Ама јас за Автокоманда пишав. Во школото каде што ќе учи моето треба таму на забно и на известувањето пишува треба да се закаже.
За видот не знам. Ама вирусите и бактериите мамата ни ја расплакаа оваа учебна година. Секој месец е болен. На крај матичната Изопринозин му даде. И во школо во омемтов кружи некоја Стрептокока молам бога да ја одминеме. Во моментов е со некој вирус (од денес веројатно и јас зашто почна грло да ме боли).
Исто за грло, вчера на родителски пола ученици болни рекоа родителите, 2 родендени имаше викендов и сите што беа на роденден болни. Извини разбрав Јане, тогаш во вашата поликлиника, вие мислам под Бит пазар спаѓаат поликлиника, така? Ѓорче, Јане не се закажува со сигурност ти кажувам.
9 од 10 чешлиња ги виде ма прегледот за очињата. Праша дали ги знае бројките,и кажав дека не ги знае сите. И покажа фигура во форма на чешле,па потоа такви формии свртени на различни страни и различни големини,па доби 5 на раче
Школово кај што ќе биде синко прваче,го истакнаа соопштението со шотребни документи за упис...Е сега,треба да ослучиме дали целодневна дали клссична....Ми спомнаа ако нема доволно интерес и број на дечиња за класична,мемада се одорми такво одд.Дали е праксата таква и по други училишта?Јас повозбудена од синко...синко нема појма што се дешава
И во нашето школо нема доволно деца класична за да се оформи паралелка, па тие ги ставаат во целодневна и родителите си ги зимаат во 12
Уписите се во мај, а прегледи се прават сега. Види на страната на фб од училиштето обично објавуваат.
јас дури веќе и заакажав тестирање за моево прваче Значи провери си на нет вашето школо што има објавено.Може запишување орваче и онлајн,па дополнително ќе ти закажат тестирање.Тоа мора со физичко присуство нели. Него дали знаете одприлика што би прашувале на тестирањето?
Јас имам синче крај на декември родено, генерациски би требало сега да тргне во школо ама се мислиме дали да одложиме да тргне со полни 6 догодина. Е сега вака, умен е, сите букви ги знае и латинаца и кирилица, брои до 1000, знае да брои и по 5, и по 10,и по 100.Форми,бои,знае.Часовник да гледа знае, бои без да излегува од линии, годишни ни времиња, денови, месеци, пишува имиња наши, и прости зборови како мама, баба, бебе, тато,знае да прераскаже приказна, има голем фонт на зборови ама кога збори брза и почнува да сецка, не е класично дткње и не ја вика буквта р правилно.Тоа една од причините за да одложиме за да оди оваа година на логопед. Исто не го држи место, се многу брзо му здосадува и затоа маж ми е убеден дека не е спремен за во школо.Незнам колку би седел мирен на часови и пишување домашни, имаат обемна програма. На мои другарки децата тргнаа заедно во прво одд, едното родено во Јан другото во Ное, многу различно се снајдоа,тоа од јан немаше гајле ова од ноември многу тешко му беше. Јас навивам да оди сега, прашавме во школо што треба за да се приложи за одложување и ни рекоа може со обична потврда од матичен лекар или психолог дека детето не е спремно за на училиште. Што мислите вие, има ли некоја мајка со слично искуство. Мои блиски ми викаат подобро е покасно, цел живот ке учел да не му кратиме од детството јас сум на два памети.
Еве линк од 34-35та мин дава одговор Ранко Рајовиќ. Ја сум тргната на 7.5 год на училиште, бидејќи не сакав на 6.5 и воопшто не жалам што дома ме послушаа кога ме прашаа кога сакам да тргнам. И ден денес им се заблагодарувам за тоа.
Мојата е во Ноември и ќе си почне од Септември со 5г и 10м, а не знае ни 30% од ова што твоето го знае Ама тоа не им значи воопшто, немора спремен да тргне, се тоа ќе си учи и совладува кога ќе почне. Синчето исто како неа со основни познавања на броеви до 10 и неколку букви на кирилица што знаеше (а он со 6г и 5м тргна), па се со ред си совладуваше и сега е второ одделение и оценет е на највисоко ниво, се супер му оди. Мојава оди една година на логопед веќе, поради други букви одеше и моментално се работи на буквата Р баш и од три часа почна да ја кажува. Само не ја вметнува после согласка, а после самогласка може. Само вежбање треба и ќе успее. Така да не чекајте за Р, до 5тата год треба да ја има. Ако после 5г не ја кажува, треба логопед. Иначе и групата нејзина од градинка сите ќе почнат првачиња и баш мислам дека и неубаво би се чувствувала да ја стават во друга група уште една година... А кога ќе видиш, сите не се спремни за првачиња... многу рано тргнуваат Толкацки мали кога ќе ги видам, со тоа ранците поголеми од нив. На сите поубаво мислам би им дошло уште една година да си ја имаат без учење, без седење во клупа со саати..
И кај нас исто рекоа, ако нема заинтересирани за класична ќе си одат со целодневна само порано ќе ги зимаат. И така би. Подобро е целодневна според мене. Јас би ти рекла да го пуштиш, јас пишман сум што не го пуштив порано зошто за 1г само научи уште куп други работи што не ги знаеше лани и сега му е досадно во школо. Моето ко твоето, само плус чита и пишува како возрасни од 4г, течно. Јас би ти рекла да не одложуваш, не е дека во прво седат само во клупа и ништо не прават. Не, мислам само мрп е задолжителна, а ако ја нема примено ќе ја прими во школо.
Ако детево сега знае се ова до догодоина ќе донаучи уште нешто и уште подосадно ќе му биде. Мојот е најмал во одделението и ОК се снајде (роден е во јануари). Детето што најмногу се врти и пречи на другите во школо е тоа што е родено во Февруари и е скоро една година постаро од син ми. Значи појдено баш како што би сакале вие со полни 6 (скоро 7). Дали ќе седи мирен или не на час ич не зависи од тоа колку години има, туку од тоа дали може да задржи концентрација (нешто што може да го вежба од сега до Септември), зависи дали наставничките ќе работат на начин кој на децата ќе им биде интересен и милион други фактори. Концентрација за школо се вежба. Изговарањето гласови исто се вежба, како и завлекувањето. Ако мислите дека има прилично голем проблем тогаш разговарајте со дефектолог/логопед за да добиете стручен совет дали детето да појде на школо сега или да се одложи поаѓање. Комшии и пријатели се апсолутно нерелевантен фактор.
Јас мислам да си го пуштиш сега и моето е родено во декември, си тргна со неговата генерација. Бројките само ги распознаваше и по некоја буква. Се си совладува без проблем. Исто што кажа некој погоре најнеумното дете им е што е родено во јануари и е скоро цела година постаро од моево. А и за да не го запишеш оваа година треба да извадиш потврда дека не е спремно за во училиште која ќе му стои во досие до 9то одделение, зошто нормално дете да си го уназадуваш. Што викаат дека детството им се кратло нема врска, имаат прекрасна дружба во училиште, не можеш да ги прибереш после часови. Моево не ја засака градинката, со плачки одевме до крај ама затоа во училиште се лути ако го земам пред 3ч.