Ако не ги знае буквите и бројките, нема да ви дадат потврда, ќе ви речат да дојдете кога ќе ги научи.
Super. Nekoi znae,nekoi ne.Ne sum ja forsirala da gi uci.Tek sega pokaza interes od gradinka. Ke bide placki do besvest ako mora da gi znae a ne gi znae
Како не морала да ги знае. Кај мене големиот ги знаеше буквите и бројките пред да почне во школо, малото не покажа интерес, сега како прваче ги научи. Уште од првиот преглед кај офталмолог (порано од почнување во училиште) докторот праша дали ги знае бројките. Кажав дека не ги знае, му пушти сликички од форми и животни со различни големини. Не пушташе ни букви ни бројки. Јас не носев класична потврда од офталмолог за упис во прво, со извештајот од редовна контрола поминавме, оти малово носи очила уште од неполни пет години.
Нас не ни дадоа потврда, да дојдеме пак кога ќе поднаучи ни рекоа, ама дека кај нас во школото помалку деца има, помали се паралелките, воопшто не ни направија проблем за упис за таа потврда, ни рекоа да донесеме во Септември/Октомври кога ќе научи колку толку букви и бројки и така и направивме. Во 8 Септември ова..
Леле сериозна си била. Незнаев дека пред да одат на училиште треба бројки и букви да знаат @Annath Вторник сме на преглед,баш ќе биде забавно Неколку пати пробав да ја учам,ама се нервираше и плачеше оти од прво неможела да ги напиши како треба и оставив.Сега во градинка учат,па гледам сака,прашува,учи.
Не треба да ги знае. Кај нас во градинка дури и потенцираа да не ги форсираме да учат зошто после досадно може да им е во училиште.
Не треба да знаат. Еве ти кажувам, моево поим немаше од бројки и букви, си почна буквално без никакви предзнаења, си ги научи во школо. Еве, уште учат букви, уште некоја им е останата. Тоа на Нина не знам што е, нелогично ми е, не верувам дека некој враќа дете оти не ги знае буквите и бројките. Уписите се во мај најчесто, и мора да се имаат тие потврди, плус вакцинален картон. Без потврди нема упис, а дека некој ќе чека до септември, не верувам.
Па и јас ова често сум го слушала,еднаш изрази желба,пробавме,само плачеше и оставив. Од градинка учат ама не така често.
Во градинка треба да ги спремат за седење во клупа и концентрација, држење молив, боење, тие работи. Лека полека ќе се навикнат. Мене ми е неприфатлива програмава по која што сега учат првачињава, ама јбг, изгледа некој мислел дека мора се' да се научи во прво одделение, за другите одделенија ништо не оставиле
Коски ми се тресат,мојава како што е нервозна и МОРА се од прва да се научи,ќе треба да јачам нерви од сега. Песничките ги учи од прво ама еве бројки букви не и одат.
Кај брзаш? Кој не научил, и таа ќе ги научи, ич да не ја мислиш. Кај децава од претшколска возраст и еден месец менува доста, а септември и не е така близу. Ќе биде, ич да не се секираш, ќе ги научи. Ако ти се плашиш и си нервозна, не покажувај нервоза пред детето, да не и' ствараш притисок дека мора сега и одма се' да знае. Дома нека црта и бои, ако каже дека сака букви, учете ги. Бушава азбука многу помага, бар моиве ја сакаат.
Исто треба да знаат да користат ножички, да се дружат. И син ми не сакаше да ги учи буквите и престанав да форсирам, да не створам одбивност. Па еве го сега (второ е) чита убаво и течно. Се со време...
Мојава сакаше да научи да чита уште пред една година.. се бунеше зошто нормално не можеше да научи и се нервираше, а јас и велев дека е во ред што не може да научи сега, затоа ќе иде на училиште. Сега пред скоро, почна некои зборчиња да ги сврзува, сама, ама пак не ја учам, ако седне и земе сама ок, ако не, не спомнувам. Не се нервирам ама баш ич за тоа. Се нервирам што никако не сака да збори со возрасни.
Не грижи се сестрите во амбуланта се многу фини, со мој термин готови сте за 5 минути. Ама ако треба да ја прегледа доктор ќе ти кажат кога. Ние лани окапавме во ходник скоро 3 сати кај Деан. И ние сега треба да одиме на контрола само термин чекам да фатам. Не се нервирај син ми пред школо да почни повеќе беше по бројките од буквите.Буквите знаеше да ги распознава но се бунеше. Гледавме бушава азбука, биби и боби и сложувалка од букви И почетокот на август седиме дома дете на нет гледа и почна сам да чита да сврзува слогови. убаво се сеќавам за фудбал беше за Роналдо. Ние со маж ми се гледаме и се чудиме. Син ми на 5 не знаеше да држи молив, едвај се науч, па ножички сега во школо се научи. И твојата ќе појави интерес сама без форсирање.
Се сеќавам дека пишуваше оти незнае да држи молив. Знае да држе молив,сечи со ножичка од мала,убаво бои,ама за цртање е тешка. Ќе нацрта нешто,плачи не било убаво,и веќе не црта. Мислев како ќе растат полесно ќе биде со децава ама само нервози и обврски плус. Фала девојки
Ние преглед во очната Санте многу убав имавме, на компјутер, еден апарат и со сликички, му дадоа да распознава форми во форми, дали ќе погоди која бројка се крие во сликата и ако знае да чита да прочита кратко едно ко слоганче.
Мислев за букви прашуваш заради прегледот? За мали дечиња кои не распознаваат букви има фигури и слики, на пример буквата Ш и е извртена на сите страни лево,десно, нагоре,надоле, и офталмологот го прашува на која страна се цртките и со рачето да покаже... А доколку се грижиш дека детето не знае букви-па за тоа оди во школо, таму треба да го описменат Син ми имаше многу голема аверзија према боење, се додека не почна да бои тоа што сам си нацртал
Иако децата на оваа возраст најмногу примаат, не треба да се форсираат за ништо што не сакаат. Ако покажат интерес во ред е да се искористи тоа да се доразвие таа вештина, во спротивно училиште е за да учат и таму ќе научат се што треба. Ни мојов не знае букви (некогаш препознава десетина, некогаш ни тие не ги погодува), а и со цетање/боење богами. Само за броеви покажува интерес. Секое дете си има афинитети и нема потреба од форсирање.