Може бројче да ми дадеш да закажам сакам кај неа преглед, па ако ми се засвиѓа сакам да се префрлам со двете деца кај неа Башка локацијата ми е ептен погодена, ми треба да е Козле... И уште некое искуство ако има некој со неа, да каже
Зашто забега многу... никогаш не е он таму, се некои нови никнуваат што поима немаат ништо. Секоја контрола различен доктор ми гледа бебе и не се во тек, не не знаат. Претрупани се со пациенти, во термин за здраво дете (закажан), чекам во чекална со деца кои кашлаат... со месеци кашла поголемиов, се дави во шлајмови и ми вика ништо не му е, сите деца кашлале. Незнам супер беше, ама се натрупа со пациенти, а оди и на клиника... почесто во ординација се докторкине отколку он и Виктор, па таа една нова намќореста што ништо не збори... а и поима нема ништо, нема што да збори. Битно маска носи цело време Сакам да имаме една посветена докторка која ке ми ги знае децата...
Мајки, предложете добар педијатар во Аеродром? Најважно е да биде сигурен/а во дијагнозата, а не ко мојана сегашна за се нешто се двоуми и ме праќа во Козле или на Клиника. И исто да биде фин/а, пријатен/а.
@sofi2107 Олгица Николовска што беше во Плодност? Ако е истата, таа беше на пораѓај кај мене и го следеше малиот дури беше во Плодност, јас бев многу задоволна. Искусна е многу.
Да да Олгица неонаталогот и педијатарот. Од Плодност беше кратко време во City medika и сега е во Рес хумана. Презадоволна сум и ретко мислам се наоѓа таков позитивен, искусен и секогаш насмеан и спремен за разговор педијатар. Прекрасна е со деца и најмалце пола саат сме секад и синко ја обожува.
Во право си дека е зафатен нешто у последно време со идење на клиника,ама па ние ете среќа го начекуваме,па дури и за сигурно се јавувам да прашам дали е таму. А тоа за (не)почитување на термините не е до него/нив,туку до нас мајките. Со кашлањево ме насмеа...и мојов пред нецел месец се удави,полн со шлајм,ништо па ништо не му е.И навистина така излезе,со инхалации се опраи детево. Како и да е,дечкото ми е докажан дијагностичар,што мене ми е најбитно,сите останати да ги наречам фалинки ги тргам на страна. Како и да е ,ти посакувам да си најдете матичен подобар од Гого,ако постои Море најубаво ич да не ни затребаат...
Еве јас сум во Аеродром и не најдов асален педијатар овде. Уште пред пораѓај кога прашував по другаркиве кој се кај оедијатри низ Аеродром ниеден не ми се допадна од искуствата. Идам кај Олгица дури во Козле во Рес Хумана и не ја мењам за ништо Далеку е ама па за 1наш месечно па и 2-3 пати вреди патот. Ептен е стручна и искусна. Неонаталог и педијатар е. Нонстоп е по семинари и се надградува. Не дека е наш педијатар па ја велилам, немам никаква корист верувај. Ете иди па уверисе и ако не ти се допадне смени ја.
@sofi2107 дали може да се закаже приватен преглед кај неа и дали ќе може и јас да добијам број. Три педијатри сменивме и ниту еден не е посветен како на прошетка да одиме. Сакам некој саглам да ми го види бебето а не од далеку набрзина добро е се и чао пријатно.
Би било супер да е сам, тогаш не би го менувала, ама ова стана хаос. А тогаш со кашлањето сама му направив брисеви и имаше две бактерии и тоа убави бактерии, стрептокока и некоја мораксела... па си пиеше 10 дена антибиотик, препишан во Ремедика. Дај боже да не ни треба често да одиме, ама ете не го сакам тој хаос од доктори, а Паскалов е супер, уште да му е тука умот, се изгуби чоекот од работа.. клиника, ординација, оди и по дома кај болни дечиња дури. Неможам јас секоја контрола на некој да објаснувам до кај сме што сме, зашто сме дојдени, стварно сакам посветен еден доктор. Неколку пати дури и картонот неможеа да го најдат, го бараа додека траеше контролата.. па морав јас се да кажувам, добро што памтам. Ке одиме кај Олгица, па ако ни се допадне ке си се префрлиме..
Nema da zgresis. Hahah sin mi pocna da ja guska posledniot pat koga bevme ona mu vika aj gusni me i toj ja gusna be haha
Значи ептен е со децава во љубов и тоа највеќе ме привлекува. Начинот на кој им зборува,пристап и милост....ретко таков педијатар да се сретне. Со мерак идам кај нејзе и секогаш и се радувам на закажаната контрола ако ти се верува хахаха
Мајки, а дали го одбравте/видовте/бендисавте педијатарот пред да отидете таму со детето, односно додека сте биле трудни, дали има некој што бил информативно да се запознае прво, или чекавте па право со бебе?
Ќе појдеш со бебе и ќе видиш што како, ако не ти се свиѓа нема да ја пишеш за матична и готово, книшка нема да дадеш, причина немате