после колку обидување останавте бремени? јас првиот пат кога останав вака беше не бев толку опседната со мислата да имам бебе и 4-5 месеци мажулето свршуваше само по еднаш во мене и не гледавме плодни тукупосле два три дена од завршувањето на менструацијата ќе имавме односи и тој свршил во мене а јас не сакав сеуте да останам бебе и накај 6 месец и јас посакав и гледав плодни денови и од кај 12 ден по менструацијата имавме односи со свршување преку 2-3 дена и се фати ама за жал не успеа бременоста и од тогаш желбата за бебе ми е мн голема и се обидуваме повторно се надевам во скоро време ќе фати
jas ostanav bremena na vtor pat...znaci prviot mesec ne fati, no vtoriot veke vidov pozitiven test, no za zal vo 6-ta nedela imv spontan. pa od ovoj mesec po 4 meseci pauza povtorno ke probame pozdrav [mod-kirilica:24m9hx7v][/mod-kirilica:24m9hx7v]
Психолошкиот момент е многу важен. Кога сакате да забремените, не бројте денови плодни неплодни туку опуштете се и уживајте. Не легнувајте со мисла дека имате секс за да направите дете туку водете љубов со саканиот. Со трите први бремености кои за жал завршија со спонтани, се случуваше истиот месец кога ке решевме да се обидеме. После паузата кога решивме да се обидеме по четврти пат, веке истрауматизирана, гледав во календарот и броев постојано. Шест месеци не останав бремена со редовни односи. И на крај баталив све, спремна да се помирам дека никогаш нема да имам деца. Следниот месец бев бремена..... Кога керкичката наполни 18 месеци, решивме да се обидеме за второ дете бидејки мислев пак ке ми се случуваат спонтани. Најверојатно така се поклопиле деновите, за две недели имав позитивен тест и успешна бременост.
Јас останав бремена после 4-от месец упорно обидување.. Потполно се согласувам со Шана, психолошкиот момент е многу битен, не ги бројте плодните и неплодните денови, опуштете се и водете љубов...И јас мислев дека не можам да имам деца и после секој циклус плачев и се нервирав...уште кога ќе ги осетев симптомите дека ќе добијам потсвесно знаев дека не сум останала бремена и се разочарував...Потоа се опуштив, значи си водевме љубов и јас воопшто не се замарав дали ќе фати или не, плус во тој период (месецот кога сум останала бремене) имав и др. преокупации Спојлер спремав испит и не ни мислев на бебе,и така сум останала бремена... Психата и потсвеста се страшна и опасна работа, се надевам сите сте слушнале за плацебо ефектот како делува...исто е...не мислите-еве сега е плоден ден мора да бидне, ќе бидне не се секирајте, без нервози, мисли што и како ќе биде...само опуштено што би рекол Тони М.
најискрено од прв пат до тогаш се пазевме но само еднаш пробавме и ОП одма позитивен тест и за второто дете исто така да не се осудувам повеќе на незаштитен секс ќе испадне секое летенце-детенце
Со првото од прв пат. Мислев дека ќе ми требаат неколку месеци, па почнав „со време“, и кога видов две цртки на тестотне ми се веруваше Со второто имав цисти на јајниците, па ми препорачуваа или да останам бремена (ако можам), или да ги оперирам. Се обидов еден месец, не останав, ги оперирав, и следниот месец - пак две цртки Како што ми се децата мала разлика, ме утепаа од зафркавање дека муж ми да ме погледнел одма сум останувала трудна (и подваријанти - комшијата да кивне ти остануваш трудна, и слично ) И како и охохо, и јас сега не се осудувам на незаштитен секс
Јас од третпат, трета среќа што се вика И ние се пазевме 7 години и мислев дека од прва ќе се фати, ама не било така, кога сака тоа не кога сакаме ние
Ќерка ми не беше воопшто планирана, значи од прва, а сега за второво богами се помачив едно 9 месеци.
Од прв пат. Само еднаш се опуштивме и оп 2 цртки на тест. И тоа еден ден пред менструација као неплоден бил, е кај мене беше и тоа како плоден . Зависи, кај секого е индивидуално
Јас после 4-5 месеци обидување останав бремена,а еве и сега се обидувам за второ веќе 4 месеци и ништо до сега
Јас и маж ми почнавме да пробувме 2-3 во месецот на петата година од нашата врска и тоа онака немав некоја кој знае каква намера дека ќе останам трудна(не и дека неќевме) оти имав тешка форма полицистични јајници туку и на него и на мене ни беше интересно да свршиме во исто време .После со тек на време ќе ме фанеше психа зошто одминуваат годините а од толку време не се фатило никако и знаете такви моменти на депресија леле па јас изгледа никогаш ќе немам свои деца.Ама на осмата година од нашата врска кога најмалку сакав, бидејќи го сменив работното место и отидов да работам во ординација со ненормана докторка која си ги лечеше комплексите на мене и дадов отказ после 2 месеци и бев без работа останав бремена.Освен тоа и брат му оваа година правеше свадба и излезе 2 свадби за 1 година.Кога ќе се погледне наназат значи околу 3 години имаме изпробувано и не се фатило. Кога ќе ми текне на почетокот се смеам колку само плакав оти неќам да сум трудна заради околностите кои ги набројав, ама сум била луда глава подобро е вака да останам трудна отколку да сум била во брак кај што ќе сакам да добијам дете, а нема да можам и после ќе ме ептен фатила депресијата.
^^ Шесттиот месец обидување, зачнав... И исто како fairy88 кога останав без работа, и околностите не ни се баш за бебе. А толку многу сакав на почетокот...подоцна веќе му реков на мм 2be: `свршуј си ти работа внатре слободно, јас и онака нема да можам да останам лесно бремена, кога ќе се преселиме во станот и ќе бидеме спремни за бебе, ќе одиме по доктори, ќе бараме чаре, стимулации, ин-витра и сл..` И истиов месец : бремена... И најсмешно се отепав плачење, а мм душичка, збунет: -абе не си ми јасна...абе нели сакавме дете... И еве уште си плачам секој ден по неколку пати...без разлика дали на реклама, дали за без врска, ама имам потреба да се исплачам- хормоните ми беснеат!!! Вчера и плачев и се и се смеев во исто време и му викам на мм: -Ете гледаш, пролупав јас, може ќе треба да одам во лудница и после џабе сум ти и тебе, и на бебето.. тој почна да ме гушка и да паѓа во несвест од смеење... Абе психоделии сме значи дома деновиве
^^ Повторно се докажува тоа дека причина за незабременување(кога нема некој здравствен проблем) е единствено женската психа и нејзината преголема желба за забременување. Јас и со првото и со второто од прва,додуша за првото ни пукна кондом ,но затоа пак второто беше плански
јас искрено останав бремена точно на годината од кога почнавме да се обидуваме за бебенце почнавме некаде во април минатата година, а останав истото време оваа година, и навистина колку повеке сме опседнати со тоа, потешко се фака, барем сега кога ке се навратам наназад сфакам дека е така...
Останав бремена после 1 год и 7 месеци и тоа сега овој месец не се ни надевав бидејки само еднас имавме ... кога треба да биде ке биде и од малку...не верував во тоа се додека не го дозивеав