1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патување со воз - Скопје-Белград

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Miro91, 19 февруари 2019.

  1. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    54
    Здраво драги Феминци!

    Сакам да прашам, дали некој во последно време патувал со воз од Скопје за Белград? Посебно ме интересира дали се користат новите возови од Кина и дали се изградени сите траси со шини - од Скопје до Табановце и од Прешево за Белград (знам дека кај Грделица се градат нови делници ама тоа мислам се однесува само на автопат)?

    Студирам во Белград и голема мака ми е да патувам со автобус. Во 11 ипол навечер тргнува и сабајле стигнува во 6 саат во Белград. Од 8 саат ми отвара факултетот, а во 12 саат обично полагам. И после тоа чекам дури до 5 ипол додека да тргне автобусот за Скопје и стигнувам во 11 саат навечер. Чекањето е тоа што најмногу ме убива и уморува. Возот од Скопје за Белград тргнува секој ден во исто време, во 11 саат навечер, а стигнува во 8 саат сабајле во Белград. Попладне тргнува во 2 саат од Белград и стигнува во 9 саат навечер во Скопје, што мене многу повеќе ми одговара временски, бидејќи не се чека премногу измеѓу.

    Фала ви на сите за информации! :)

    Патем, дали може некој да ми каже зошто многу ретко се користат возовите? Да, знам дека шините не ни се најдобри ама мислам дека поубаво се патува со воз, башка што се има поголем комфор и поголем простор, а и билетите се мислам скоро исти ако не и поевтини од автобуските.
     
    Последна измена: 19 февруари 2019
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Пред 6 месеци имаше воз што сообраќаше на релација Белград-Скопје-Солун за кој најавија од надлежното министерство дека ќе го укинат со промена на возниот ред. Возот беше стар, со купе и кола за спиење. Новите, кинески возови сообраќаат на релација Скопје- Битола, Скопје-Велес и Скопје-Гевгелија.
    За сигурни информации прашај во Инфо службата на железничката станица во Скопје за бараната линија.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @Miro91 колку што знам возот Солун-Скопје-Белград е укинат.
    А од друга страна, и со времето кое му требаше да стигне, староста на локомотивите, и општите услови, воопшто не ти се исплати да патуваш со воз до Белград. И тоа ти го кажува човек што цел ден би патувала во воз. Јас секогаш одам до Белград со автобус, после си го продолжувам патувањето со воз.
    Со автобус се стига 6-8 часа, во зависност од линијата. Возот регуларно патуваше 10, последен пат над два часа каснеше, значи над 12 часа до Белград, што е многу многу е.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  4. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.914
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Неколку години не сум патувала, но не верувам дека се променило многу. Порано често патував со тој воз до Ниш. Иако повеќе го сакам патувањето со воз отколку со автобус, доколку треба да стигнеш некаде на време, дефинитивно возот не е избор. Овие возови каснеа и по неколки саати. Низ Србија ми се има случувано да застанува во секое селце.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    54
    Жално е што се запусти железничкиот сообраќај. На запад претежно се патува со воз. Ние не дека немаме услови, туку не се води грижа за одржување. Се прашувам дали почнаа новите возови да се користат и на меѓународни релации Скопје-Солун, Скопје-Белград? Срамно е токму за меѓународен сообраќај да се возат старите никакви возови. Мене едино ме мачи чекањето. Стигнувам во 6 сабајле во ниедно време. До 8 маки мачам да не заспијам во кафич на автобуска оти цела ноќ во автобус не можам да спијам или малку дремнувам саат два. После од 8 9 оди некако. И после пак од пладне чекај до 5. Барем порано да тргнуваа накај 2 3, за да не се чека толку. Стварно претерано е глупо направно со возниот ред.
     
    Последна измена: 21 февруари 2019
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Новите возови не сообраќаат и нема да сообраќаат во скоро време на меѓународна линија.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Јас лани патував до Белград со воз цела вечер и се стига од прилика за 9 часа. Најверојатно со српски воз се иде. Покомфорно каде каде е од автобус. Можеш да се испружиш, ќе си фатиш свое купе, ќе си одмориш фино лепо, преспиеш и сабајле одморен ќе си стигнеш. А со автобус таа комоција ја немаш. Инаку со воз е и побезбедно. Е сега незнам во кои термин се возовите треба да си прашаш на железничка. Штета голема е што кај нас овој транспорт полека полека згаснува. Во Србија сите станици функционираат, имаат шефови на станици и женски млади вработени , во секое село има вработени, кондуктерите пристојно облечени, културни, услужливи. Кај нас од гнаса да не ги гледаш поарно. Сите станици ги затворија и сл. Запустено. Може сега до Солун на кафе ќе идеме ако биде нешто во оваа држава.
     
    На Miro91 и Animali им се допаѓа ова.
  8. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Дааа, баш тоа :rofl:
     
    На John Snow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Патувањето со воз од Скопје до Белград ми беше едно од најужасните искуства во животов. Цели 11 часа патување. :smoke:
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
  11. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    54
    Се прашувам дали се користат веќе или ќе се користат новите возови? Или тие се само наменети за национален сообраќај, сега за сега?

    Фала ти за твоето убаво искуство :) Не знаев дека е побезбедно. Се плашев оти шините се прилично стари...ама добро. Само малку е старомодно да се патува во старите возови. Се надевам ќе почнат новите да сообраќаат.
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Старите ти се поудобни и пошироки.
    Види, возот трга во 22:20, јас еднаш во 10:15 имав друг воз од Белград. На железничка бев стигната со автобус, и карти купено, и доручкувано, и кафе пиев. Кога ми се паркира другиот воз за тргнување - стигна тој од МК. каснеше над 2 часа, скоро 12 часа пат.
    Со автобус се стига за 6.
     
  13. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    54
    Па и новите се поудобни од автобусите, седиштата се пошироки, имаш простор за нозете, масичка, утикач за мобилен или лаптоп (многу важно)...и сигурно имаат Wifi. Штета само што старите немаат ни утикач ни Wifi :D
    Мене ми е најважно да немам многу чекања, оти во Белград патувам секој втор месец за полагања и обично со автобус стигнувам во 6 сабајле, ненаспан...до 8 9 едвај издржувам уз кафе да не заспијам додека чекам да се отвори Факсот, после полагање околу 1 2 треба да чекам до 5 ипол додека тргне автобус за Скопје, и тука се мачам да не заспијам пак. И во 11 сум тука во Скопје. Чекањето ме убива значи, покрај тоа што во автобус не можам никако да спијам, едино да дремнам саат два и толку.
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Имаш автобус во 2 што трга, а стигнува во 8.
    Околу 8 би требало да стигне и возот, ама што ќе правиш ако не стигне до 10:30? Ќе испуштиш полагање?
     
  15. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    54
    Како што видов на возниот ред ми одговара само оној во 22:30 навечер и стигнува околу 8 сабајле. И да задоцни 1 саат не е страшно (ама да не доцни повеќе од тоа). Туку, дали има некој некаква информација дали ќе се пуштат и новите возови? Или можеби се преседува од Табановце во друг воз од Србија, што е сигурно еден од поновите? Оти линијата за Белград вели Скопје-Табановце (Белград), што значи дека можеби се преседува.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не се преседува, Табановце ти е граничниот премин. Често касни повеќе од еден саат.
    Нешто слабо разбирањето, а?
     
  17. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    54
    Знам дека е граничен премин, туку според мене погрешно го напишале во возниот ред. Треба тогаш да биде Скопје-Белград. Се разбира дека се преминува граница. И за линијата Скопје-Солун тогаш би требало да стои Скопје-Богородица (Солун), а не е така. Можеби сметаат дека нема граница. :D
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не знаеш како функционира железничкиот сообраќај. Возот е до Табановце во македонска надлежност. Значи ова е воз Скопје-Табановце. Натаму поминува во Србија, кај што влегуваат српски кондуктери и го превземаат возот. Не е ништо конфузно напишано, само многу сакаме да филозофираме.
     
  19. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Значи ич неверувам, доколку збориш за новите кинески возови, дека некогаш ќе возат до Белград зошто колку што имам слушано постојано се во дефект, едвај се искачуваат до Табановце, имам слушнато дека и до таму некогаш неможеле да стигнат. Постојано се расипуваат, а и почнале премногу да тропаат. Така да ништо со новите едвај се користат тука. Старите се многу поквалитетни и поиздржливи.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    54
    Леле, значи не е се квалитетно што е ново.