Јас имам од 250мл и се мислев дали да купам од 350, ама нема потреба реално, ќе си наполни од чешма кога ќе ја потроши. Поголемо шише само повеќе тежина додава на ранецот.
Кутија за храна, шише, ташниче за моливи и боички, или комплет некој-тетратки големи без линии и на коцки, тетратки за почетно пишување, фломастери, дрвени боички, моливи, гумичка, режало, пластелин, колаж хартија… Облека можеш-патики, тренерки, чадор…
И мене ме интересира ова ако некој знае да препорача.. до сега сѐ што видов се пластични кутии, а сакам да најдам од убав материјал.. да не е пластика
пластелин било кој може да е добар. Фломастери најлесто gioto купивам и не се толку скапи. Водени боици исто можеш било кои. Темперни земам од тримакс. Дрвени боици се ептен терсене да ги погодиш. Стварно. Зависи од каков материјал е правена бојата. Има некои мрснички брзо што се трошат при боење има некои поцврсти... јас по 2-3 пара лани купив и дел се потрошија дел останаа. Годинава купив од кипер 24 бои за109 ден ми изгледаа добри. Сметај на тоа дека некоја боичка ќе ја потроши со шилење (интересно им е тоа во 1во) некоја боичка ќе ја заборави изгуби или ќе му ја земат нагрешка... ние лани стално се разменувавме ао боички бидејќи често на грешка земаа туѓи боички
Во офис плус најдов метално дно со пластичен капак ама мали ми се видоа, земав од таму една како со диносаурус со три прегради па над него уште еден дел плиток таму има лажичка и кутиичка за нешто плус мала како за сос или нешто слично, и врз тоа капак. Малку оваа висока ми се чини ама подобро не најдов. Е сеа оваа е пластична демек квалитетна пластика па којзнае . На Др место во нашиов град немаше поасално од ова
Во класот кај ќерка ми се 23 деца едно треба да седи само, а кое дете сака да седи само некако безвезе ми е, ние не почнуваме утре дека беше болна и кога ќе почне сигурно сама ќе седи баш неубаво
Обично ги преместуваат често, особено на почетокот, додека ги научат наставничките, а и децата да се запознаат меѓу себе. Ако е целодневна, немаат класични клупи, туку како во градинка, по четири дечиња на маса.
Во класот на ќерката се 21 дете. Седат на маси по 3 или 4, никој не седи сам, ама немаат класични клупи, само мали масички во прво одд.
Кај нас се 25 и иако се во класични клупи, не седи никое само. Ги менува наставничката секоја недела, за секое дете да се дружи со секое и да се запознаат. На една клупа седат по 3 деца
Нас ни помина првиот школски ден. Малата проплака малце ама се надевам ќе се навикне за брзо на динамиката. Нашето училиште е машка генерација, во клас 8 девојчиња и 14/16 машки. Од тоа што видов седат по 2ца во клупа ама клупите им се некако блиску така да нема некоја изолација пак се заедно. Иначе од Карпош добија ранец и прибор, баш се изненадив особено од ранецот кој доста квалитетно изгледа само не е на тркалца. Со лесно нека им е на сите првачиња и само успеси да редат.
Дали металот е нерѓосувачки челик(инокс) или алуминиум? Ако е алуминиум не е безбеден за деца, во Офис плус имаат голем избор на шишиња и кутии но многу од нив се без сертификат дека се безбедни за деца, имаат тежок мирис, а тоа што е квалитетно е многу скапо.
Здраво, ве молам искуства за училиштата ЉУбен Лапе и Блаже Конески , од аспект на не/задоволства за одделенските наставнички на првачињата? Ви благодарам , убав ден.