Парно греење

Дискусија во 'Дом' започната од delvi, 6 мај 2011.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.795
    Допаѓања:
    14.482
    Пол:
    Машки
    Има на страната од ЕСМ Снабдување во делот соопштенија и известувања, последно известување каде има прекин на снабдувањето.
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.795
    Допаѓања:
    14.482
    Пол:
    Машки
    Еве и денес нема, а објавиле на веб страната дека создадени се услови за греење.

    Телефонските броеви им функционираат, така што само порака можиш да оставиш, а не со некој директно да разговараш. Идиотизам.

    Цела година парно плаќаме, за кога ќе дојди ладно време, на клима да се грееме. :@
     
  3. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.501
    Допаѓања:
    5.263
    Пол:
    Женски
    Цела година плаќаме за да молиме секој ден по тел да ни пуштат кога е ладно, лани секој ден вртев секој ден немав ќе дојдат ќе пуштат дрн два и пак исто... летово не ги ни намалија сметките како претходно вон сезона. Вчера се јавив да прашам кои се услови да го исклучам парното ми викаат ќе ви се јават од службата , уште не се јавени
    Буквално фрлени пати се тоа за парно, кога штанцаме сметки за струја
     
    На H.VAGA, Waverly Raven и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.795
    Допаѓања:
    14.482
    Пол:
    Машки
    Катастрофа.

    Се сомневам и јас дека ќе се јават во однос на тоа зошто нема парно. Читав по соц. мрежи, луѓе со дефекти чекаат со денови, немаат никаков одговор или екипа да го санира проблемот. Тоа се почнува уште во тек на летото да се санираат дефекти, а не 2 дена пред потенцијален почеток на греење.

    Инаку за сметките, кажував и претходно на темава. Порамнување, 4 месеци сметки по речиси 2000 ден, а регуларно по 1300 ден плаќавме!

    Лажови најголеми, па уште објавуваат дека има парно.
     
    Последна измена: 4 октомври 2025
    На H.VAGA, Снегулк@23 и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.501
    Допаѓања:
    5.263
    Пол:
    Женски
    Масовно исклучување па може ќе средат