Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    Не е драма.
    Кога веќе се прави, треба да ја знаеме причината и ползата од истото.
    Ко на пример ползата од вакцинален картон. Јасна и оправдана.
    ЈАС не јадам се што лета.
    Ни па ќе скокнам во вардар оти така ми рекле малоумните во МОН.
     
  2. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Со соопштение ли треба да излезат?
    За забар ете ти ја причината и ползата а за очно, па исто е очигледна.
    Ај сега идам да лапнам нешто летечко :D луда си
     
    На JoyJoy и fana им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.751
    Пол:
    Женски
    Не е малоумност.
    Скрининг е на возраста пред поаѓање на училиште.
    Не поради влијание на другите деца туку на сите деца на одредена возраст.
    Како годишните систематските прегледи во школо треба да се утврди и психофизичка спремност.
    Прегледот на видот и забите е од полза на децата и затоа е воведен.
    Да беше воведен пред школо и задолжителен на времето мојата немаше да се мачи прво одд и да не гледа добро, ќе беше откриено на овој рутински преглед.
     
    На VDT2906, azelea, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.811
    Пол:
    Женски
    Ползата може е лично за детето, ради некои родители што не се замараат.
    Воопшто не е потреба за успис во прво.
    Дали тоа значи дека матичниот стоматолог се што правел до сеа пропаѓа во вода?
    Зошто не може да даде он потврда?
    Значи не зборам да не постојат. Туку зошто се баш услов за во прво, а не задолжителен систематски преглед на 6 год?

    И зошто ако е задолжително термини за очно нема уште пред април?
    Не е драмење, разговарање е и споделување мислење.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Кај ниеден офталмолог нема термини?
    На ќерка ми и закажаа минатата недела за задутре
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.811
    Пол:
    Женски
    пред први април ми рече матичната нема воопшто пуштено термини.
    Утре ќе одам по потврда од вакцини, па ќе прашам и тоа
    Читав во букурешт има за децата од центар, од 6ти април, ама не знам дали се закажува.
    У принцип до сега со кој и да зборев рече им рекле нема термини.
     
  7. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Па да не биле пуштени. И да немате за упис ќе однесете покасно
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Значи проблемот според мене е зошто се комплицира од каде да е потврдата. На крајот на краиштата може сакам да го носам на приватно за очно кај доктор на кој му верувам, а не кај некој рандом реда ради за да добијам потврда. Исто и со стоматологот.
    Вака пак се сведува на ради реда преглед колку да се рече дека нешто направиле и згора на се нема термини. За среќа Аеродром се свестиле денес на состанок на родители со управата, па очекуваме официјално инфо дали ќе се прифаќа и од приватно потврда.
     
    На kukla21, fana и Цвет88 им се допаѓа ова.
  9. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.811
    Пол:
    Женски
    Точно...
    Прашав на забар, вика можеме да дадеме ама нема да ти ја прифатат.
    Викам а зошто мора од државно.
    За да им се брои дека работат.
    После имало гужви, не постигале се жалат.
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.271
    Пол:
    Женски
    Како не е поврзано очно со прво одделение, знаеш колку деца на систематски појавија кратковидост и далекувидост? Особено сега со телефоните... и тоа деца на кои родителите рекоа дека не ги однеле на прегледот туку преку врски им дале потврди, сите до еден сега носат очила.
    Не боли, а е многу корисно за превенција.
    Пишав и погоре, за превенција, зошто до прво веќе почнуваат да растат или се пораснати 6ките и да се заштитат, да се превенира, се задеваат или пак се оди на забар за да почне трајните заби да се чуваат. А очниот преглед е итекако важен, зошто во прво кај се изгубени целите уште да кажат дали гледаат или не, кај нас во одделение излегоа многу дечиња далекувиди сега на систематски, сите сега носат наочарчиња, а претходно не кажувале и станувале се шетале до табла да прочитаат. Баш имаше и статија на нет дека малите деца не кажуваат ако имаат проблем со видот најчесто. Така да овие прегледи се сосема потребни. Е сеа тоа со потврдите од поликлиниките за забно, не знам што да речам искрено.
     
    На VDT2906, azelea, JoyJoy и 5 други им се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Аман бре. Па ако ти вака се однесуваш детето секако ќе биде до смрт уплашено и од забар и од лекар и од се останато. Однапред знаеш дека детето лошо ќе помине на забар. Дека таму ќе ја преплашат и што уште не.

    Стварно не знам што ви е. Навистина ништо не може да ви се погоди. Ако има превентива зошто ја има, ако ја нема зошто ја нема.

    Ако детето не гледа убаво како ќе учи???? Или тоа нема врска. Не мора да има добар вид за у школо. Бог да чува. Што ќе му е.


    Инаку ќе дадат потврда, ама ќе дадат и насока што да се прави. Скрининг е. Ако има проблем да се открие пред школо. Особено тоа за видот. Ако има проблем ќе се даде упат за наочари. Да се случи да појде во школо детето а да не гледа јасно. Луди се правиме или што????

    За забар исто. Ќе се даде препорака дека треба да се поправат заби.

    Ти кажувам од искуство фин е прегледот на стоматолог. И не е толку огромен баук да се најде термин. Има и ординации од каде што се прифаќаат за офталмолог потврди, плус Клиника, плус Железара. Ако има потреба општините склучуваат и со приватните установи договори. Јас конкретно го носев во Санте (на Партизанска) зашто тогаш општина Центар склучи таков договор.

    Ова постоеше во Југославија. И сите одевме ко попчиња и никој бре не се дрзнуваше да се буни. И во сите „нормални“ земји постои. И никој не се буни.

    Само ние тука. Ќе се уплашеле децата. Ауууу. Баба роги дека шетаат.
     
    На M.B., cresa-jagoda и azelea им се допаѓа ова.
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.811
    Пол:
    Женски
    Прашањата беа сосем други.
    Дали ако има расипан/или лечење на заб нема да дадат потврда.
    Дали ако не гледа нема да дадат потврда?
    Толку беше.
    Тоа не значи дека јас моето дете неќам или не го носам на рутински прегледи кои се важни.
    Тоа што немам доверба во државните здравствени установи, е мое право и искуство кое не би го дебатирала во оваа тема.
     
  13. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.639
    Пол:
    Женски
    Никој нема да одбие да ти даде потврда впрочем прегледите се да ти посочат одреден проблем.Неможе ни без твоја дозвола да работат на заб.
    И јас како единствена мана би рекла дека е тоа што те ограничуваат каде да одиш.Веројатно одат на тоа дека можеш да платиш потврда а да не се појавиш или незнам ти што.А максимално ја подржувам идејата да се оди на овие два прегледа при упис.
     
    На VDT2906, cresa-jagoda, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.811
    Пол:
    Женски
    Епа така де.. тоа дебатираме.
    Чисто да споделиме мислење.
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  15. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.639
    Пол:
    Женски
    Се додека има дебата добро е,кога ќе почнеме со навреди џабе е се.
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.271
    Пол:
    Женски
    Ќе ти дадат таман работа. Потврдата е само дека сте посетиле редовен скрининг. Инаку верувај дека е многу потребно, не знам ти кај носиш дете ама моето од прво седнување даде и да се залие и да се извади делче што имаше останато баш на тој преглед, во Ѓорче поликлиника ептен беа фини. А очно е и преку потребно, пишав веќе, сите што добиле потврда со врски сите до еден сега носат наочарчиња.
     
    На cresa-jagoda и JoyJoy им се допаѓа ова.
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.811
    Пол:
    Женски
    Нема проблем она со одење на забар. Си оди редовно. Едино што има еден заб кој за жал може само да се оддржува. За залевање уште нема 6ки.
    Не верувам дека ќе праи проблем ни за на друго место, ама нели не се сите деца исти.
    Никогаш не можеме да знаеме како ќе реагира.
    Дека е нешто потребно, не е спорно.
    Ниту сакам врски, туку баш напротив, не сакам да ја однесам некаде колку да издадат потврда, и да им се пише дека ете они тоа сработиле.
    Ако ме читал некој по темиве ќе знае колку сум барала да дојдам до тоа што ми треба, баш за да не пропуштам ништо. Па добивам и коментари дека претерувам.
    Ама на крај испаѓа неќам детево на обична контрола да го однесам.
     
  18. Hope22

    Hope22 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2022
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мајки,
    Дали некоја од вас се соочила со сличен проблем. Се работи за ќерка ми која е прваче, како што почна второ полугодие секој ден од сабајле од само станување, по пат и во школо плаче цело време. Пробавме да разговараме да каже што е работата, зошто плаче не сака да каже. Првото полугодие беше супер. Да напоменам дека дома имаме бебенце од крајот на декември и знам дека една од причините е и тоа ама тоа што го прави она е претерано. Како сте постапиле вие во таква ситуација?
     
  19. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Еве на ќерка ми и најдоа диоптер за кој бев сигурна дека го нема.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    2.243
    Дали се важи извештај од офталмолошки преглед направен приватно затоа што проверуваме вид секоја година,баш сега во мај имаме закажано (носи наочари)