За потврда од стоматолог за прваче треба упат од матичен стоматолог? Или се оди без упат од каде бараат од училиште?
Не треба упат, поликлиниките у принцип имаат нели стоматологија и таму, во Ѓорче е во поликлиниката Ѓорче.
А кога почнуваат да ги менуваат забите? За првачиња ви стигнуваат покани или нешто слично, гледам ги носите на систематски, јас немам појма што и како треба? Не сум ја носила мојата никаде.
Моето е родено на 30.12 како што разбрав мора оваа год да го запишам иако ке нема полни 6.Тие во јануари можат да бираат дали ке одат со полни 6 или ке тргнат порано.
Како закажавте за очно, јас минатата недела се јавив кај матичниот ми рекоа дека сеуште нема пуштено термини.
Во прво одделение може да тргне со најмалку 5 години и 8 месеци. Штом е родено 30.12 значи мора да го запишеш во прво одделение.
Мене ми рекоа дека декември и јануари може да бираат. Moјата e јануари. Покана не ни следи, да ја однесам сама на тестирање т.е упис
Ништо не ни стигна за батко во април роден, ни кажаа од градинка, носете ги на очно и забно и до крај на мај носете ги на упис, така мислам беше. Уствари прво носевме документи па после ни се јавија да ни кажат кога да одиме на тестирање. Иначе бираат само родени од 1.1 натака, ние 2 дена пред Нова година ќе мора со неполни 6 да одиме во школо, за малото зборам, а да го носам во Симпо зорле да му измислувам дијагнози не планирам.
И каде мислиш дека е точен диоптерот? @mal.ecka на син ми никогаш не му покажуваат бројки и букви, одиме од пред 3 години на прегледи, го гледаат на компјутер и потоа гледа сликички
Мајки на првачиња, имате приметено намален вид ова полугодие? И како се штитите од нивните вируси? Изгинав од вирусите негови, од јануари до сега еве трет пат сум болна, а за точно 1м 2 пати гнојна ангина имам.