Dali dr. Viktor uste e kaj Paskalov? Nekolku pati go baram me praka da se javam vo ordinacija, da znam da ne mu dosagjam dzabe na covekot ako ne.
Во Систина бев кај др. Светлана 4400 платив за ехо на срце, во Ремедика кај др. Јасна 3500 платив и од двете сум презадоволна
@TheSecret белким ќе ти кажел вака и вака, не ме барај веќе. Баш ме замисли @Angie992 прашува за искуство со некоја Сандра од нивна ординација, првпат слушам за таква. Знам за Оливера само. Пред нецел несец бев кај нив, Гого беше прва смена, Виктор втора, како што и најчесто се. Веројатно ќе пише некој што бил деновиве дали и какви измени има
Презадоволна сум толку убаво се објаснува и се што ќе прашаш ти одговара за разлика од др Паскалов ми е покомуникативна
Ме интересира од која возраст дете може да се носи на општ матичен лекар. Во нашиот педијатар немам доверба ич. Комерцијалист е и познат по тоа дека многу препишува антибиотици без реална потреба. Имав неубаво искуство со него во минатото, доста сериозно беше, но не сакам да пишувам за тоа. Кога требаше да бирам доктор за моето бебе го избрав него бидејќи нема друг педијатар тука. Ете до сега реално не сум имала потреба од него којзнае каква, и кога сме оделе не сум го слушала секогаш. Ми даваше рецепти и флаери за работи кои не ги купував. Ми кажуваше од која аптека каква козметика за бебе, некои капки за грчеви кои не ги купував, за обичен вирус препиша антибиотик и сл. Значи не го слушам. Кога требаше да се пробува вкусови ми даде Хип флаер, требало на 3 месеци сокчиња да давам од Хип, а од 4 веќе кашички на Хип. Реков домашни ќе давам, рече не брзај, на почеток давај Хип. И за тоа не го послушав и за ред други работи. Овде гледам многу мајки уште од раѓање бебенцата ги носат на општ лекар и тој е матичен и се е исто како кај педијатар, ама ете дека треба исклучиво педијатар за бебе, го избравме овој доктор. Не знам кога и дали да го сменам бидејќи реално се плашам понатаму градинки, разболувања, ќе имам потреба од доктор, па не сакам да се најдам во небрано, доверба немам ич, а не сакам да се коцкам со здравјето на детето.
Сега доста од лекарите се специјалисти по семејна медицина. Јас би ти рекла можеш слободно кај таков лекар да го носиш. Сепак е добро да работи и со бебиња, за да може добронда дијагностицира, треба да има искуство со деца(кои не можат да кажат како возрасните што ги боли). Ако работи и со бебиња твојот матичен слободно
Ние го носиме синот кај Сашко, 8 месеци е. Од раѓање ни е матичен и сме многу задоволни. Засега е супер. До сега сме немале некој поголем проблем, но за совети и редовни контроли сме задоволни. И што е многу битно, во било кое време е достапен на вибер. Јас топло ви го препорачувам докторот. Е сега пред месец кога бевме имаше нова медицинска сестра, од неа не сум задоволна, некако не ја бива за со деца, ама па и не е некој фактор таа. Докторот си е супер