1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посни јадења

Дискусија во 'Рецепти' започната од dowe, 9 декември 2009.

  1. dowe

    dowe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Vo ovaa tema sakam da predlagame nekoi posni jadenja.Se blizat slavi,ima nekoi sto se posni,pa taka da mozeme da rzamenime po nekoja posna vkusna recepta.
     
  2. vesnastamenkovska5

    vesnastamenkovska5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    posna sarma sooriz,soja i meleni orevi.se pravat mali sarmicki i se pecat vo rerna.dobar apetit
     
  3. powerpuff

    powerpuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    49
    znam deka koga ke se posti,izborot na jadenje e mnogu mal,a osobeno na slatkite raboti..
    jas ke vi kazam eden recept za posni kolacki koj mislam deka ke vi se dopadnat i ke stanete zavisnici od niv..

    250gr Ovesni snegulki
    1 margarin kristal
    5 mali lazici talog od svareno tursko kafe
    5golemi lazici kakao
    1vanilin sheker
    180gr sheker
    i toa e se
    sevo ova se mesa i od taa smesa se pravat topcinja..i lap lap :))
    sovet..koga ke stavate kafe,ostavete i malku voda t.e. varenoto kafe da ima voda..pozz
     
    На glorijaMKD и BlOnDiEeEe им се допаѓа ова.
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    Девојки ај плиссс кажете некоја посна торта или посни колачи. За во сабота треба да направам нешто посно благо ќе имам гости дома. Ајде пишете :*
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    http://www.coolinarika.com/recept/752428

    Ова го имам правено и навистина е вкусно ако е посно, а разгледај , има и други интересни рецепти за посни колачи .
     
  6. GiaMarie

    GiaMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Дали некој знае некое посно јадење без зејтин. Планирам да ја постам оваа недела, но освен овошје и зеленчуци незнам и неможам да најдам на интернет некое посно јадење(благо или солено) кое се прави без зејтин. Помагајте :D
     
  7. Leo83

    Leo83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    22
    и јас постам оваа недела без зејтин. Посно јадење ти е варен ориз со зачини, можеш да јадеш макарони (посни) варени со ќечап на пример... Мешан зеленчук варен или запечен во рерна, но со вода.. Компир варен- сам или како салата со оцет, сол, пипер и кромид.. Ова го јадам јас..ако се сетам на нешто друго ке ти кажам...
     
    На SexyTeenGirl и GiaMarie им се допаѓа ова.
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Колку што јас знам, можеш да направиш (бело) гравче, леќа, ориз со зеленчук (варен ориз се меша со обарен зеленчук, може со што сакаш, јас ставам од онаа блага смрзната пченка и грашок, (една комбинација) или со барена брокула (другата комбинација). Нормално, стави си зачини за да има поубав вкус, јас ставам сол и црн пипер, така ми е највкусно. Сум правела компир-салата, значи варен компир сецкан, сецкан кромид, босилек (по вкус, не мора), и јаболков оцет. Лесен ручек може да биде и салата од марула со пченка и варени компири, со сечкани маслинки.
    Но, најважно за постот е воздржување и умереност во сѐ. Значи, нема алкохол, нема секс, нема нечисти мисли :) , без расправање со други, без лоши мисли. Постот е и телесен и духовен, не е само воздржување од некој вид храна. :)
     
    На Page, stilas7, SexyTeenGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. GiaMarie

    GiaMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Фала девојки ми дадовте супер идеи ;) , денес за ручек ке си приготвам нешто од вашите предлози. Иначе се воздржувам во се, нема секс ;( :) , алкохол, нечисти мисли итн. Фала ви мн уште еднаш.
     
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    5.840
    Посни кифли
    1кг. и 200г. вода
    2кг. брашно
    3лаж. сол
    10лаж. шеќер
    3 филџани зејтин
    2 коцки квасец
    Кога ќе се испечат се премачкуваат со зејтин.

    Песок торта - Посна

    6 пудинга од ванила се варат со 1л. вода. Откако ќе се олади се додава 250г. шеќер во прав и 250г. маргарин и убаво се мати. Филот се дели на 3 дела. Во едниот фил се додава 150г. ораси мелени, во вториот 150г. кокос и во третиот 150г. бисквити. Деловите се редат еден врз друг. Декрорација може потопено чоколадо, може и кокос.


    Посни табуретки

    300гр. маргарин
    300гр. брашно
    300гр. мелени ореви
    1лаж. какао
    150гр. шеќер во прав ( се сечат со капаче од кока кола и се печат )
    Фил:
    2 пудинга од ванила со 1/2 л. вода и 6 лаж. шеќер
    1 маргарин с емати со 200г. шеќер во прав
    Се валкаат во кокос или ореви
    Глазура шлаг + чоколадо.
     
    На barbie28 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Ова го направив денес, доста убаво, а посно.

    Сварени макарони, а настрана сос:
    - домашен сос од патлиџани
    - печурки
    - 2-3 чешниња лукче
    - 5-6 краставички кисели
    - сушен магдонос
    - црн бибер
    - оригано
    - сол по вкус
    Ова се вари се додека не се згусне, па макароните во чинија се прелеваат со истиот.
     
  12. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Утре ќе имам важни гости на ручек,а бидејќи утре е петок немам никаква идеја какво јадење да направам.Доколку некој има идеја што да направам посно за ручек и некој посен десерт нека пиши рецепт.Стварно многу ми значи тој ручек не би сакала да се :$ пред луѓето. :*
     
  13. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Нефертити, зависи кој ти доаѓа на ручек. Ако се странци, од искуство ти кажувам, нема утка со едно добро тавче гравче, пинџур и пиперки печени со лукче, а ако имаш време и домашно печено лепче.
    Ако се „наши“ луѓе, можеш риба, компир салата, винце... Ете ти убав ручек. Ама не риба онака испржена само, туку купи убава риба, можеш да ја испечеш со ова-она, и ќе изгледа убаво и ќе биде вкусна.
    И трет предлог, ако си вешта, морски плодови, ракчиња, лигњи... Нема да погрешиш.
     
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Идеја за десерт за Нова Година, за оние кои постат :) .

    Посна банана торта

    Потребно: 1 л вода, 50 гр. кокос, 350 гр. шеќер, 4 пак. пудинг од ванила, 375 гр. маргарин, 1 кг. банани, 300 гр. кршени посни бисквити.

    Подготовка: 100 гр. од шеќерот и целиот кокос, се мелат во блендер за кафе (да биде во прав). Потоа се вари пудингот во кој се става преостанатиот шеќер и шеќерот во прав со кокос.
    Откако се излади се бие со маргаринот и се додаваат бисквитите. Во калап се става најлонска кеса или алуминиумска фолија, па се истура половина од смесата и се реди ред со кругови банана. Потоа се додава преостанатиот фил со бисквити. Се става во ладилник убаво да се стегне и да омекнат бисквитите (најдобро да се остави преку ноќ). Потоа се сече и декорира со посно чоколадо или со посен чоколаден прелив.

    На дело, со слика :D :
     

    Прикачени фајлови:

    На НаталиЛили, barbie28, Page и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Безимена торта
    не знаев што име да и ставам :$

    Потребно за пандишпан: 200 гр. шеќер, 300 мл. сок од портокал, 3 лаж. масло, 3 лаж. мармалад од кајсии, 50гр. рендано посно чоколадо, 1 мала лажичка сода бикарбона, 200 гр. брашно, рендана кора од 1/2 портокал, 1 лаж. какао.
    Потребно за чоколаден фил: 750 мл. вода, 3 кес. пудинг од чоколадо, 250 гр. шеќер, 250 гр. маргарин, 100 гр. мелени посни бисквити, 200 гр. посно чоколадо.
    Потребно за бел фил: 500 мл. сок од портокал, 2 кес. пудинг од ванила, 200 гр. шеќер, 250 гр. маргарин, рендана кора од портокал, 100 гр. рендано посно чоколадо.
    Подготовка: Се печат два пандишпани, во калап бр. 32 за да излезе тенок лист за тортата.
    За чоколадниот фил: Се прави пудингот и додека е врел се става чоколадото да се стопи. Откако излади, се бие со маргаринот и се додаваат мелените бисквити.
    Се поготвува и белиот фил.
    Чоколадниот фил се дели на два дела. На пандишпанот се става едната половина, па целиот бел фил, па повторно уште едната половина од чоколадниот фил. На крај се става и другиот пандишпан. Се остава да се лади целата торта.

    Еве како би требало да изгледа :) :


    Правена е на истиот начин. Само за да излезе повисока и со повеќе фил, пандишпаните ги пресеков, поточно извадов кора со дијаметар за калап број 26. За оној калап на кој им се вади страничниот дел.
     

    Прикачени фајлови:

    На Moira, tinkerbelll, ines.h и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    130.732
    Јас сакам да направам некои посни колачи. Најверојатно ќе бидат ванилици, само сакам да ги збогатам со ѓумбир и цимет, и се надевам дека ќе бидат вкусни.

    Најдов некои добри идеи, а посебно ме заинтригираа ванилиците, посните медењаци и куфличките со ванила и ореви :)

    http://www.kulinar.mk/podkategorii/rece ... serti.html
     
  17. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Сникерс
    500 гр. сецкани урми
    500 гр. толчени печени кикиритки (несолени)
    500 гр. таан алва (но може и помалку бидејќи многу е благ колачот)
    1 маргарин Кристал
    Маргаринот се топи и малку подоладен се меша со урмите ,кикиритките и алвата. Се обликува смесата во плехче и одозгора се премачкува со растопено посно чоколадо . Се става во фрижидер да се стегне и се сече на штангли .
     
    На goluba му/ѝ се допаѓа ова.
  18. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Посна шунка

    Состојки:
    430 гр шеќер, 280 гр бадеми, 50 гр какао, сок од лимон
    екстракт од малинка

    Во сад се става 280 гр шеќер, многу малку вода и сок од лимон,се меша и се става да се вари.Во сварениот сируп се додава 280 гр обарени , излупени и сомелени бадеми.Бадемите се варат со шеќерот се додека не се добие цврста и густа смеса како за пуслици.
    Смесата се дели на 2 дела.Едната половина се бои со екстрактот од малинни, а другата се остава бела.Двете смеси се ставаат на подлога попрскана со шеќер.Од црвената се прави во облик на шунка, како ролат.Се развива белата половина , па во неа се става црвената смеса.Се витка така што белата ке ја обвие целата срвена маса и ќе добие изглед на шунка.Целата шунка се прелива со глазура од какао кое се прави од 150 гр шеќер и вода.Во сад се става шеќерот и со чаша вода се вари густ сируп.Се додава какао растворено со малку вода и се меша се додека глазурата не се стврдне.Се премачкува шунката и се остава да се исуши и дури потоа се сече на тенки кругови.
    Полнета риба шаран или крап

    1 чаша варен ориз
    2 главици кромид
    4 чешниња лук
    рендан варен морков
    рендан варен компир
    магданос
    сол,бибер, црвен пипер, вегета

    Се полни рибата.Отворот се затвара со конец.Се става во плехче да се потпеце во рерна.Се прелива одвреме навреме со зејтин кој е помешан со малку вода црвен пипер, вегета, бибер лимон.. а и самата риба ке пушти сок.Се пече на умерена температура


    Салата со компири

    Варени компири, кисели краставицки сецкани, сецкани зелени патлиџани (ова од туршија), кромид, сецкани пеглани пиперки,малку морков исто од туршија , лути везени суви варени пиперки ,сол по вкус, бибер, ловоров лист и зејтин.

    Посен Ориз со Печурки
    200-300гр Ориз
    500гр Шампињони живи
    200гр варен грашак
    1-2 моркови варени
    100гр ореви
    Оризот се вари со малку сол или вегета по желба
    На страна се пржат исечените шампињони со малку зејтин
    Од кога ке се свари како пилав оризот, се додава грашакот, печурките и сецкани на коцки морковот како и кршени или сецкани оревчиња..
     
    На SexyTeenGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Пире со прокељ и јаболка.

    Потребно е
    600 гр млади компири за пире
    300 гр свеж прокељ (мали зелчиња)
    2 зелени јаболка
    лимонов сок
    сол, бибер, цимет
    маслиново масло
    свежо насечкан влашец
    200 дцл.хопла (малечко пакување)

    Сварете ги компирите за пире, но не ги преварувајте. Прокељот само обарете го во жешка вода 20 минути, да омекне, зошто не му треба многу варење.
    Јаболката измијте ги, и со се лушпа нарендајте ги на ситно ренде.
    Во длабок сад сварените компири изгмечете ги за пире, но да има цврстина. Додајте сол, бибер, малку цимет, маслиново масло и солена хопла. Мешајте за да добиете убаво пире. Прокељот сварен, исечете го на половина и додајте го во пирето. На крај, додајте ги и јаболката ситно изрендани, влашецот и промешајте. Додајте малку лимонов сок, по избор.
    Има чудесен вкус ова јадење, но не е за сечиј стомак :)

    Јас го комбинирам со телешки медаљони или со свинска кременадла, прави фантастичен шмек разноликоста на вкусовите.
     
  20. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Посна салат со туна

    1 конзерва црвен грав
    1 конзарва пченка
    1 голема конзерва туна
    малку кромид

    Се става гравот пченката туната малку исецкан кромид и се зачинува со бибер малку сол и оцет и се се меша . Прекрасна салата ја обожавам и најлесна е за правење :)