Инспирација за темава е сликата на sanja.burgundy со погледот од нејзиниот прозорец (која може да ја стави и тука). Па имате ли омилено катче до прозорец и каков е погледот низ него? Може и слики. Во контекст на темата деновиве актуелна е и продажбата на станови во кулите на Џеваир Холдинг, каде најбарани, а и најскапи се становите од 35-40 кат. Сигурно имаат прекрасен поглед.
Ауу, па ја можам да се пофалам.Ептен добар поглед имам Ако некоја од вас сака да ми дојде на гости, може да ја види едната третина од градот Велес низ мојот прозорец. А башка погледот што го имаме од балконот
Може погледот да биде од викендичката, а не од домот? Еве кон што гледам јас од прозорецот од дневната А прозорецов во соба пред кој сега седам, гледа кон Водно. Ама немам некоја слика, освен од зајдисонце.
Како ми ја погоди темава! Вчера од сабајле баш сликав надвор од моите прозорци. Еве што сликнав: Језиво? :geek:
дрвја,куќи ииии ливада една малечка позади која има голем парк. Ја обожавам глетката.Посебно кога дува мило ветре,и дрвјата полека се нишаат,па ќе паднат неколку листови онака невино.Па сонцето коа ќе заоѓа... Пуфка.
Во другите соби имам поубав поглед, а од мојата соба погледот е зграда, река, паркинг и многу мал дел од паркот
Од зградата кај моите, од дневната гледаш во школо улица и сендвичари....толкаво Вили светнало А од другата страна од собата моја и на сестра ми е добар погледот...малку паркче малку соседна зграда. За разлика сега каде што сум мажена, во куќа, од нашта соба се гледа во дворот на комшијата, а сите други прозорци се во нашиот двор.
Во мојата нова дома прозорецот од спалната соба ни гледа на задната тараса , прозорците од дневната гледаат на улица, а прозорците од останатите две соби гледаат во дворчето Во домата кај моите, едниот прозорец од дневната гледа на тараса, другиот гледа кон куќите на комшиите, а прозорците од мојата соба и спалната имаат преубав поглед, кон природа
Јас сум имала уште една слика од викендичката, ама ова е погледот од другата страна, во зимски услови И ете така, си гледам сега слики и си цимолам за да одам...
Ајде деновиве ќе ставам, инаку се гледа Водно многу убаво бидејќи сум на другиот дел на Скопје, куќите во близина..Не е нешто премногу посебно
Па пошто живеам на главна улица немам баш некој "поглед". Ништо посебно, улица, коли, пицерија спроти мојата куќа.
Ова всушност е погледот од најгорната тераса, прозорите не ми се толку големи за да може да се извади ваква целосна слика. Плус тука е фатен само делот накај Центар, а инаку се гледа и цел Аеродорм и малку понатака.
Од прозорецот на мојата соба и нема некој поглед. Се гледа терасата на соседите. Ако внучето нивно е таму, си стоиме, тој на тераса, јас на прозор и си зборуваме.
Од јужна страна се гледа позадината на еден супермаркет. И тоа климите фучат турбо деноноќно. А камо ли да снема струја? Од тоа агрегатот, ќе ти пукне главата од толку брмчење. Погледот е... па скоро лице во лице со друга зграда, али фино е. До пред едно седум/осум години кога немаше зграда, беше поле. Крави и овци си пасеа. Па си ги посматрав. Сега ретко кога излегувам на тераса... А од северна страна, т.е. кај мене во детска е таман. Имам директива до прозорецот липа и во позадина нешто како паркче, со клупички и троа поише дрва и грмушчиња.