охрид никој не ми исчисти во соба, ама во најскап термин. Сигурно да отидев во јуни ќе беше таа соба 15 евра. Муабетот ми е... На одмор не одиш за да ти е евтино, знаеш дека е скапо или поскапо од дома. Кога одиш некаде, сите претпоставуваат дека има пари, оти сиромав не оди на одмор. Затоа и цените поголеми. Битно е и услугата да е добра, бидејќи плаќаш екстра. ПС И во Скопје ми се има случено, во Сити мол, седнав да јадам и келнерот дојде да му каже дека ако сум за сокче да одам надвор, ресторанот бил за гостите кои јаделе. Среќа бев отидена за јадење, ако ова ми го направеше и ме скорнеше од маса, тешко дека некогаш ќе му се вратев назад. Оти имале масивно дрво и кожа уредување. Затоа морало да оставам мин 1000 денари кога седам таму. ППС Во Венеција за седење се плаќа 3-5 евра. Плус кафето. Чисто за столчето плаќаш 300 денари за што си седнал.
Споредбата на Охрид со Грција(местата на кои најголем број од нас одат на летување) според мене е повеќе од несоодветна. Да споредувате еден град кој има прекрасна архитектура, кој има прекрасни цркви, манастири, музеи, кој го има Охридско лето, едно од најстарите езера во светот со селцата во Грција кои имаат улички со продавници се за 1 евро, ми е нон сенс. А ако зборуваме за цените и Охрид е ефтин ако се испазари во Кам (Лидл во Грција) и се готви дома и се каснува по некој хот-дог(гиро во Грција). Јас искрено не знам на кое место во Грција може четворица да вечераат за 40 евра, ако се знае дека салатите им се од 4 евра па нагоре, пијачките од 2 евра па нагоре, леб за еден е 1-2 евра ,најевтино е гиро во порција 5-6 евра. Грција има море и не е спорно дека морето е прекрасно, но не може да се споредува со Охрид кој нуди сосема поинаков вид на туризам. И да платив пред неколку дена 100 денари за турско кафе на Плаошник, но доживувањето и атмосферата таму е она што вредеше многу повеќе.
Види, Грција е голема, кој сака и по селата може да оди. А може и само гиро да јаде, да јаде патлиџани од дома и леб и мајонез. Не знам, може Солун е наш, па затоа е село во споредба со Охрид, везе неам.
Види знам колкава е Грција, замисли , а Солун не беше воопшто спомнат во приказната нити спореден со Охрид, а затоа кој град чиј е може некој подобро знае од мене, во тоа воопшто не навлегувам. И поентата на муабетот не беа патиџаните и пиперките, туку нешто сосема друго.
Не знаеше кој град е споменат, па реши да е село од Грција. Санторини има прекрасна архитектура, прекрасни места за посетување и има море кое не знам колку е помладо од Охридско езеро, а богами во Охрид има продавнички во кои може да купиш по едно евро. Нон сенс е да не ми го сфатиш постот дека јас всушност кажав дека Охрид е многу поевтин и повеќе се исплати да одиш таму, ама битно контра напиша нешто. Споредив цени каде Охрид е поевтин од Грција, па и од Скопје. Не кажав градови и села, иако и охридските села се скапи. Ако прочиташ уште еднаш ќе видиш дека никаде не реков дека е подобро во Грција, ама битно ти прачката ја запали ПС Платив и јас 7 евра кафе во Венеција и 3 евра во Париз, а богами и во Берлин, ама секаде се исплатеше. А тек па Париз какви цркви има... И нормално кафето скоро исто ко твоето на Плаошник. И си купив обетки од едно евро во Барселона, селани едни.
@Cka Девојче нити те цитирав, нити ти реплицирав, нити па ти го прочитав претходниот пост, а ова со прачката ми е повеќе од смешно. Мило ми е што си толку шетана и да продолжиш да си шеташ, а јас дали знам или не знам што да пишам ич да не се сеќираш, прескокни не читај и не мора веднаш да се истрчаш да пишуваш за нешто што не си го разбрала.
А, извини, јас мислев дека кога некој ти пишува под твојот пост со реакција на напишаното, дека всушност на тебе мислел, а всушност не те ни читал тој! Така си измислил од некаде Посмеј се на прачката, јас досеа се смеев дека не си ми разбрала пост, па после викаш дека не само што не си го разбрала, туку и не си го прочитала а си коментирала во врска со него. А вториот пост за што беше, за мене или за некој од Зелениково? Оти и таму не си ме цитирала, може си мислела на некој друг. Ах полноќни смеења Иначе, не се грижи, ако некој друг ме прочита, за разлика од тебе ќе ме сфати. Мислам дека сум доволно јасна Се гледаме по охридските села!
А постот прв не ми беше за Охрид Нели? Не пишуев за пред недела дена во Охрид? Хм... Во Охрид сум скоро секоја година. Јас прво мојата земја ја прошетав, и уште ја шетам. Затоа знам дека не се само села низ светот и дека Охрид не е единствен град во светов. А ти посакувам и ти да имаш меден месец на Санторини, може ќе видиш и друга архитектура, поинаква од охридската.
Драга мојот меден месец одамна заврши и беше нa многу поубаво место од Санторини. Таму никогаш не би одела зашто едноставно не ми се допаѓа(мене лично). А оние кои шетаат по светот не го прават тоа за да се фалат по форуми и не знам што зошто толку се нервираш што местата на кои 90% од нас одат на одмор во Грција ги нареков села?! Не ми е навистина јасно зошто толку те погоди мојот пост кој пак ќе ти повторам немаше никаква вркса со тебе туку општо со споредбите на Охрид и Грција за кои има многу постови на темава. И мојот муабет беше дека Охрид нуди сосема поинаков туризам од споменатите места во Грција. За тоа кај се сум била и што сум видела немам намера да пишувам. И искрено криво ми е што успеа да ме испровоцираш и да дискутирам на начин кој не ми е својствен. Секое добро
Јас мислам дека не знаеме да го цениме она што го имаме. Го потценуваме Охрид, во споредба со Грција единствено поради цените. Па и да е поскапо, прекрасно туристичко место е, со прекрасни градби, цркви и убави места за шетање. Е сега, типичен муабет: „Зошто да давам толку пари во Охрид, кога со истите ќе одам во Грција и во море ќе уживам...“. Не велам дека не е убаво да одиш во Грција, ама барем и она единствено што го имаме наше, барем малце да го цениме. Не зборам за сите, ама повеќе личности имам сретнато со вакво размислување.
Многу имам сретнато со такво мислење, демек со истите пари во Грција ќе одам. Една школска ме убедуваше дека со истите пари можела во Турција да оди.
Колку е погрешно тоа дека со истите пари се одело во Грција. Смештај од 400 ден нигде не може да се најде, маркетите се со исти цени и тоа е она најважното.
А и ти тоа што ја коментираш мојата култура неповикана, доволно зборува за твојата. Па ќе глобализирам кога повеќе сум сретнала од тие таквите, отколку нормалните. Љубезни во туристичко место треба да бидат правило, не исклучок. Пак ќе речам. Реклами не правеа од арно, туку да се свеснат малку како се однесуваат кон туристите. Како и да е, Охрид е преубав град, меѓутоа треба да се работи на туристичката свест уште многу. Нека се лути кој колку сака. Освен пензионери од странство што го посетуваат во текот на годината , и 2,3 недели така повеќе народ на почеток на август другото е тмурно. Греота е таков природен потенцијал да не се искористи максимално. А и не знам што толку се пепирате кој каде оди. Секако дека нема да одам цел живот само во Охрид. Секој сака да смени и да види нешто ново. Макар тоа биле и Грчки селца.