1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    --------------------------------------------------------------------------------

    Вредноста на постот во летниот период



    Ибн Реџеп ја коментира на вредноста на постот во летниот период во Латаиф ал –Маариф(стр.272-273)

    "... Ибадет кој многу се наградува кога е топло времето е постот, а тоа е поради жедтта која постачот ја чуствува во попладневната жештина.“

    Поради ова Муаз Ибн Џабел се жалел на својата смртна постела дека веќе никогаш нема да почувствува жед, како што го почувствувале првите муслимани.

    Се пренесува дека Ебу Бекр, р.а., постел во текот на летото,а не во зимата , а Омер, р.а., на смртната постела го советувал својот син Абдуллах како да постигне особини на верник, и прво му наредил пост, кога владее жештина.

    Aл-Касим ибн Мухаммед пренесува дека Ајша, р.a., постела за време на најголемите жештини, и кога го прашале зошто тоа го прави, одговорила дека сака да ги искористи деновите пред својата смрт. Исто така, некои од жените на aсхабите ги одбирале најжешките денови за постење и зборувале: "Кога нешто не е скапо, секој ќе го купи", мислејќи при тоа дека се подготвени да направат нешто што само малкумина можат, без разлика колку тешко е тоа, и ова е доказ за возвишените аспирации кој ги негувале овие жени.

    Ебу Муса ал-Aшари бил во чамец и слушнал како некој повикува " О, патници, станувајте!" Го повторил тоа три пати, и Ебу Муса рекол: "Па, како да станеме?Зарем не гледаш каде сме? Како да станеме? "Па, тој глас му одговорил:" Ќе ви кажам што пропишал Аллах: „Кој oжедни поради Аллах во врел ден, има право кај Аллах да ја угаси жедтта на Денот на Проживувањето. " Од тогаш Ебу Муса го бирал денот кој е толку врел , што некој можел да се вари од таа жештина, и постел тој ден.

    Kaбр р.а. пренесува дека Возвишениот Аллах му рекол на Mуса, а.с.: "Се обврзав, дека оној кој ќе ожедни поради Мене, му ја угасам жедта на Денот на Проживувањето.“ А други велат дека е напишан во Teвратот: "Блажени се оние кои ќе огладнат плашејќи се од Денот на Проживувањето, кога нивната глад ќе биде удоволена и блажени се оние кој ќе ожеднат, плашејќи се од Денот на Проживувањето кога нивната жед ќе биде угасена."

    Ал-Хасан рекол: "Џеннетската хурија ќе му зборува на Аллаховиот евлија, кој ќе лежи на брегот на реката од мед во Џеннетот, додавајќи му ја чашата со најсладок пијалок и ќе го прашува:" Знаеш ли кога Аллах ме направи твоја жена? Те здогледал еден летен ден додека си бил жеден на попладневната жега, и ги повика своите мелеци и им рече: "Погледнете го овој Мој роб. Тој ја оставил својата сопруга и задоволство, храна и пијалаци, поради желба за она што го подготвив за него. Бидете сведоци дека му простив. "И тој ден, тој ти прости гревовите и те ожени со мене."


    Кога Амир бин ’Абд Kajс дошол од Басра во Шам, Mуавија го прашал што му е потребно. Тој одби да побара било што и само му рекол: Се што ми треба е да ја вратиш жештината на Басра, за да постот ми го направи малку потежок, затоа што премногу е лесно да се пости во твојата земја."

    Ал-Хaџџаџ патувал од Мека во Медина. Го извади својот ручек и го повикал бедуинот да јаде со него,а бедуинот му рекол: " Ме повика некој, кој е подобар од тебе и јас ја прифатил Неговата покана." Тој запрашал: "Кој е тоа?" Бедуинот одговорил: "Аллах ме повика да постам и јас постев.“ "Ал-Хаџџаџ прашал:" На овој врел ден? Бедуинот одговорил: „Да“! Јас постам плашејќи се од еден од најжешките Денови" Ал- Хаџџаџ му рекол:„ Јади денес, а пости утре.“ Човекот му одговорил:" Само ако може да ми гарантираш дека утре ќе бидам жив.“ Ал-Хаџџаџ му одговорил:„ Тоа не е во моите раце.“ А бедуинот му рекол:" Па, како од мене можеш тоа да го бараш да го направам денес, а иднина не е во твоите раце? "

    Ибн Омер, р.а., тргнал на пат со некои свои другари и сретнале овчар кој го поканиле да јаде со нив. Тој им рекол: "Јас постам", Ибн Омер, р.а., му рекол: „Зарем постиш во оваа жештина чувајќи ги овците во овие ридови?" Овчарот му одговорил: "Ги користам денови од мојот живот, кои ми останале," Ибн Омер бил воодушевен од овој одговор и му рекол: "Може ли да ни продадеш една овца?
    Ќе те нахраниме со нејзиното месо за ифтар и исто така, ќе ја платиме добро? Овчарот му рекол: „Овците не се мои. Му припаѓаат на мојот газда.“ Ибн Омер му рекол: „Па што ако на твојот газда му кажеш дека овцата ја изедил волк?" Овчарот го подигнал прстот кон небото и рекол: "А каде е Аллах?" Ибн Омер постојано ја повторувал оваа реченица која ја чул од овчар, и кога пристигнал во градот отишол кај газдата на овчарот и го откупил и него и неговите овци. После тоа го ослободил овчарот и му ги дал сите овци.

    Рух бин Зимба еднаш патувал помеѓу Мека и Медина по многу топол ден. Овчар кој живеел во планините му пришол и Рух го повикал: О, овчару, дојди и јади со мене!" Овчарот му одговорил: "Јас постам." Рух му рекол: "Постиш на оваа жештина?" Овчарот му одговорил : „ Зарем да ги оставам моите денови залудно да минуваат?“ Па, Рух рекол:„ Навистина ти мудро си го користел своето време о , овчару, додека Рух залудно го потрошил..“

    Ибн Омер постел нафиле додека скоро не се онесвестувал , но поради тоа не го прекинувал својот пост. И имам Ахмед постел до исцрпување, а потоа со вода би го миел лицето. Го прашале за постот во посебно врелите денови и тој одговорил: "Нема ништо лошо во тоа да се натопи пешкир и да се исцеди по лицето за да се разладите.“
    И Пратеникот, с.а.в.с., се поливал со вода по главата кога постел.

    Ебу ед - Дерба рекол: " Постите во врелите денови, плашејќи се од Денот на Проживувањето, и клањајте два рекета намаз во темнината на ноќта, плашејќи се од темнината на кабурот.

    Во два "сахиха", исто така, се пренесува дека тој рекол: "Кога бевме со Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., на едно од неговите патувања во многу жежок ден, така да луѓето со рацете си ја покрива главата од таа голема жештина, и никој не постеше, освен Алаховиот Пратеник с.а.в.с и Абудуллах ибн Равахаха
    Во Муслиновото предание стои : „ Тоа беше во текот на месецот Рамазан."

    Оние кои поради Аллах ќе постат по жештина и ќе бидат трпеливи, и покрај својата жед, Аллах подготвил посебна порта помеѓу сите џеннетски порти. Тоа е портата Рејан, и кој и да помине низ нив, ќе биде напоен и кој ќе биде напоен кога ќе влезе на таа порта , никогаш нема да ожедни. А кога постачите ќе влезат на таа врата, таа после нив ќе биде заклучена за оние кои доаѓаат после нив, и никој освен нив нема да влезе на таа порта ...

    EVE NESTO OKOLU NASIOT POST AKO NESTO NE VIE JASNO KE VI POMOGNAM
     
  2. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Дали знае некоја од вас дали пченица со ореви е посна? :worried:
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    ^ посна е.
     
  4. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Девојки а што ако се пости последните три дена?..четврток петок сабота...може така?По што јас планирав оваа недела ама се омрсив:worried: и сакам да продолжам од четврток
     
  5. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Најбитно во постот е намерата во твоето срце ( цврста одлука да не се прекрши ветеното)
     
  6. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    како ви оди? дали успевате да издржите? јас еве ја терам и последната недела со строгиот пост и успевам со желба, само мака ми е што пушам и си палам, поради тоа само, и успевам да не мислам на лоши работи, на секс, нема алкохол, нема бакнување со дечкото, а за храна си се снаоѓам, вие?
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Јас постам од денес до сабота доста ми е :)
     
  8. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Успешно издржав, ми останаа уште три дена... :)
     
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Јас ќе постев од денеска ама заборавив дека постам и на одморот во школото јадев пастрмалиа и се омрсив :@ И сега од утре ќе е :)
    ПС:Знае ли некој да ми каже кој се посни јадења?
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.750
    Допаѓања:
    65.206
    Пол:
    Женски
    Што ќе се мачиш за два дена. Нема никаков ефект. Ако веќе си решила на крај да постиш требало последните три дена да бидат. Поминал веќе возот.
     
  11. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    hrana-i-pijaloci/veligdenski-posti-t990/10.html?hilit=%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%B8%20%D1%98%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D1%9A%D0%B0#p445777
     
  12. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Денес белиот грав добро ми дојде. Немав јадено нешто вакво манџесто, домашно - оддамна!
    Ајде уште 1 ден!
    Овој Велигден ќе го осетам уште подобро, ми се чини, бидејќи за прв пат ги постам сите 7 недели (порано правев паузи додавајќи млеко и јогурт во исхраната, и без месо се разбира).
     
  13. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    лошо се осекам зошто не постев :( :( :( :( :( :(
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.750
    Допаѓања:
    65.206
    Пол:
    Женски
    Ајде уште неколку саати и помина и овој пост :)
    После постов ќе треба поразновидна храна да внесувам, ослабев бааги, а за имунитетот да не зборам колку ми опадна. Ех вечер после полноќ едно јајце :rofl: никогаш во животот јајцето не ми е толку слатко како после пост :)
     
  15. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Јас само вчера постев и тоа првпат :clap: Едвај издржав многу ми се јадеше а јадев само компир,супа,сутлиаш и салата :) Иначе убаво е да се пости од другата година ќе фатам цел пост :D
     
  16. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Ме интересира за Петровденските пости што се во тек. Почнав од понеделникот да постам,и треба до 11 јули. Е сега некои викаат дека не е строг пост како Велигденскиот,односно дека понеделник,среда и петок се јаде храна без зејтин,во вторник и четврток може јадења со зејтин,а во сабота и недела дозволено е и риба. А други ми викаат дека ако сакам да се причестам не можам да јадам храна со зејтин ниеден ден. Или дека може да се пречистам во недела,а другите денови да продолжам со јадење со зејтин. Работата е што јас сакам да постам како што треба. Ако знае некој како е правилно,кажете ми, да знам што да јадам. Си испланирав во вторник и четврток да јадам пржени компири,а во сабота риба,ама ме предомислија и сега не знам што да правам :^)
     
  17. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Според типикот (правилата и оддредбите за постот) во понеделник, среда и петок не се јаде зејтин, додека во вторник, четврток, сабота и недела се јаде зејтин и плус во сабота, недела и празници разрешено е да се јаде риба. Овој начин на пост е најправилен, но кој што може да го пости.
    Ако сакаш вистински правилно да постиш, применувај го ова.

    Ако постиш на овој начин, доволни ти се и три денови без зејтин пред причесната. Но, ако се одлучиш да постиш цело време со зејтин ( во понеделник, среда и петок) тогаш сигурно пред причест би требало да испостиш една недела без зејтин.
    Твое е да одлучиш, бидејќи незнам дали си почетничка или не.

    И уште нешто, те замолувам да си отидеш на исповед, бидејќи без исповед постот ни е празен и залуден. Постот е средството за целта и послушание кон Господ, но исповедта е вистинското очистување и простување на нашите гревови.
    Прости, може се ова го знаеш, не ме разбирај погрешно, само сакам од срце да ти помогнам.
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    8.092
    Пол:
    Женски
    Јас вака постам.Порано ги постев речиси сите пости,но прекинав и овој ми е прв пост после прекинот.Се чувствувам прекрасно.
     
  19. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Фала многу.
    До сега се немам исповедувано,не знам што ке направам во врска со тоа :$ некако ми е необично,како да немам доверба да се отворам пред некој,не дека имам некои страшни гревови,ама ме мачат некои работи :worried: Инаку воопшто не те сфатив погрешно,фала уште еднаш за одговорот
     
  20. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Имам постено и се имам причестено неколку пати... 3-4 години се причестувам за летните пости што се во август без зејтин :) малце се тешки ама издржувам 2 недели... (и постам понекогаш за некој празник кога треба)
    после тоа чувствувам некој духовен мир..прекрасно чувство :$ многу убаво верувајте :)