Јас сум од мал град, тука од исто место од детско кај шо и ги ставаа вакцините од таму ќе вадам,не е претворено во Ковид центар
Копија од матична на родени и оригинал на увид и копија од лк на родител. Е сега, треба да се објави повик, да се пополни пријава, а на денот на евакуацијата ги носите документите. Сега да видиме дали ќе направат отстапка во однос на документите. За стоматолог бараат потврда од поликлиники, а баш не е соодветно во овој период да се носат таму децата. Матичната ми кажа дека кај неа се земала потврдата за вакцините
Од кај матичен се вади, барем така пишува на листите од постаро години. Мене матичната ми рече кај неа са подигнал. Не знам зошто комплицираат, би требало со копија од картон да може. А и којзнае што ќе смислат годинава, само нешто ново.
Лани кога ја запишував ќерката, потврдата за вакцини ја вадевме во матичните вакцинални пунктови. Колку што се сеќавам од матичниот лекар ништо не носевме За стоматолошка потврда, бидејќи беше епидемија, направија само да се оди до матичниот диспанзер и да се подигне потврда за детето. Ниту ги носевме децата, ниту ништо. Знам дека и без целосна документација децата беа примани, па накнадно ја дополнуваа.
И годинава изгледа ќе биде слично. Уште нема јавен повик за упис, но корисни се искуства од минати години.
Од диспанзерот каде што сте се вакцинирале се вади потврда.Одделени се тие што вакцинираат за ковид со тие за вакцини на деца,барем во Јане е така.
Училиштата се уште немаат ништо објавено. Ме буните со потврдите за вакцина. Па нели треба прво да добиеме покана за систематски и вакцина? Онаа што се прима пред поаѓање во школо, мислам ревакцина МРП? И тогаш добиваме и потврда за примени вакцини. За стоматолошки преглед гледам од лани било со закажување термин.
И јас така знам. Е сега читам согласно измените на законот за основното образование за упис во 2021/2022 потребен бил и офталмолошки преглед. Којзнае, може пак ќе одложат/сменат во пет до дванаесет. Ако толку се дигитализират нека си ги прибават документите од надлежните институции самите. Дете секако мора да се запише на училиште и да има расипани заби ќе се менуваат и поправаат, за вид очила и тоа е.
Епа некои диспанзери како на пр Букурешт се адаптирани во Ковид центри за вакцина. Сакав да ги известам родителите да не лутаат, директ во Ѓорче да си одат. Иначе стоматолошки преглед не прават, им било забрането.Преку шалтер прашуваат дали има шестки никнато и толку.
Ќерка ми е прво одделение, се уште ја нема примено ревакцината. Мислам со полни 7 се прима @referentka и лани исто беше за стоматолошка потврда. Родителите одеа и земаа потврда.
Срамота! Ние лани добивме преглед. А за систематски уште не ве викнале? Не е со полни 7, предвидена е во прво одделение. Кај ќерка ми ги викнаа на систематски во декември, но ние сега ја вакциниравме во март, одложувавме.
@Kitten ,нема бе кај нас уште систематски и вакцина,јас баш се мислев нели треба во прво? А не ми текнало да ги прашам наставничките. @referentka може за Букурешт така да е,во Јане Сандански вакцинираат и децаи од Ковид ама одделени се,баш го носев бебево.
Не не викнале Јас па мислев со полни 7 се става За стоматолошките прегледи, ако добро се сеќавам лани приемите беа во јуни, а до средината на мај стоматолозите не работеа и бидејќи имало многу првачиња на ниво на општина и сите требало да се прегледаат во Јане Сандански, одлучија на овој начин да се оди т.е да не се носат лично децата.
https://deca.mk/od-prvi-maj-pochnuv...3g5sVYOKa0_UTKEaQ1OE-kkpdEPr_3BwXyByqPQn59llA pocnuva elektronski upis od prvi maj.
А претходно нели треба како и секоја година да има јавна објава и да се наведе кои документи се потребни и од каде треба да се прибават. И до кога ќе биде рокот, посебно што кај нас било која инсталирана апликација во прво време паѓа.