Случајно некој да бил во певекс (Струмица) и да ми каже дали се наоѓаат долги летни фустани, да не акам по горештиниве?
Ама ти и кажуваш за од од Чаир па надоле, а за од кај Бит пазар ако доаѓа? Тогаш му доаѓа пред Пренди одма на улицата од десна страна Инаку денес бев Певекс и се разочарав, го мислев како за подобро ама не било, се просечни блузи како за по дома а кога влегов во Пренди ваква останав, навистина преубава роба имаше и во Центар и во тоа во Чаир
Ама ти и кажуваш за од од Чаир па надоле, а за од кај Бит пазар ако доаѓа? Тогаш му доаѓа пред Пренди одма на улицата од десна страна Инаку денес бев Певекс и се разочарав, го мислев како за подобро ама не било, се просечни блузи како за по дома а кога влегов во Пренди ваква останав, навистина преубава роба имаше и во Центар и во тоа во Чаир quote] е да де за од чаир па надоле,а за од Бит пазар би требало да е таму негде пред пренди поточно ако имаш видено една слаткара ли што ли е одма после тоа се гледа зградата.Па шо знам и јас бев денес па си најдов маичка и фармерчиња,сепак ако побараш поубаво ке си најдеш инаку во пренди немам идено одамна здрабје ако имам време или поминувам од таму ке разгледам
Јас вчера бев во Певексот кај Топанско и неможев да се изнагледам :geek: Имаше мноогу убави работи, ама јас си купив само една маичка со реси доле, баш како што сакам, уствари мајка ми ме частеше ! Имаше и други слатки тинејџерски маички, супер за во лето. Ама имаше едно фармерки кои ми останаа у памет, нема да ги преболам! Беа бели и имаше вертикални минт линии, јас да си ги купев ќе ги кратев и ќе ги правев шорц, ама немаше мој број Ептен беа слатки, ме постеќаа на шеќерна волна Иначе, повторно би одела таму и би се изнакупувала, било кое време,било кој ден!
Одма карши мостот, спроти Базаро. Или ако знаеш Пренди и Рафаело слаткарата во Карпош 4 кај се наоѓаат, епа некои дваесетина метри после нив е. Не можеш да не ја забележиш продавничката.
Јас неколку убави работи си купив пред месец и сега кога ќе влезам ко ништо да нема убаво. Не знам нови работи кога ќе носат ама во моментов ништо не ми се допаѓа...
За прв пат бев денес. И иако не сум човек кој сака да буричка низ 100 маици за да најде нешто што му се свиѓа, за продавницава имам добро мислење. Си купив две маички. Едната 200, другата 250 И да ве прашам вие кои одите почесто. Каде има најголем избор на фармерки, мислам во која продавница. Јас бев во таа во Центар, кај Беко и фармерки не видов Или немаше или сум слепа
Само у Македонија може да се чујат лоши коментари за вакви продавници. Ок,во една Германија кога има вакви продавници и претежно се работи за облека која има кинеско потекло и лош квалитет,но народот си оди културно да си купува и си е задоволен,а за нивни стандар е песна,ние најдовме да се буниме.А рака на срце важат за многу развиена,но скроз немодерна нација,па тука некаде еден силен стереотип грже не се држе,ама у друга тема тоа. Па не знам некои луѓе што очекуваат во продавница во која може да купиш партал и за 100 денари. Тоа е тој концепт,а прво се работи за облека која била брендирана и кој знае како донесена тука,но Е брендирана. Истата да стои со етикетите и место Певекс да пишува Бершка ќе се деси масовен посврш. Што ви е гајле каква е и колку има?! Тука доаѓа у питање вашата креативност и од ништо да направите нешто,на крај краева,маички за вежбање или клот,кои во сечиј плакар се потребни,можеш да се изнакупуваш и да не фрлиш 500 денари за истата која би ја купил во ЕуроАзија. Ако нечиј стил е толку префинет не знам што не оди да пазари во Италија...Туку сакајќи да изглумат некоја големина се претвараат у некоја мањина. Имам купено маички за секој ден,за вежбање и во основни бои. Не гледам лошо во сето тоа.Си малце креативност до чудо.
Знае ли некој дали во продавницава кај Бисер има долги фустани и фармерки поголем број? Фала ви многу.
И јас сакав да прашам за долги фустани. Оние летните, тенки, памучни, секојдневни. Или немора скроз долги може и пократки али дали има? Баш сакав да наминам да видам али ако нема да не идам за џабе.
И мене ми се допага продавницава.Пред една недела си купив кошула од тие текнките како шо се носат сеа за 400 ден што било каде низ трговски таквата не е испод 1000ден.Единствено не ми се допага што се некако се големи броеви од тоа што имаат тешко да се најде нешто помало но ако имаш срека и си упорен ке најдеш.Така да немам лош збор за продавницава.
Koj има време и желба да разгледа убаво помеѓу робата што ја има (не само во Певекс туку и во други продавници од овој тип) сигурно ќе најде барем едно нешто за секојдневно носење и си вреди за сите пари.