1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок за учителките

Дискусија во 'Образование' започната од inimini, 9 септември 2011.

  1. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Што мислите за подарок за учителките, дали подарувате, Ние секогаш и од секаде подаруваме. Еве на пример бевме летово во странство на одмор и од таму земав поклонче што премногу и се допадна. А исто така и за родендени подаруваме. Еве сега ви отстапувам место и вие да го напишете вашето мислење или искуство.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Поклон за учителките

    Учителка што прима поклони од ученици, ете со исклучок на една ружа за Осми март, за мене не е учителка.
    Некои одат до таму што индиректно сами бараат некаков поклон, како на пример мојата учителка, што редовно добиваше од нас злато и уште се дрзнуваше да коментира каков бил поклонот :puke:
    Учителки се по своја воља, за таа работа добиваат плата и освен, ете една ружа(а не цели букети) не треба да очекуваат ништо друго.Децата може да и покажат внимание се некој цртеж, честитка, песничка и тоа е сосем доволно ако на учителката и е драга професијата.

    Мојата класна во средно, на прв класен час уште добар ден ни немаше кажано, строго потенцира дека не сака буквално никакви поклони по било каков повод.Не ја послушавме и и купивме ружа за Осми март и сите до еден си добивме неоправдан :D Значи жената навистина се изнервира и навреди.Кога и беше роденден, кога и се роди внука итн, она нас не частеше.Е тоа е за мене професор :bow:
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Поклон за учителките

    Кај нас го нема тоа освен за 8-ми Март. Мада и тоа ми е безвезе, ама ајде сите купуваат па и јас. Тој е во градинка има 1 учителка и 2 воспитувачки и купувам за сите 3. Првата год. кога однесов за 8-ми Март и самите тие ми кажаа ,,тие се малечки ништо не разбираат не си требала да се трошиш,, ама викам ,,ајде таков е денот,, и лани кроз смеа и кажав ,,ајдеее таков е денот,,
    За роденден и остали прослави кај нас не се подарува. А и не сум слушнала дека и злато подаруваат :x
     
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Поклон за учителките

    инимини дали некогаш помислуваш како се чувствува другарчето на твоето дете кое не е во можност тоа да го направи?

    После ќе плачеме како барале мито.... по институцииве. Море не бараат, сами си даваме!
     
  5. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Поклон за учителките

    OK се сложувм со твоето мислење но ако е слаб ученикот од секогаш било и секогаш ке биде дај за да ти се врати со добро.
     
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Поклон за учителките

    Поклони оправдувам само за 8-ми март и крај на поглавје
    За 8-ми март доволна е една роза само да се оддаде чест
    Завршуваш 4-то и сите заедно собираат пари за да се означи таа љубов, а не верувам дека има некој што не си ја сака наставничката или наставник до 4-то одделение.
    Јас барем мојата секогаш кога ќе ја видам низ град ми иде да ја изгушкам. Незнам зашто :D
    За класната до 8 и во средно.
    И ќе напоменам. Зависи и до нив
    Ако се погоди некој гад, идиот на кој баш му е гајле за класот што го води Нема поклон :D
    А има некои што се поставуваат баш како пријатели и гледаат да помогнат колку можат. И покрај некој таков зашто да не се собере цел клас да купат нешто за благодарност.
    Не е битен поклонот, важен е гестот
     
  7. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    Поклон за учителките

    Јас сум против давањето поклони за Учителките и професорките.

    за мене не е тоа Професор!!!

    Но, ние сме најмногу виновни, сами им даваме со надеж дека ке имаме со тоа и подобри оценки...
    мое лошо искуство...
    мојата учителка од 1 до 4то одделение сама си посакуваше поклончиња, што да и купат децата и тд...
    децата ке и купат тоа што си го одбрала Па... Па ке земе ке ги лигаве на сред час и ке ги бакнува...

    и нормално.. сите секогаш беа со 5тки...

    а јас, сирото, никогаш не и однесив, дури ни за 8ми Март не сакав да дадам пари бидејки беше подла и расипана...
    И јас, секогаш имав двојчиња и тројчиња... Плачев очи не ми пресушија... беше што беше, поминаа тие 4ри години...
    дојдовме 5то е тогаш се виде разликата, тие со 5тки наредени од глава до пети од прво до четврто ама незнаеја ни таблица множење, да не збориме за вадење и собирање :!:

    а јас, не да се фалам, но искрено бев многу подобар ученик од нив, и секогаш имав по се 4рки и 5тки.. исто и во средно...

    значи сакам да кажам, со тој наш гест кон нашите мили и драги учителки всушност ние им се умилкуваме што доведува до тоа да, тие ни ставаат појаки оцени иако не сме заслушиле а со тоа ние губиме навика за учење!!! :x
     
  8. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Поклон за учителките

    Интересна тема :)

    Додека бев основно оваа тема ми ствараше доста нервози |( од причина што имаше одредени поединци кои настојуваа купување на подарок и за 8-ми Март, за Нова Година, за крајот на учебната година итн итн....се би било ок ако подарокот се сведуваше на букет цвеќе, но не ! Настојувањето беше секој подарок да биде злато :fubar: :fubar: ! Тоа ужасно ме нервираше и секогаш се противев на тоа, попрво би му купила со тие пари нешто на мајка ми како подарок одошто да ги китам со злато наставничките :@ !
    Имаше случај кога се одделив од ,,групата,, која собираше пари за ,,скапоцен,, поклон и си купив букет цвеќе и и го поклонив на наставничката во мое име, а пак таа упорно бара помеѓу цветовите некое скриено кесенце со голема вредност, значи ужасно сум се изнервирала во тој момент :@

    Еден цвет е сосема доволен како знак на почит, искрени честитки по Х повод и слично ;)
     
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Поклон за учителките

    Глупава традиција!
    Со повеќето
    ( сите !!! )
    наставници и професори не сум била во добри односи.Едноставно ги сметам за лицемерни а тие мене за арогантна.Во основно моите настојуваа да им подарам нешто на дотичните по повод 8-ми Март.Сега сум четврта година средно и ниту еднаш не сум и купила нешто на класната.Ниту пак и честитам.
     
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Поклон за учителките

    За 8ми Март секогаш и купувам на класната нешто, било парфемче, марама, или нешто друго или некогаш собираме пари цело одд. ама ретко, ич не сме сложни и поклонот секогаш едни исти го одбираат и све нешто безевезално, како на пример оваа година собираа и ѝ купија приврзок Сваровски, ама ич не беше убав, само лупнале пари |( .Исто и на учителките до 4то им купував нешто секој 8ми Март.
    Кога земаме сведителства само еден букет, а некои има 200 ствари што купуваат.
    Кга завршивме 4то купивме нешто на наставничките, појма неам што, не ни го видов.И сега за крај на 8мо ќе купиме нешто.
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Поклон за учителките

    Јас во 2 одделение на мојата учителка и купив несесер за 8-ми Март. Ја видов пред 3 месеци уште го носеше, тоа ме израдува што 12 години и кусур и трае уште. :) Инаку ние се беревме заедно цело одделение и за роденден, 8ми Март или Нова Година купувавме заедно. Вазни, букети, украси, секакви глупости. :D
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    116
    Чинот на подарување и самиот подарок понеке говорат за оној сто го дава отколку за оној сто го прима, немозам да ве разберам од една страна подарувате (никој на сила не ве натерал) од друга страна озборувате :x (најверојатно затоа сто не сте го добиле она сто сте го оцекувале за возврат)
    јас на уцителките на моите деца им купувам подарок (симболицен) за 8-ми март затоа сто според мене тоа е знак на поцит (сепак уцителката ја заменува мајката додека детето е во градинка) и навистина би се срамела (сама од себе ) ако после седнам и ја озборувам :lol:
     
  13. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Интересна тема :)
    Од прво до четврто имав 3 наставнички од 1 до 3 ми беше една и после во 4 ја замени таа, а таа другата ми беше сите 4 години. Од неа посебично створење НЕ ВИДОВ! Кога ме земаше татко ми од школо, пошто он работеше со столарија и она сакаше да и направи без пари нешто за дома, а она како возврат ќе ми поправала од 5то до 8мо оценки. БРЕЕЕЕЕЕЕ! Коментар на ова? Нема.. :x И јас мало умно главче вака му реков на тато: тато нема да и правиш ништо, јас сум способна да си учам :wasntme:
    и ете докажав дека сум способна со тоа што се запишав во гимназијата Никола Карев :)
    Иначе само за осми март и за крај на школска им купував на сите од прво до трето одд. нешто, по некој парфем или букет, а тоа организирањето како клас да купиме заеднички поклон дојде во 4то одд по идеа на една ГЛУПА што и дадовме цел клас пари, а таа сама си отиде со мајка и и земала слончиња и цвеќиња сончоглед вештачки.. Тогаш мислам дека цел клас ја направивме лом ]:)
    А од 5то до 8мо на класната и купувавме посебно, само за полуматура цел клас и купивме преубаво сребрено ланче, бомбоњера и букет :)
     
  14. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Интересна тема за мене лично, како ИДНА наставничка . На педагошки факултет сум , и мислам дека освен една ружа ништо не би прифатила од моите ИДНИ ученици, до душа јас кога бев во средно ние не собиравме пари, нити дававме задолжително, а и да дававме, купувавме нешто едноставно.

    Мојот учител од 1во до 4то одд, кој имаше строфи принципи, и си ја знаеше професијата, никогаш не сакаше ништо од нас, самите ние со нашето знаење му бевме поклон. И кога бевме 8мо одд го поканивме на нашата полу матура, тој не сакаше да дојде, бидејќи не сакаше забави на трошок на родителите. И затоа многу го ценев , за разлика од другите, кои дојдоа и пиеја на наша сметка .

    Бедно е оваа што денес се случува во училиштата, затоа јас барем така мислам, дека еден ден нема да барам ништо од моите ученици .

    Давањето на учителите, сите го разбираат различно, мислам дека никогаш нема да уценам ученик , нити да го сменам мојот однос како учителка , идна се разбира :)

    Се знае зошто сум јас во образована институција, да давам воспитание и култура, да ги научам децата што е добро а што лошо.

    Мада кај нас некои сфаќаат дека ако донесат некој по добар поклон ке им се попушти на нивното дете, сепак отценката се добива според заслуженото. Така барем јас ги добивав . :)
     
    На snegulka55555 и karak им се допаѓа ова.
  15. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Подароците за учителката и наставничката беа многу чести кај мене во основно. Јас лично никогаш им немам купено ништо ниту на учителкат од прво до четврто, ниту на наставничката од петто до осмо од проста причина што не заслужуваа. Само дадов пари за подарок кој и го дадовме на учителката кога завршивме четврто одделение и на наставничката кога завршивме осмо одделение. Во клас имав еден ученик кој постојано, за било каква пригода носеше огромни букети и подароци (рамки или албуми за слики, вазни и слични работи) и нормално тој ученик секогаш имаше петки со ѕвездички на тестови, на писмени. За крајот од осмо одделение, на класната (која секогаш велеше дека не треба да и купуваме подароци, но секогаш кога ќе добиеше едан ружа се мрштеше, а кога ќе добиеше нешто повеќе од ружа или букет беше пресреќна, но сепак коментираше како не и се допаѓа подарокот) и купивме сребрено ланче, а таа се дрзна да коментира како не и се допаѓало, како сме можеле да и ги дадеме парите и она сама да си купи нешто. Која глупача. Таа и вака и така не ја сакав, а ова беше шлаг на тортата и ми пукна филмот и од тогаш кога и да ја видам не ја поздравувам, се правам ко да не ја знам и едноставно немам почит за неа!

    Тоа ми е лекција, од тогаш памет во глава и на наставничките на моите деца нема да им купам подарок, ниту пак ружа бидејќи ретки се оние кои заслужуваат, всушност на тој начин не се изразува почит спрема наставник!
     
    На lovely-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    До 8мо одделение,стандардно тоа.
    А во средно само на класната и подарувавме и тоа цел клас собиравме пари,ама женана не да заслужила,душа за нас оставаше.Во четврта година за 8ми март и купивме сваровски обетки, истиот модел што го носеше Jenifer L. на спотот on the floor, а за на крај година,вечерта на матурата и подаривме саат од Itali Silver
     
    На Pabi19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Подарок за учителка/наставничка/професорка само за 8ми март.
    И да не се повторувам имам тука напишано искуства.
    Инаку, зошто друг пат подароци? За умилкување, за една 5ка..? М, зошто?
    Биле на одмор и и донеле подарок! Молам? Детето со 5ки ти е? А какво знаење има?
    И се допаднал? Ам и мене ќе ми се допадне ако некој нешто ми подари туку-така...
    Не оправдувам подароци поради било какви други поводи, освен овој горенаведениот. Тоа ми е чисто умилкување и поткупување оцени...
     
  18. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    Од прво до петто цело одделение ќе се зберевме о ќе у купевме подарок на наставничката за осми март, најчесто тоа беше ташна. Бевме околу 25 деца во класот и дававме по 50 или 70 ден и и купувавме сите заедно. Ретроспективно гледајќи не би одобрила купување на толку скапи подароци, една ружа доста е. А и немаат сите екстра 100 денари са подарок на учителките.
    До деветто имав една наставничка која буквално прашуваше каде и е подарокот за осми март или пак кога ќе си дојдевме од екскурзија, прашуваше каде и бил подарокот. А ние бидејќи имавме класен се договаравме да не купуваме ружи на сите наставнички, туку само на оние со кои имаме час тој ден.
    И сега во средно не купуваме подароци, повторнл имам класен :wasntme:.
     
  19. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Секогаш мислев дека за 8ми март доволно е едно цвеќе а поклони за крај година нема смисла освен ако не е крај на 8мо или 4та средно и тоа по заслуга но за жал не го делеа сите моето мислење па еднаш во основно се купија дури 10тина подароци за тогашната класна. = Циркуз! :D
    И самата многу се изнасмеја :D
    А имаше една исфрустрирана професорица која отворено си коментираше како може другите да добиваат подарок за 8ми март а таа не. Хмм па не беше класна. Што не е јасно? :tmi:
    И така се лутеше 2 недели и беше лоша и жална. (facepalm)
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. snegulka55555

    snegulka55555 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2020
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    78
    Gi pricitav site mislenja, no ova mislenje mi e nekako najubavo.:)
    Jas ni vo osnovno, ni vo sredno nisto ne im kupuvav na ucitelite. Bidejki vo osnovno ucitelite gledaa sto pobrzo da zavrsi casot, a ne predavaa kao sto treba i tie imaa pravo na sekoj cas da kasnat po 15 minuti a nie ni edna sekunda ne smeevme da zakasneme na cas, pa koga ke pocnese casot 10 minuti zapisuvaa koi se ocutni, pa 10 minuti na kompjuterot da vidat sto ke ucime... Pa za matematika jas na privatni casovi odev za da mi se razjasni materijalot... Aj sto davav plus pari za privatni casovi, pa uste pari i za pokloni da davam? E izvini, jas ne spijam na pari. Vo sredno na mojata omilena profesorka i kupiv obetki koj ne se mnogu skapi 300 denari bea, no ne od parite na moite roditeli tuku jas rabotev kako kelnerka i za rodenden tie obetki i gi kupiv. No taa ako trebase vo usite ke ni ja turuvase lekcijata samo da ni bide jasno i dopolnitelni casovi ni organizirase... Zlato bese profesorkata...:hug: :cash: