да, да баш како што опишав, малтене не избрка од ординација као да не сме достојни за кај неа, како да не потцени, ко црнцине абе стварно не знам како да објаснам посликовито а ја одам со болно дете и со мака не одам неа да ја видам колку е убава.
Не бе,убаво вика мм. Она со здрави деца само работи. Па кога ми рече да укинам ноќен подој на бебе од 4 месеци,ја останав нема. Како бре,тоа 5 пути цица навечер.Гладна е
Прима, уствари мислам во книшка печат ќе имаш од Кристина, нејзината квота е полна, ама сеедно ќе можеш да ја носиш само кај Драгана ако сакаш
Претпоставувам си отворила нејзина ординација. Само колку ќе е изводливо таму посебни простории за здрави, болни деца не знам. Ќе изгуби многу пациенти така, многу голема предност беше тоа посебни простории.
Драгана на фб имаше пишано дека нема да е на работа деновиве, 17-18.10. Не значи дека не работи таму, може земала одмор овие два дена.
Ќе има и посебен дел за здрави деца Секако со нејзината стручност и посветеност 24/7 кон пациентите е во предност пред другите. Плус овде има и паркинг.
Денес комуницирав со неа малиот има некоја настинка, и ми рече дека дала отказ ќе биде кај Ѕвезда во идадија.
Баш сум изненадена, она е од старт е кај Ложанковски. Имаме закажано другата недела за ортопедски преглед, ваљда ќе треба да ја отпишам од таму за да ја запишам кај Драгана? Немам ништо против и другата докторка кај Ложансковски, ама реално таму ја пишав малата заради Драгана, и би ја следела кај и да работи.
Тоа секако, но и да има посебен дел пак ќе минуваат сите низ ист ходник, плус поликлиника е многу луѓе врват низ неа. Како и да е мене не ми менува бидејќи детето ми е големо за тие контроли за здрави деца ,среќа па и не ми настинувал до сега, ама да имав бебе немаше да го носам таму. Мислам дека Ложанковски се единствени во градот што потполно ги имаат одделено здравите од болните деца и затоа реков дека е многу голема предност па и потреба тоа.