Купете и ранец, не ги слушајте овие погоре, првиот ранец е секогаш најголема радост за детето а и за родителите.. Кога ќе си го видиш детето дека ти пораснало, и со ранче на него влегува во школо, па нема поубаво чувство.. Па дури ако сака и нека не го носи никогаш..
Не знам да ти одговорам. Обично секое училиште си објавува при известувањето за упис од каде да бидат прегледите.
Не е точно, не е секаде така. Ние во петок си ги зимаме ранците, во понеделникот си ги носиме. Како иначе родителите ќе знаат детето до каде е со материјалот. Тоа можеби кај вас е така, кај нас се носат ранци. Што е ова западњачки системи, искрено безвезе, каков е тој ученик без ранец, какви слики им даваме на децата, дека школово е шетање на корзо... Златно наше време, а не ова сега...
https://nezavisen.mk/od-utre-upis-na-prvachinja-za-uchebnata-2023-2024-godina/ Секаде го пишува истово
Вакво нешто ма страните ма училиштата не пишува. А баш барав каде има пријава да се пополни бидејќи логично е да се пополни.
Вчера завршивме со упис. Ништо не спомнаа за електронски. Си ги подадодвме документите на лице место, на закажан термин од претходно, пројде проценка и доби потврда дека е запишан.
Ќе ве замолам за мислење за основни училишта во Кисела Вода. Од каде имате генерално добри искуства со вашите дечиња? Ни одговараат Партение Зографски, Кирил, Дуња, Кузман долното и Браќа Рибар? Никако не можеме да се одлучиме за упис.....
Може некоја мајка да каже список пример што им треба на првачињата? Од страна на школски прибор, знам дека ке добиеме список ама кеиф е да се купи нешто и сега
Бојци, фломастери, прибор, колаж, пластелин, блок, ножички, моливчиња, гума, оштрилка, тетратки нас ни бараа А4 формат без линии, само за математика по коцки. Имаше уште ама ова ми текнува сега Edit. Еве и списокот го најдов
Сега можеш да земеш шишенце за вода, некоја мала тетратка, моливче, гума, боички, да си ги користи летово, а за во септември ќе ви дадат список. Нашиот список беше поинаков од овој, имаше многу повеќе работи. Сега и да ги купите така ќе ви стојат, подобро земи нешто симболично. Јас на синко му купив молив и тетратка кога се запишавме, дека сега е ученик, не е бебе веќе.
Ако сакаш да не ви дојде нагло купувањето купи сега поголеми работи како ранец и кесе за прибор и моливи HB и гумички. Исто така може да ви треба шишенце за вода. Инаку конкретни списоци ќе ви дадат во школо. Што и да купиш може да е трошење пари без потреба. Ние се купивме во Август, ништо кога се запишуваше.
Фала на сите, ранец доби поклон за запишување, исто и кутија за храна и шише, има моливчиња и гуми, ако ми фати око тетратка убава некоја и фломастери ке купиме, па за друго ке почекам,