јас и земав посебно само тркалца, ама ги користевме само во прво. веќе лани ги префрлија на втор спрат, па кај ранецот тежок уште трклаца и фалеа да качува нагоре. Сега дозволија да им ги носиме во понеделник и да ги качиме, петок гледам сите си ги чекаат доле иако е дозволено. Јас искрено едвај го носам ранецот, уште па кога ќе видам дека родители зимаат и по две три деца со се ранци, опрема..Јас го земав од базаро некои 500 ден, и се извлекува рачката
Изгледа секое училиште е различно. Кај син ми, книгите остануваат во училиште. Во прво полугодие и тетратките ке остануваат таму. Учителката не известува, но без учебник ке е тешко да вежбам дома. Затоа ке ги испринтам книгите, вежбанките не се доволни.
Во петок мора да ти ги дадат книгите ако ти се потребни за викенд. @KuklickaSk како е ситуација со синко?
Сеуште нема потреба, втора недела е. Но, понатака и да има потреба, два дена не се доволни да совлада се. Дури и да се доволни, понапорно ке е за детето, отколку секој ден да повтори дома што учеле во училиште.
Никако. Се вртиме во круг нон стоп. Секое сабајле истото, барем малку да се поместиме на подобро. Не знам стварно што ќе се прави. Вчера и на психолог бевме. Вие?
Исто и кај мене пола саат дома вика плаче несака да оди ..не одеше во градинка..а кога ќе го земам се фали како убаво си поминал што правеле кој што му кажал..ама кога ќе го однесам плаче само он дур оди до училна липа плаче и само и вика на учителката денес сакам порано да си одам..Збориме нон стоп со убаво се ,ама кога ќе дојде време да тргне сите комшии ги буди плаче моли да не го носиме.
Како втора недела? Мојов успеа една униформа да изгуби, му фалат тетратки, пола книги не ги врати дома. Приборот со фломастери му го нема во ранец. Како вака? Вашите како се на ова поле? Се адаптираше супер и сака да оди, ама јас вака ќе полудам, што е ова, ќе изгуби се додека почне да учи нешто
Јас сум тука за совет. Детето во декември ќе полни 5 години што значи наредна година треба да биде прваче. Може ли да ми кажете искуство дали да го пуштам или не ? Ако не како може тоа да се одложи дали има начин? Стварно некако ми е мало да почне во школо... Не знам стварно што да правам.
Децата родени во декември немаат право на избор и си поаѓаат на училиште со сите деца родени таа година. Нека ме поправи некој ако грешам, ама мислам така беше. Освен, ако не извадиш лекарско уверение дека има проблем со говор или нешто слично во кое би се утврдило дека детето ментално е спречено да појде со врсниците во училиште. Децата родени во јануари можат да бират дали да тргнат или порано една година или навреме со своите врсници. До наредниот септември имате цела година а децата од месец во месец менуваат и созреваат. Искористи го овој период да работете повеќе и учите преку игра. Не да пишува и чита, но преку логички игри да го натераш повеќе да размислува, со цртање да развива моторика , читај му некои за него интересни приказни и потоа со твоја помош и преку прашања нека ти раскажува што сфатил.
Така е. Опција за покасно тргнување нема. Има опција само тие од јануари ако сакаат порано да тргнат. Исклучок има доколку извадиш документ дека детето е развојно, физички или менатално не спремно да тргне на време. Јас лично, ваков докумет на здраво право дете не би вадела. Ниту е прво ниту последно што ќе трга на 5 години.
Моето е во декември. Не дека не е мал. Ама за тој премин од градинка во седење во столче 8 саати, сите на таа возраст се мали според мене. Еве испогубил све прва недела, ама зборев со блиски што имаат првачиња и поголеми од него, слична приказна е. Ќе се навикнат полека. Јас не сакав да вадам потврда дека не е ок детето, кога е. Само е премногу темпераментен, не внимава и не го држи место, ама со време ќе мора да научи, ново му е се и него.
Нема врска не е генерално, моето исто декември е 10.12.2018 си тргна со генерацијата на 5 год и 9 месеци, ништо не загуби цела година, од прв ден одговорен е, ниту еднаш не рече Нејќам да одам, додека во градинка одеше 4 год редовно и сите 4 год со плачење одеше, не сакаше да оди. Така да се е индивидуално. Еве на @happygirl синчето од 4 год знаеше да чита, а во ист ден се родени со моето. Сега се 2ро одделение. Ќе си се навикни рано е, имаше и кај нас дечиња што шетаа по клупи на час ама за месец два се навикнаа да седат, од прво седеа до 9 и пол, потоа до 10 и пол часот па до 11 и пол и веќе по 2 месеци до 12 и пол.
Деца родени во декември немаат избор. Само тие во јануари, можат порано или со своја генерација. За поаѓање порано има поделени мислења, а јас лично сум за, ако детето е спремно. На здраво дете да вадиш потврда дека не е ок, воопшто не е во ред. Кај син ми, одење на логопед беше пресврт, некаде после 5тиот родеден почна да оди, и гледајќи го, можам да кажам дека беше спремен. Летово ги научи сите букви, умее да пишува зборови, сам ги спелува буква по буква. При тоа јас никогаш не сум го седнала да го спремам за училиште, сам покажа интерес. Практично си прашуваше која е оваа буква, му купив картончиња букви и ги научи. Можеш да работиш на фина моторика, раскажување и логички игри. Детето што го гледаш сега, ни најмалку нема да е како детето наредна година. Сега за сега уживај.
Нормално е дете од 5 години да не е спремно. Побогу дете од 5години е. Допрва со играчки почнало да си игра. На 2-3 години пелена се вади и до 5 години има денски дремки. Како е нормално да е спремно за школски обрвски и за концентрација и седење на столче по 5 часа? Наставничките го знаат ова и иако програмата е напредна за возраста они ја прилагодуваат. Кај нас коа дете ќе заспие на час, наставничката не го буди. Децава што тргаат спремни, знаат пишување, читање и имаат концентрација повеќе од 20минути за една задача….ви се напредни деца, генијални. Или сте им запнале дома да им скратите детство и да ги правите напредни да знаат тоа што не им е склад со возраста. А статистички толку генијалци да има тука како што вие пријавувате не е можно Намалете малку со оптеретување. Се во свое време
Океј, имам потреба на јавен форум, кај што никој не ме знае, да кажам колку е напредно моето дете. И воопшто не мислам дека е генијалец, туку едноставно покажа интерес за тој дел и сам научи. Од друга страна, го мрзи да бои со боици дрвени, не одеше го градинка и нема пракса, тоа што го пишува е во различен фонт од 14 почнува и завршува со 8. Од детството не му скратив ни најмалку, буквално никогаш не седнав со него да вежбам нешто. Но, игра шах од претходна зима, што многу помогна во концентрација. Оди и на часови. Плус, игра карти, па без проблем собира и одзема.
Мојот пишува и знае да собира и одзема, ама на 5г вришти на секое одвојување од мајка му и татко му кога се остава во школо. И така. Ваков стрес на никој не посакувам
Сакам да ве прашам како првачињата се снајдоа со седење на часови и како со плус дневен престој? Ние имаме проблем со седење во дневниот престој па би сакала искуства. Или кој е расположен и би сакал да ми пише во пп. Стварно сакам да поразговарам
Моето не е во дневен престој, ама од други родители слушам дека децата се бунат. Досадно и напорно им е. Ама родителите немаат избор и мора да одат. Да видиш, секако ако имаш услови, како е во приварни градинки, можеби има подобри услови.