И мене ме почастија со концерт продавачките. Кога и да влезам ечи некое сељандурско радио и они сите можни песни ги знаат на памет и се довикуваат од еден до друг крај, уз пеење. А за невоспитани ич не почнувам, исто сите домашни муабети можеш да им ги чуеш, се што сте пишале имам дочекано, значи сегде се арогантни и нељубезни. Баш ми е гајле ако е лоу баџет продавница, не значи ако се маиците 200 и нема фин ентериер со освежувач дека треба и услугата да е на чкарт ниво.
има ли уште од кратките панталончиња со висок струк..гледам 2 3 од вас пишале дека си купиле такви..ај ве молам кажете ми од која продавница ги земавте се утепав од барање низ скопјево
Јас бев,и сум се погодила баш утредента откако донеле роба.Претежно се блузи,но мене лично многуу ми се свиѓаа..Бев и во Пренди,таму многу ми смреа пресоблекувалните,а и нема голем избор..
Кај нас во КУманово има донесено блузи на долги ракави ама мене не ми прават кеф зашто се обични бели без никаква апликација на нив имаше и некои сакоа памучни во разни бои 250 денари а останатото е сеуште летна гардероба
значи завчера бев во певекс во охрид, и многу пријатно се изненадив иако имаше тони лоша облека, ако имаш време да разгледаш закачалка по закачалка можеш одличен шопинг да истераш јас купив 2 мали маички зара за брат ми, по долги ракавчиња, 200 денари, потоа тимберленд маичка за дечкото исто 200 денари, фустанче њу лук за мене и 2 маички едната есприт и едната топ шоп, значи за 1200 денари, т.е. 20 евра купив тон работи, сите марка тоа во грција на најголемите попусти не можеш да го начекаш
Јас се изненадив во охрид од продавачките значи сите седнати едната јади другата пие кафе третата кажува нешто како си поминала ко била излезена значи стварно ужасно. па не велат ни повелете не се трудат да станат да ти помогнат велат побарајси сигурно ќе најдеш и кога излегував стварно се зачудив едната почна да игра да скока им покажуваше на другите колешки нешто. страшно култура нулаа
Ме интересира дали во сите Pevex низ градовите носат иста роба, во исто време? Јас тука во Струмица не сум начекала некои си ептен убави работи.... исклучок тегет сукничката со висок струк што си ја купив минатата недела А во Скопје сум била во тоа спроти зелено пазарче и мн убави маички си купив само мн гужва и премногу роба ќе се утепаш од барање
Отворија Певекс и во Битола и сум позитивно изненадена Има итнересни работи, ама треба подолго време да останиш за се' убо да видиш. Си купив две блузиња со куси по 200 денари. Сега во есенската роба се надевам дека ќе има некои џемперчиња со прифатлива цена, да си купам во повеќе бои
Бев охрид и не се ни надевав дека ке најдам нешто ама искрено пријатно се изненадив имаше многу облека и си купив само 2 маици по 200 ден ... а фустанчињата беа преубаи а беа 350 ден немав пари земено по мене многу