Прости, ама пред малку токму ти тоа го направи, еве те цитирам: Изворно не ми беше тоа прашањето нели. Но бидејќи ти ми кажа, ја на зезанција те прашав. Инаку не верувам ни јас во пророчици. Јас во Господ верувам, а пророците не се Господ. Во Светото Писмо може сè и сешто да пишува, но различните верски заедници различно го толкуваат. Јас лично се согласувам дека постојат траги за реинкарнација и карма во Библијата . Но на пр. како православието го толкува Светото Писмо т.е. Библијата таму според теолозите нема „р„ од реинкарнација. Во таа смисла убаво кажа @Bender Rodriguez дека не може некој да биде православен верник и истовремено да верува во реинкарнација. Исто важи на пр. и за католиците и протестантите.
Да не се лажеме Спојлер: за пророчицата За тоа и ти одговорив пред да прашаш, дека во вакви не верувам. Имам свето писмо го читам, учам, проучувам. Ако треба се разменувам мислења и со отанаати кои го учат итн, не ми треба некој од страна да ми објаснува баби и жаби. Е сега јас не те обинувам што ти читаш пророчици, туку јас ти кажувам дека за мене се битни ко ланскиот снег. Кажи ми ти твое мислење за после смртта. Како ти гледаш на живот после животот или вечноста или што и да е.
Што да не се лажеме? Не те разбирам зошто потоа ги цитираше моите мислења? Ти прва почна да спомнуваш пророчици на претходната страна, а не јас. Јас те прашав нешто сосема друго - што си по вероисповед и дали веруваш во реинкарнација. Те прашав затоа што ме изненади што повеќе пати читајќи те, добив впечаток дека си православна а еве во темава пишуваш како да веруваш во реинкарнација. Во православна литература („Стаклене очи Индије - православље и духовност далеког истока„ и некои други) прочитав дека православието не ја прифаќа реинкарнацијата. Па зошто тогаш го читаш светото писмо ако не ти треба некој од страна да ти објаснува баби и жаби? Колку што гледам ти превземаш и цитираш разни мислења на таа тема. Цитирам и јас и отворено си кажувам дека тоа е кажано од тој или таа, овие или оние. Моето мислење во однос на животот после смртта во голем дел е изградено од читање на пророштвата и записите на разни пророци и визионери на таа тема. Ти на тоа ми велиш дека тоа ти е битно колку и ланскиот снег... епа сега што да ти правам?
дневно светленце, незнам зошто имаш толку гнев во себе поради кој не разбираш што ти пишувам. Јас сум православна но пред се сум ХРИСТИЈАНКА и имам свето писмо и го учам. Не ми треба мене градскиот поп да ми млати слама, кога знам дека сум читала повеке од него и тоа не само за мојата религија, туку и за останати. Е сега, како православна христијанка ги почитувам празниците, постот, светците, црквата. Не е моја вина што христијанството се дели на 72 правци. Тоа што оставам овде готови постови, превземени од некој сајт е затоа што го делам истото мислење и затоа што не морам одново да пишувам и да се објаснувам кога имам готово за пастирање. Не се нервирај одма за пророчицава твоја. Имај си став, ама тоа не е мое и не е христијански воопшто. Ти веруваш во Исус, ама не му веруваш на неговиот збор, туку на некоја тамо нова баба ванѓа. Тоа е далеку од Исусова религија ( без разлика на кој правец) Пак ке кажаам тоа си е твое. Јас те читав кога пишуваше за реинкарнацијата. Види не знали дека јас ке го отфрлам православието кое наводно го отфрла делот со реинкарнација, напротив. Е сега ме интересира како ти гледаш на тоа после смртта, или што оваа Габриеле кажува за тоа. Ако таа кажува нешто што се поклопува со учењето и зборовите на Исус, тогаш е во ред и не значи дека ке ја негирам во целост.
@okcenzi, не знам зошто се пронајде во моево милсење, кога искрено, не ни помислив на тебе додека го пишував, а освен тоа – беше реплика на мислењето на @daylight. Прво, да расчистиме – секој може да верува во што сака или пак, да си ја толкува Библијата како што сака – јас немам проблем со тоа. Но, ставот кој го изнесов за православието и реинкарнацијата не е лично мој, туку на православната црква. Едно е да кажеш „Јас сум христијанин и верувам во реинкарнација“, а сосема друго е „Јас сум православен христијанин и верувам во реинкарнација“. Првото е во ред, ама второво не оди, бидејќи православието (и католицизмот и други деноминации) не ја признава реинкарнацијата. Мене ми пречат луѓето кои се декларираат како припадници на одредена христијанска деноминација – на пример, како православни, а изнесуваат ставови кои се во директна спротивност со православието. Тоа мене ми укажува на непознавање на сопствената вера. Не може некој да си ја толкува Библијата како сака, а притоа да тврди дека е православен. Ако некој се смета за православен, тогаш треба и да го прифати православното толкување на Библијата. Инаку, се сложувам дека Библијата може да се толкува на повеќе начини – меѓу другото, тоа е и причината зошто постојат толку многу деноминации на христијанството. Луѓето низ вековите со сопствените толкувања на Библијата нашле оправдување за потчинетоста на жените, супериорноста на белата раса, апартхајдот, холокаустот, итн. Што значи, во однос на содржината и нејзиното значење, Библијата може различно да се интерпретира. Ти даде цитати кои можат да се толкуваат како да се однесуваат на реинкарнацијата, а јас еве најдов толкувања на одредени делови на Библијата кои тврдат дека во неа се спомнуваат вонземјани (нема да ги ставам во мислењево, за да не го правам непотребно долго, а башка и друга ми е поентата). Муабетот ми е – не можам јас да кажам – „Верувам дека Исус бил ванземаљац и дошол на земјата со свемирски брод, а ореолите позади главите на светците се уствари летечките тањири со кои заминале во рајот, кој всушност е друга планета, далеку од нашата“ и потоа да тврдам „ама јас сум православен“. Секој може и треба да верува во што сака или да ги толкува светите книги на одредена религија на сопствен или поинаков начин, ама треба и да биде свесен дека секоја деноминација на одредена религија си има усталени правила и толкувања на истата. Ако со нив не се сложувате, тогаш не викајте дека припаѓате на таа деноминација. На крај, бидејќи со мислењава излеговме од темата, предлагам оваа дискусија да се продолжи на друга, посоодветна тема, а овде да се ограничиме на дискусија за тоа што всушност мислиме дека се случува после смртта, или да оставиме простор и на другите членови да се произнесат на темава.
Zoshto da ne. Imam drugi zemji na listata pred Germanija, ama i Germanija kje zavrshi rabota. Ne mora da bide bash najbogatata zemja, samo ponastrana od ovoj pekol ovdeshen, kojznae kolku sum greshela vo minatiot zhivot shtom se rodiv tuka
Едни луѓе слично кажаа за време на граѓанската војна во САД во 19 век. Сè да било исто само во друга држава... и наредниот век се родија во Македонија. Поентата на смешката е дека забораваме дека околностите можат да се променат за 50 или 100 години од сега во таа другата (или оваа) држава.
Nishto ne zaboraviv. Celo vreme imam na um deka ovde povekje od 5 veka ne se promenilo nishto posebno, nema ni vo narednite 5.
Сите атеистиве паметни, а христијаните будали. Која и тема да ја отвориш, одма христијаниве будали, глупи, неписмени итн. Демек ако некој мисли поразлично од вас, бидала е и ретардиран!!!
Sega sakav da go objavam videovo.Jas DA veruvam vo zadgroben zivot,dosta me vlecat takvite rab i imam dosta slusano i citano za toa.Ima i dosta emisii so klinicka smrt sto kazuvaat za rajot i pekolot.DA DA VERUVAM
Имам едно прашање, ако постои реинкарнација, тогаш при Второто и славно Христово доаѓање и воскресението на мртвите, во кое тело ќе се сместат душите??? Само да напоменам, не може да се сметаме Христијани ако не го чекаме воскресението на мртвите и животот во идниот век (видете во Символот на верата).
Би било фер да се напомене дека тоа се однесува на црковните т.е. православните христијани. Исус Христос не подучувал такво нешто. Символот на верата бил составен на Никејскиот собир 325 година, значи приближно 3 века после Христа. Христос дал поинакви критериуми за оние кои сакаат да бидат негови следбеници - христијани. Тие нешта се запишани и во црковните библии во Евангелијата. На пр. на едно место вели „Љубете се меѓу себе како што и јас ве љубев вас, и по тоа секој ќе препознае дека сте Мои ученици„. Или на друго место предупредува дека оние кои само го слушаат Неговото учење а не го практицираат (не живеат според истото)можеле да се споредат со безумен човек кој ја изградил својата куќа на песок па кога дошле бурите таа се срушила, за разлика од оние кои ги остваруват негововот учење ги споредува со умни луѓе кои ја изградиле својата куќа на карпа и таа останала и покрај големите бури. Според моето верување не постои телесно воскреснување на мртвите. Во Христовата објава „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„ се објаснува дека тнр. воскреснување на мртви кое Исус го правел било всушност будење од длабока кома. Душите на тие луѓе сеуште не се одвоиле целосно од телото. А Исусовото воскреснување по третиот ден од смртта била постпена апсорпција на материјалните атоми од страна духовните сили - бидејќи прапотеклото на сето постоење е Духот. Еден ден во мошне далечната иднина тоа ќе се случи со целиот материјален космос. Во духовната литература спомнато е дека постојат души кои се мошне цврсто врзани за верувањето дека нивните минливи физички тела ќе воскреснат. Ангелите-учители не им го одземаат со сила тоа верување, па така некои од нив седат долго време покрај своите гробови попусто чекајќи го воскресението. Кога пак воскресението на физичките тела би било реалност тогаш на судниот ден тоа би била многу хаотична ситуација. Нечие тело на пр. го изеле црви. Црвот го изела птица, птицата сварениот црв го фрлила низ измет врз растение - растението како вид ѓубриво го впило во себе, растението го изело некое тревопасно животно, животното го изел некој човек-месојадец, протеините завршиле и како дел од негавата сперма која ја завршила во матката на сопругата, и на крај нивниот син испаѓа дека носи парче од телото на некој што треба да воскресне...
Точно. Немам многу време сега но ке ти одговорам накратко за реинкарнацијата. Штом некоја душа се реинкарнирала, тогаш тоа значи дека таа го поминала божјиот суд и на второто Христово доаѓање таа душа ке биде во тоа тело каде било последен пат. Бар јас така размислувам. Др пат поопширно ке пишам.
Верувам дека постои рај и пекол. Еден ден сите ќе не снема нема бегање од тоа! Исто така верувам во господ бог! Но не се замарајте со тоа,живејте го животот млади сте уште,правете добри дела,немајте лоша мисла,помагајте на секого кога му е потребна помош. Луѓе само вербата во господ!
Па, мислам дека со умирањето телото умира, а душата не умира. Значи се е една енергија, а енергијата ниту се создава ниту се губи, туку само преминува од еден во друг вид. Колку трае распадот точно не знам, ама мислам дека е некде околу година дена, што на крајот се распаѓаат и коските(зависно од климата). Значи најпрвин, органите итн.
Телата на оние кои ќе бидат воскреснати за Вечен Живот(а ќе бидат малце), ќе бидат обновени во нови тела,нераспадливи и вечни.Тоа ќе се случи за момент,колку трепнување со око. Реинкарнација обично подразбира круг во кој душата преминува од една форма,во друга и се така во круг.Во Библијата нема баш такво нешто.Се раѓаш,умираш,идеш во Адот каде го чекаш Судот,и на Судниот Ден добиваш тоа што си заслужил.Вечен Живот или Вечна Смрт.
И мене како помала ме учеа од дома , биди добра, умна, не прави гревови за да не одиш во пеколот кога ќе умреш.И долго време бев голем православен христијанин, верував во Бог, почитував пости, правила и ред други работи додека дома полека полека не се освестивме и просветливме ќе кажам(се изначитавме еден куп литература што третира многу вакви теми, настрана од религиските книги).Значи мислењето ни се промени од корен за 180 степени.Сега можам да кажам дека не верувам во Бог, едноставно верувам во Праизвор што би се рекло(некој -нешто некогаш создал , почнал..кој -кога , зошто..тоа не може никој да знае).Животот почнав да го гледам како еден вид игра (може и најголемата игра што воопшто постои), така што кога станува збор за после смртта , јас лично верувам дека душите ќе се реинкарнираат.Што се однесува до светот- Универзумот, тој си постоел и ќе си постои нејзнајно колку , а дека ке има некаков Божји суд , не верувам, но затоа верувам во кармата.Ако нема таква тема би сакала да ја отворам како посебна.
--- Dedo i 7 godisen vnuk si sedat i razgovaraat za "posle smrtta" i dedoto vika: Vnucko, jas ne veruvam vo reinkarnacija. - Dedo i jas ne veruvav koga bev na tvoi godini. -