1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патриотизам - Дали полека изумира?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 30 јануари 2014.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Патриотизам е поим со кој се означува позитивно чувство и поддржувачки став спрема „татковината“ (латински: patria) од страна на поединци или групи. „Татковината“ (или домовина, родбина) може да биде една област или град, но патриотизмот вообичаено се однесува на народ или нација или држава.

    Патриотизмот има етичка конотација: кажува дека татковината (било како и да се дефинира тој поим) е морален стандард или самиот е морална вредност. Патриотизмот исто така кажува дека поединецот треба да ги стави интересите на нацијата пред личните интереси или интересите на одредена група или партија. За време на војна, жртвата може да прерасне и до пожртвување на сопствениот живот. Смрт во битка за татковината е коренит тип на краен патриотизам.

    Еве што има Вики да каже за патриотизмот. А што имате да кажете вие? Дали се патриоти, дали ја чувствувате љубовта кон својата татковина?
    Во последно време може да се каже дека патриотизмот полека исчезнува, сите гледаат да си ја скројат својата иднина како што е најдобро, по можност што подалеку од својата татковина.
    Или можеби патриотизмот е чувство кое е вродено и никогаш нема да исчезне?
     
    На Писана му/ѝ се допаѓа ова.
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Патриотизмот полека почнува да умира оној момент кога ќе видиш дека твојата родена држава нема повеќе што да ти понуди.
    Има многу луѓе кои што живеат на работ на општеството, преживуваат од ден за ден, немаат ни за јадење, и логично е тука да се јавува револт кн сопствената држава и народ, впрочем многу од нас и немаат време да размислуваат за патриотизмот затоа што останатите животни проблеми ни го преусмеруваат вниманието на друга страна.
    жално е тоа што исклучиво политиката го убива патриотизмот во луѓето.
    Но, сепак кај сите нас си постои таа некоја љубов спрема сопствената држава и поддржување на истата, мислам дека тоа му е во крвта на секој човек, колку и да плука по тој народ сепак на крај нешто го влече кон сопствената држава и да си го поддржува својот народ.
    Мене ми е ок да не си патриот, само многу ме иритираат оние што се трескаат како горди македонци кога ќе победиме во ракомет пример а се први на темата за бугарски пасоши.
     
    На Писана, 4rever.unique, AnaKarenina и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.095
    Пол:
    Женски
    Е,да си ми жива Манја666 , убаво кажано. Политиката го убива патриотизмот во луѓето,како прво политичарите ја отежнуваат состојбата во државата карајќи се меѓу себе како мали деца,врска нема од тоа што го кажуваат,едно кажи-друго стори, па после од нас очекуваат поддршка. Мислам дека политичариве повеќе се однесуваат како тинејџери,туку прикарувај се за глупости. Јас ја почитувам и сакам мојата држава, но свесна сум дека нема добри услови за живот овде,нема доволно пари,сиромашни луѓе има еден куп,се е тоа последица на политикава,барем јас така мислам.
     
    На lana.del-rey и manja666 им се допаѓа ова.
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Патриотизам?????!~!!!!!!

    ЕНЕ ГО НА ПЛОШТАД ВО СКОПЈЕ, ПРЕОБЛЕЧЕН ВО БАРОК ....
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    А, дали сте се запрашале што вие сте направиле за државата?
    Зошто барате државата нешто да ви понуди за да бидете патриоти т.е да ја сакате?
    Зарем не е тоа како љубов на спонзоруша за се очекува матрејална корист.
    Јас ја сакам државата затоа што ми е таа единствено место каде што се чувствувам дома, а не затоа што очекувам нешто да ми даде за да ја сакам.
    Швајцарија или Америка можат да ми дадат се, но таму никогаш нема да се чувствувам дома, тој народ никогаш нема да ми биде близок.
    Татковината е исто како мајката, зарем секогаш очекувате мајка ви нешто да ви понуди за да ја сакате?
    Зартем ако некоја жена ви понуди повеќе пари и луксуз можете да ја сметате за мајка?
    Точно е дека има луге бирократи кои знаат да ме изнервираат по некогаш, но никогаш неможам да кажам дека не ја сакам државата затоа што не ми чини некој бирократ, партија или било што.
    Љубовта кон државата е без условна како кон мајката, детето....
    Ако очекуваш нешто за возврат тогаш ти не си патриот туку матрејалист, односно човек кој има единствена љубов кон парите.
     
    На Tanjamm, okcenzi, Little-Mk и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со претходното мислење.
    Патритизмот не значи задоволство/незадоволство од владеењето на одредена група која е на власт. Патриотизмот значи љубов кон татковината, чувство на припадност кон парчето земја на која си се родил и на која си израснал, местото за кое е врзан поголемиот дел од твојот живот и место каде живеат луѓето што ги сакаш.
    Татковината никогаш не може да се замени со друга, секогаш останува истата. Можеме само да го смениме тлото над кое ќе живееме и работиме, но емотивно ќе бидеме поврзани само со едно парче од оваа Земја.
    Уште од старт имате погрешен пристап кон терминот патриотизмот и многу погрешно е што и овој поим се гледа само од аспект на партиска определеност/неопределеност и владеењето на една или група партии. Политиката не го раѓа патриотизмот туку истиот се раѓа со нашето раѓање.
    Патриотизмот нема врска со вмро, сдсм, лдп итн...туку има врска со љубовта и борбата за својата земја, зачувувањето на своите вредности.
    А ние сме далеку од патриоти. Ние не знаеме сложно да излеземе на еден обичен протест за прашања кои се од суштинско значење за државата и нашиот идентитет туку и за протести се делиме партиски. Никогаш не сме сложни затоа полека ни ја крадат државата а со тоа и нашиот патриотизам умира.
    Никој не ни е крив што државата во која сме се родиле има водачи кои не ни се допаѓаат но и не можеме да се жалиме дека се нешто не ни се допаѓа, тука треба да настапиме и ние и да се избориме за нашите права и за правата на нашата држава.
    Ама изгледа на сите ни е подобро да си седиме во топлите домови, да не се замараме со политика, да не се гужваме во толпи народ за да протестираме, да си пиеме кафенце со пријателите, а државата? ма баш не заболе, има кој да мисли за тоа, нели? И после цацко ни е крив.
    Не дека е тоа најправилниот избор, ама кога ние како народ ќе се побуниме против власт како на пример украинците сега? Одговор-никогаш.
    Не знам дали сме ние толку прост народ што дозволуваме политиката да ни го сврти умот и да не подели на омразени групи, кои исто како и водачите забораваат на патриотизмот или е нешто друго во прашање.
     
    На Писана, okcenzi, Pirana и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    За жал,тоа најдлабокото чувство што го поседуваме кон духовните,културните,историските и други такви моменти кон милата ни татковина,изумира.И те како изумира.
    На раб на егзистенција сме.Преживуваме,не живееме.
    Како резултат на лоши политички и економски приоритети,се чувствуваме како да сме под човечкото достоинство,во однос на други,според нас супериорни земји.
    Сметам дека изумирањето на патриотизмот е поради сиромаштијата.
    Сите порадите трката за правење пари,го изгубија национализмот во себе.
    Но,патриотизмот не смее да зависи од моментална политичка гарнитура.Ако зависи,значи тоа е лицемерие. ;)
     
  8. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Па ако имаш полн џеб пари лесно е да бидеш патриот и да веруваш во бога. Вербата во бога и љубовта кон сопствената земја се познава кога ти е тешко кога си ставен на искушенија, да си ја продадеш и кожата и душата само за да живееш поубаво.
    Јас ја делам истата судбина со останатите, и јас едвај крпам крај со крај, и јас неможам да си приуштам многу работи, но ми е убаво на душичкава кога наутро ќе се разбудам и ќе го вдишам овој наш загаден воздух. Да, загаден е но има во него нешто што ми ја исполнува душава со топлина и радост. Ниту едно сонце на светот неможе да ти ја стопли душата како нашето. Ниту на еден јазик на светот неможе да се искаже љубовта поубаво отколку кога некому ќе кажеш или некој ќе ти каже ТЕ САКАМ. Се лажете ако од овде ви изгледа дека некаде таму е многу поубаво.
    Зошто тоа убаво го повзувате со парите та нели е љубовта бесценета?
    Не разбирам како може некој да каже зошто да ја сакам земјава што таа ми понудила? А неможат да одговорат и да наведат еден пример што тие направиле за оваа земја.
    Некои изразија сомнеж дека еден ден оваа земја ќе ја снема?
    Не драги мои, оваа земја постоела и ќе постои без оглед какви идиоти ќе ја газат и никогаш нема да исчезне патриотизмот, секогаш ќе постојат луге кои ќе си го сакаат ова парче земја, и луге кои ќе бидат спремни се да направат за оваа земја. И на крајот ќе постојат луге како мене кои се среќни што се родиле и живеат баш туку, баш на ова парче земја. Не сме богати како Шајцарците, не сме технолошји развиени како Јапонците, немаме воено наоружување како Американците, но имаме срце поголемо од сите овие 3 народи зедно.
    На крајот на краиштата не секогаш победува посилнио, туку победува оној кој верува во она што го брани и оној кој она што го брани му е се на светот и единствена опција.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    За ти да имаш нешто да и дадеш на својата земја и да придонесеш со нешто прво треба таа да ти ги пружи основните работи. Ако немаш пари за да се школуваш како ќе вратиш нешто назад?
    Ајде еве нема некој ништо, едвај скрпува крај со крај, ќе мисли ли тој човек за земјата или за своето семејство?
    Сите мои познаници, пријатели, роднини, гледаат да си најдат чаре надвор од тука. Значи патриотизам слабо. Зашто мене би ми било гајле за земјата ако таа не ми дава можност за свој покрив над главата? Значи почнувам со најосновни работи, не ни зборувам за повеќе од тоа.
    Па тие што се заложиле за својата земја со своите животи не добиле ништо назад, освен болести.
    Е затоа нема патриотизам веќе, затоа со секој, или секој втор што ќе направиш муабет на улица слушаш само кукање, или како поднесол за бугарски пасош, или имал роднини негде во странство и едвај чека да се куртули од тука.
    Треба и земјата да ти пружи малку љубов за да имаш со што да и вратиш.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Па секој би избегал од својата држава ако таа не овозможува никакви услови за човек да егзистира во сопствената држава.Никој не би гледал патриотизам, ако нема што да јаде, облече и сл.Не ќе се лажеме сега, дека наводно државава се прави за својот народ, од што се прави, луѓе не можат да преживеат, не можат сметки да платат, не земаат редовно плата, оние кои се вработени, а згора на тоа за државата работат, луѓе кои не се патриоти.На начин што наместо на својот народ да му помогнат, одмагаат, а со таков начин на работа, никаде не стасува државава.А , нема тука никаква врска, сега ако бараме драстична разлика во немаштија, од бездомник пример до некој што едвај поминува од месец, за месец...

    Апстракција е патриотизамот во нашава држава, убаво рече една членка во една тема.
    А да, не е човек материјалист, зарем материјалист е секој оној кој сака да живее како што треба?
    А да, и плус ниту тие што ја водат државата, ништо не прават за неа, само за себе си.
    Ене ги нашине во Австралија, па и Италија, каде има доста Македонци, ако им било убаво, што не останале во својата држава да живеат? На страна, оние кои се родени таму.Зборам за наши, кои заминале, а не се вратиле, ни на крај памет не ја ставаат својата држава.Зошто? Па ако тие би останале тука и би биле патриоти, додека цело време црвсто се држат за патриотизмот, нивниот живот, ќе им летне, ќе немаат како да преживеат, па и згора на тоа, должни може ќе и бидат на државата, чиј долг ни нос ќе им го извадат и ќе немаат како да го вратат.

    А како што реков некогаш, човек финансиски обезбеден, може да рече, дека чини државава.Веќе и Обама, знае дека нема патриотизам во државава.
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Јас ја сакам Македонија со целото срце. Не затоа што ми пружила нешто, туку затоа што е моја.

    Не знам кога ќе се ослободиме од размислувањето дека државата треба да ни пружи се. Државата ни пружила мирен живот и бесплатно образование, а останатото е наша обврска. За нашиот живот се работи и ние треба да бараме начин за егзистенција.

    И политиката и економијата се такви какви што се, затоа што ние сме дозволиле. Убаво пиша Абеја, да не ја повторувам, тоа е тоа.
     
    На Писана, Elissa, Pirana и 2 други им се допаѓа ова.
  12. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Луѓе треба да ви е јасно како ден. Патриотизмот (беше) изумре(н), што мислите зошто е овој проект Скопје 2014? Па нормално да се дигне малку утепаниот и заспаниот Македонец и да се почувствува горд. Да се направи реинкарнација и разбудување на патриотизмот. И самата Мирка Велиновска во една емисија кај бурекџијата Јанко си призна дека во кризни времиња кога народот гладува, кога владее беда и сиромаштија единствен спас е надежта и вртењето кон минатото кога сме биле победници и целиот свет бил горд на нас. А бре деца за се ли да ви отварам очи. :lol: Башка што проектот Скопје 2014 е за испумпување народни пари, меѓу другото и ова е целта. Го имаме Аце наш со челични му*а јавнат на својот Букефал, нормално дека ќе бидеме патриоти со ваков споменик. :)

    Што се однесува до пари и работа, доста кењате више изумре социјализмот пошто беше неодржлив систем, не може еден да работи, 10 души да зимаат плата. Време на капитализам е ако те бива ќе успееш па што сака не е, ако си мутав остани на улица и цркни за леб. Сурово е ама така е. Ако во Македонија не можеш заради корумпираност и партизираност, таму некаде по светот со сигурност ве чека работа и живот како од бајките. Е ова е лошо за државата што не се грижи за луѓето што се одлеваат од неа, ама може да биде и смислена работа. Паметните луѓе да се отселуваат од државава, глупите да останат тука и полесно да се владее со овчичките и полесно да помине промена на име и се останато. Меѓу другото и добро е што се случи проектот Скопје 2014 и ова будење на патриотизмот затоа што повеќе не може да ни доаѓа некој клошар од Брисел и да ни кажува кои сме ние и да не прашува ако сме наследници на Александар Македонски, кај ни е тогаш културата и спомениците од тоа време. Тооооо одлична победа извојувана над тие бирократски европски педерски говеда.
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Патриотизам - вид дрога со ограничувачко-затупувачко дејство врз свеста на народите ширум светот со цел да не забележат дека се манипулирани и искористувани од оние кои го сервираат патриотизмот како да е тоа нешто добро. Додека не одумре патриотизмот во планетарни рамки, нема да има мир и среќа.

    Не сум за патриотизам, сум за планетаризам - или веќе незнам како може тоа да се нарече: љубов кон планетата Земја и природата, љубов и рамноправност меѓу сите раси и народи обединети во еден Дух, Духот на Светлината, Мирот и Хармонијата.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Колку и да сакаш да бидеш свој на своето,упорно те оттргнуваат од определбите.
    Системот не одвраќа од намерата и можноста да успееме каде што треба.
     
  15. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Прво, кога ќе слушнам човек како плука по нешто свое, својата држава, својот дом, или член од неговото семејство, косата ми се крева!!! Па видете ги шиптарите, дали сте слушнале шиптар да каже нешто против свој народ или држава? Е, ни јас не сум ги слушнала. Затоа, ако до пред некое време беа јадни и затуцани, сега се светлосни години пред нас на секое поле, затоа што се држат заедно како гниди и си ја сакаат земјата. Се извинувам ако некој се почувствува навреден од моите зборови.
    Проблемите се решаваат во внатрешните кругови, а не се лае еден против друг пред очите на јавноста.

    Очигледно е дека профитот го победи патриотизамот.
    Сите лажни патриоти кои се кријат како глувчиња во дупките, се вадат на карта која јас ја нарекувам „СДСМ„.
    Еве, нели во вас се губи патриотизамот и љубовта кон татковината кога таа нема што да ви даде и овозможи добар живот, па утре кога ќе дојде „ес де ес„ на власт, одеднаш, ќе никнат патриотчиња како кокичиња на пролет во државава ни Македонија, а и пошироко, сите ластовички што се во странство ќе се вратат на Југ, зашто нАли, сега има подобри услови за живот?!?!
    Дали доколку имавте подобри услови за живот, би биле патриоти? Или за да бидете патриоти, барате нешто за возврат? Значи, вашата љубов има цена. Вашиот патриотизам има услови.
    Не, тоа НЕ Е ПАТРИОТИЗАМ, тоа е МАТЕРИЈАЛИЗАМ.
    Не знам зошто луѓето (читај Македонците) премногу често ги мешаат овие два поима. Вадењето на Бугарски пасош, и напуштањето на Македонија не е мерило за патриотизам!
    Да се надоврзам, како што вие ставивте цена на вашиот патриотизам, по некоја глупава коинциденција,
    има цена која патриотите треба да ја платат за вие да имате поубав живот и да воскресне вашата „љубов„ кон државата. Конкретен пример, спорот со името. Дали треба да си го смениме името, погазиме идентитетот, да си го продадеме газот, за да влеземе во ЕУ и ете, имаме подобар и европски живот? Дали тогаш ќе се роди вашата љубов према државата?
    Или откако ќе сфатиме што сме изгубиле, и за колку малку сме се продале, па ќе си ја бараме сегашната Македонија... И тука повторно, ќе почнеме да се плукаме меѓусебно и да лаеме наоколу...

    Не, што и да се случи, што и да му дадеш на човек за да има подобар живот, дел од нив нема да бидат никогаш задоволни и ќе бараат оправдувања, а останатите си ја покажаа цената за нивната љубов.

    Јас имам неколку пасоши, но бугарски немам. Далеку сум од Македонија, но сум тежок патриот. Си ја љубам својата земја, не затоа што е најубава или најдобра, туку затоа што е моја! А моето е секогаш најубаво и најдобро за мене. Поминаа години откако излегов од Македонија, но Македонија никогаш нема да излезе од мене! И никогаш, ама буквално никогаш нема да си дозволам да кажам лош збор за својот народ и својата земја. Никогаш нема да преќутам доколку некој во мое присуство го негира мојот идентитет и мојата нација.

    Се извинувам доколку некој се почувствува навреден од моето мислење, не ми е таа целта. Не зборувам и не реплицирам конкретно на некоја од членките над мене, но можеби некоја ќе се пронајде во моите зборови. Едноставно, морав да се испразнам...
    Премногу болна тема за мене, признавам, можеби сум заслепена од егоизам, нацизам и патриотизам, но таква сум.
     
    На okcenzi, Elissa и Abeja им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    ^Дали доколку детето ти плаче дома и немаш леб да му дадеш да јаде ќе си викаш во себе ах, барем сме во нашава земја која ја љубиме, дали тогаш ќе ти цвета овој патриотизам?
    Ах, ништо, небитно, не прочитав дека ја сакаш Македонија од далеку, моја грешка.
     
    На Sky-butterfly и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Не би се осудила да гледам дете, доколку не сум поприлично сигурна дека можам да го издржувам. Но, човек никогаш не може да биде 100% сигурен, па доколку дојде денот кога нема да можам да му обезбедам леб на моето дете, би си рекла во себе, ах, колку сум неспособна! Од земјата во Македонија не никнуваат пари, мислам дека повторно го мешаме материјалното со патриотизамот. И не е мерило местото на живеење за патриотизам.
     
    На Abeja и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Ма кааков патриотизам бе, државава си ја сакам, една недела не можам да издржам надвор од неа, ама со овој живот кои ни го пружат оние говедата кои владеат со неа едвај чекам да си заминам од тука.. па подобро ми е да имам што да јадам, да не мислам на пари и да не ги гледам родителите загрижени како скрпуваат од месец за месец, отколку да се тупам во гради колку ја сакам македонија.
    И кога ќе ми текне зошто толку млади животи згаснале за оваа земја и за овој народ? за некои мајмуни како, ај да не набројувам сеа си знаете)да се богатат на сметка на нашите мизерни животи?Утре со што јас ќе барам работа, џабе што ќе учам факултет и ќе си ја тупам главата кога работа нема, и коа ќе видеш пак ќе дојдам да работам за бедни 100 евра дадени ко да не ги заслужуваш дури.Со кои пари ќе градам иднина за своите деца, со 10000? Како ќе се истакнат луѓево во земјава коа сме 100 светлосни години назад, ниту спорт функционира, ниту уметност, ниту образование, ниту здравство , ништо, ништо, тотална нула сме во се, и кој ни е крив за тоа, Грција можда, аха да секако. :swear: :fubar:
    Не фала, не би да останам тука па колку и да ја сакам земјава . :emo: :x
     
    На BayernKa и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Многу си ја сакам Македонија, тежок патриот сум. Патриотизмот не значи полни џебови пари. Парите се ствараат со работа, трчање а не со седење дома и кукање. Кој сака да спечали повеќе не му е скратена можноста да излезе од Мк да оди да си заработи нешто повеќе. Меѓутоа јас каде и да одам секаде ќе ми недостига МК и ќе сакам да се вратам.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.642
    Пол:
    Женски
    Не сум патриот.Во никој случај.Ајде прво ке почнам со спомениците.Како може со тоа да се изживне државата,посебно Скопје?Ако сакаат да биде туристичко активно-неможе.Веќе се ова е видено.Нека направат нешто ново,нешто креативно и убаво па да видат колку ке врие од постевуања.Не ни изгледа убаво,ни привлекува туристи овој ланец од споменици.Второ,нема да навлегувам многу во политички води ама го претераа веќе ова.Полоша војна и од времето на Александар Македонски е.Вмро-Сдсм,Вмро-Сдсм...Само тоа е се слуша по вестите,по весниците само тоа пишува,ако сакаш да направиш муабет со некого-тоа ке е темата.Место да читаме „Македонија уште еден чекор поблиску до ЕУ...“,„Народот во Македонија задоволен...“ ние се читаме каде се бунат дал против ВМРО дал против СДСМ дека е голема невработеност,со немање пари и неписменост и со сето тоа се што има е гладување,мачење.Можат само бензинот да го покачуваат,место да ги зголемуваат задоволствата на народот,тие само цените можат да ги зголемат.Ем не вработуваат-ем тражат повеќе пари.Од каде?Туку ајде доста со политикава,претерав.Ајде да видиме други карактеристики.Еве например чистотата,природата...сегде ѓубре.Сега за тоа народов е крив ама не целосно.Сегде ѓубре,нигде чисто.Здравството,полицијата...ужас.Во болниците од сегде промаја,само што не се срушиле.Не е ништо чисто,не се води ред за пациентите.Само со мито/врски можеш добро да завршиш таму.Кај полицијата исто.Толкава незаинтересираност,неправедност.Да не зборувам за судот каде што е бетер.Ништо веќе не е праведно.Се себично.Нашиов народ нема понашање,нема култура.Не се почитува никој обичај,ништо.За водици за да се добие телевизор се скокаше по крст.А во другиве држави ојте да видите како е,како строго се водат затврои,полиција,можеби немаат чисти болници,ама имаат одговорни доктори.Образовните објекти ни се исто така 0,додека во другите поразвиени држави доста битно е да бидат чисти училишта.Во други држави има закони кои се почитуваат бидејќи се знае казната доколку не се почитува.Има ред и мир!А во Македонијава нема иднина,верувајте.И сега ај кажете ми да си ја сакам државата-зошто?Бидејќи е моја?Што ке ако е моја кога ништо убаво неможе да се види во неа!
    И има уште многу работи што не ги кажав.По градовите нема занимации ни за младите,ни за постарите,да се доведе некој,за добар концерт,да се отвараат некои убави дискотеки,она,ова.Нема ништо,пусто е.Не е до тоа што сме мала држава и неможеме да се пробиеме,не е причината што сме мали.Можеме многу,ама ајде кој ке сака,кој ке се нафати? За нигде...