1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подготвување на зимница за бебиња

Дискусија во 'Бебе' започната од AIT, 12 октомври 2012.

  1. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Есента ни пристигна ,а најкарактеристично за нејзе е подготвувањето на зимница. Но што би можело да се подготви или пак замрзне како свежо или приготвено за малите бебиња.Можеби замрзнатата храна не е вистинскиот избор ,но некои работи навистина ги нема во зима,а други пак се без нивниот карактеристичен вкус.Доколку имате некоја идеја или рецепт би ви била благодарна ако го споделите.
    Јас за мојата малечка замрзнав свежа тиква исецкана на парчиња од кои е отстранета кората ,доволни за еден оброк.
    Направив компот од праски со многу мало количество на шеќер(по совет на домаќинки морало шеќер ,барем едно лажиче ,бидејќи тој се однесувал како конзерванс)
    Планирам да замрзнам и црвени ајварски и зелени пиперки кои ќе ги користам за манџички.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.023
    Допаѓања:
    198.957
    Пол:
    Женски
    Може слободно и домати и модри патлиџани да замрзнеш. Ќе ти се најдат. Лани јас така ги искористив максимално, син ми зимата веќе јадеше сè. Исто, доматите може да ги насецкаш во тегли на парчиња со сè лушпа, да ги затвориш теглите убаво и да ги извриеш. Ем малку ќе се сварат доматите, ем ќе ги конзервираш со вриењето. За поточно, ќе ја прашам мајка ми и ќе ти кажам, таа ми ги правеше. За лушпите не се секирај, сами ќе паднат, лесно ќе ги отстраниш.
    Модрите патлиџани можеш и печени да ги замрзнеш, како што се спремаат за пинџур, ќе ги излупиш, исцедиш и во пластични кутии ќе ги ставиш. Ама искрено, мислам дека е подобро свежи. Исто, може да се замрзнат моркови, пашканат, магдонос, целер - не дека нема во зима, ама друго е кога знаеш дека се растени во лето, а не во зимски услови. Млад грашок и боранија ако имаш од кого да купиш, исто така е убаво да замрзнеш, не дека нема замрзнат во маркетиве, ама подруго е домашно.

    Што се однесува до овошјето, сите овошја од типот на малини, вишни, капини, рибизли се замрзнуваат. Од останатите летни овошја може да се направат супер домашни компоти и сокови. Јас претпочитам компоти. Сецкано овошје во тегла (праски, кајсии, сливи, вишни, смокви...), малку шеќер колку да конзервира, затворање на теглите и вриење на истите. Стопати подобра варијанта од купечките компоти и сокови.

    Ако ми текне уште нешто, ќе допишам, ама во глобала, ова е тоа
     
    На mal.ecka и AIT им се допаѓа ова.
  3. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Сок од калинка

    Јас сум од јужните краишта каде сокот од калинка многу се користи во исхраната за бебиња и деца. Познати се лековитите својства на калинката. Па моите ќе подготват уште сега сокче за нероден Петко. :D
    Тежок е процесот на производство на сокот од калинки, ама нели во денешно време олеснета е работата со соковник.
    Се цеди сокот од калинките, не треба шеќер ниту било какви други додатоци, се става во шишиња, шишињата затворени се ставаат во сад со вода да зовријат и се оставаат да се изладат во водата.
    И имате чаша здравје.
    [​IMG]
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ние веќе складиравме домати, ама свежи - нит замрзнати, нит со сол или шеќер.

    Сецкани на парчиња, се ставаат во тегли (без никакви додатоци) и се ставаат во ладна рерна, тукушто вклучена на 50 степени, и така се „варат“ 30мин, па уште 40мин на 100 степени. Се гаси рерната, и се оставаат теглите внатре до следното утро, чисто да се оладат.

    Истово може да се направи со ШТО САКАТЕ. Отворивме после тоа тегла, само да видиме каков ќе е е вкусот, и истиот е НЕПРОМЕНЕТ :)
    Пробајте, мислам дека поприродна постапка од оваа нема...
     
    На joy1, girl1985 и AIT им се допаѓа ова.
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    AIT зошто замрзнуваш тиква, кога таа не се расипува зимоска? Само ќе ја ставеш во некоја ладна соба и зимоска директно свежа ќе ја искористеш.

    Освен во тегли компот може и на друг начин да направете. Ако имате замрзнато овошје, го ставате во тенџере да врие, додавате малку шеќер, го варете некое време и му додавате малку густин или пудинг, за да не биде ретко. Многу е поубаво од оној компот во тегли.
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас немам ладна соба и замрзнувањето и фрижидерот ми се единствено решение за складирање на храна.Зимно време не ми се купува тиква од пазар ,зошто не знам каде и како се чувани.Зимоска кога купував од пазар една баба ми рече дека нејзините не биле прскани со прашак и тоа ме наведе на мислење дека можеби им прават нешто за да траат.Вака знам дека се тазе.
     
  7. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    мене мажот ми не ме остава да замрзнам ништо, не сака да му давам замрзната одмрзната храна ;( ;( ;( јас немам ништо против ама неможам да се расправам :( :(
    иначе направив компот од кајсии и праски, за зеленчуци појма немам што ќе правам ќе купувам тоа што има........ :( :( :(
     
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Ние дома имаме колку за нас произведуваме. Со ништо не ги прскаат, знам, ама пак стојат цела зима. Само ги чуваме доле во една поладна соба и таму си стојат.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Јас за малецка В направив мармалатчиња по сопствена рецепта, по некоја логика како што сум гледала дека прават мармалад. Модри сливи ги расцепив на пола, без семки, ги наредив во тепсија полна до врв, и ги ставив во рерна на 170 степени, 2-до 2.30 саати да се печат, после го собрав врело во топли тегли, и теглите убаво затворени ги ставив во топла рерна до сабајле да се ладат ко што се лади рерната, еве месец како се правени, не се расипани, мислам дека се супер без зрнце шеќер, истото го направив и со праски, а сливи и праски, и тиквички зелени ги исецкав и ги замрзнав, и мислам дека тоа е најдобра варијанта, ама и вака со мармаладчињата е супер, само ставам по лажичка во секоја кашичка, догодина здравје боже од се ќе направам, па и мешани. Сок од калинка правам, низ цедалка ги тријам зрнцата, и и го давам сокчето, и исто така си замрзнав, а може и ќе го проварам во шишиња, мада се ми е поубави кога е замрзнато.
     
    На tamarce.j и AIT им се допаѓа ова.
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Како ги лупите калинките за сок ??? Дајте некое полесно решение ,оти имам едно 10тина кила за да правам сок :( 2саати лупам и едвај 6 излупив,а ноктите веќе ме болат :sweat:
    Мене ми текна па денес за проба ќе направам сок од ананас во соковник ,па после ќе го ставам во мали теглички(шишиња немам) и малку ќе ги подварам,а ќе пробам и компот да направам .
     
  11. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Оф леле :D, пишав и погоре, тешко е да се добие сок од калинка.
    Ми текнува дедо ми гмечеше цели калинки со се кората, и потоа сокот се прецедуваше два-три пати. Ама за мало дете поубаво е од чисти зрна.
    Имам гледано на you tube туторијали како да се чисти калинка, ама сега од работа не можам да отварам you tube. Пиши How to eat a pomegranate или How to seed a pomegranate, може ќе ти помогнат.
    И не се замарај многу да останат само зрната, и ако остане нешто од тоа белото што е меѓу зрната ништо страшно.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Абе исто како портокал што цедиш со таква цедалка ;) . Ја сечеш калинката на половона и ја вртиш на цедалката. Случајно ако има некоја семка внатре ја вадиш или го прецедуваш сокот.Се надевам ти ја олеснив работата.
     
    На joy1, Moira и AIT им се допаѓа ова.
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Направив сок од калинка,ама на пола од правењето ми се расипа соковникот,па во тегла ги ставив топчињата ,ја затворив убаво и ја проврив малку и идеата ми е кога ќе им давам на децава да пијат само сокот да им го давам.
    Инаку ми текна дека може да се направи и компот од дуњи ,па деновиве планирам да купам и да направам.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Со цедалка ги исцеди или со стандарден соковник? Каков соковник?
     
  15. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Прво почнав со Павер Џусер ,па се расипа и имав сок колку за една тегла.Тие калинки што не ми беа излупени ги цедев со цедалка за портокал.

    Мамички доколку на вашето бебе му давате костени,тогаш можете да замрзнете живи,неварени за во зима.Јас за проба сварив замрзнати и не го менуваат вкусот,исти се како тазе .
     
    Последна измена од модератор: 30 март 2017
    На girl1985 и Moira им се допаѓа ова.
  16. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Може да ми кажете како е најправилно да се замрзне брокула и карфиол? Дали бланширани или свежи?

    Инаку пробав на електрична цедалка да цедам калинки. Не знам дали ви кажав, ама екстра е. Е богами си олеснив околу лупењето калинки. :muscle:
     
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас ги замрзнувам свежи сите зеленчуци
     
    На MacenceEna и girl1985 им се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Морам да напоменам, по извршена проверка нарачана од кравче (тенкс :f: )

    Во 2 од многуте тегли со домати, се појави бело, т.е. ми отидоа јабана, па по кратко размислување со мајка ми, утврдивме дека тоа се теглите кои ги затворивме со веќе употребени капаци и кои најверојатно не дихтувале добро.
    Значи - ОБАВЕЗНО користење на нови капаци (се продаваат во Веро и Џамбо мислам, а и на пазар) и многу добро затворање на теглите, да не влезе воздух.

    Се извинувам што порано не го предочив ова, се надевам не сум зафркнала уште некој друг :doh:
     
    На AIT и kravce им се допаѓа ова.
  19. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас направив компот од кружи, црни сливи, праски и капинки (колку ќе ги јади ќе видиме). замрзнав и капинки.
    сварив во шишенца домат, црвена и зелена пиперка, за во манџите, и сварив тикве и црн патлиџан.
     
  20. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Секоја есен складирам зеленчук.
    Овошје пробав еднаш модри сливи да замрзнам, ама се раскашавија, а компоти не правам.
    И овошје давам сезонско, што има тоа.
    Зеленчукот го сецкам на коцки и складирам во ќесиња.
    Црвениот домат го замрзнувам цел, без ништо. Кога сакам да го одмрзнам, во топла вода само и лушпата падне и го сецкам.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.