Денес наминав ,има убави блузички по долги ракави по 250.Изгледа видоа има промет па почнаа да дигаат цени ,блузите од 200 ги направија 250.Ама како и да е пак не е скапо.Почнале и дуќанот да го уредуваат да местат кукли во излог
Јас не се жалам од продавачките во битола, не приметив да се однесуваат нешто посебно некултурно. Баш беа фини и услужливи. Гардеробата е супер само ако знаеш да си побараш и да гледаш се. Се гледа неквалитетно и квалитетно. Јас ги скокнав тие што ми изгледаа како растегнати материјали. си купив фустанче од Бершка и маичка во окер боја. Пробав цветни пантолони, но не ми се допаднаа и не ги зедов. Сега ја чекам есенската. Битолчанки ако имате информации дали стигна нешто есенско кажувајте.
Женски да не била некоја од вас сега во брзо време во Певекс накај кисела вода што е, да не знаете дали имаат донесено нешто есенски работи?
Зад Равена, во една куќа. Кога ќе поминваш на Широк Сокак, ќе забележиш голем светлечки знак Певекс, нема утка Има стигнато есенска колекција во Битола ?
Баш денес бев во тоа кај Беко и кај УЈП, нема некој избор, значи имаше едни како палта, ама само по неколку (тоа изгледа како сако, меѓутоа материјалот не е таков, туку е некое трико или како да го наречам) и се мислам околу 400 ден. А и нема баш нешто фул роба..
Иначе Певексот во Чаир ќе го затвараат, сега да си ја допродадат робата, тоа што ќе остане го праќаат во другите Певекси, ама во овој нова роба не носат
Ке одам викендов изгледа во Бисер во Певекс, иако бев минатата недела има нови работи,ништо не купив не бев отидена со таа намера
Прееска бев во Певекс кај нас овој што е во Бисер,и си земав обична,клот црна маичка по долги ракави за 200 денари.
Само еднаш сум била во Певекс и видов има убави работи за добри цени. Засега имам купено само едно здолниште (сино и со црн ластик како каиш) за 200ден.
Имаше стварно многу убави хеланки 150-200 ден пред некое време, памучни со ликра, и подебели и потенки.. јас си купив тегет и црни.. провери сепак..