Девојки, дајте по некоја идеичка за подарок за прваче. За внуче ми е. Ги разгледав на последната страница предлозите тука, ама сакам нешто поинтересно, поново. Везена маичка со натпис или цртеж поврзано со школо? Сакам нешто што би било со потпис за него, персонализирано што би се рекло. На другите внуци им подариб ваков молив А сега за вакво телевизорче што мислите? Или глупо е Сакам нешто што ќе му биде и игра и од корист ама и спомен.
Ова телевизоров не знам за што би се користел. Види креативна работилница три точки на facebook или instagram. Има некои работи што може да се персонализираат.
Јас на моите вакво купував adora gifts na instagram Мислам дете пре ке се радува на ова отколку на маичка
Ден , два пред да почнат. Нас ни рекоа и дека вибер група ќе ни направат, па така ќе сме знаеле. Јас купив само ранец. Избор жалосен. Просветно ужас, одиме ни проверија во ист гејт каде ги има тие што ги сакаше мали, онаа се чуди , шифрите испомешани им биле а ранциве еден врз друг, бетер од пазар.Бевме во офис ,синко сакаше “гејмерски” со плејстејшн , огромни беа. Па падна изборот на фудбал. Инаку првичната желба беше мајнкрафт ама само еден начекавме во џамбо , лит, никаков а 3000-ки. Само тоа купивме , ќе чекаме список, а и моиве се понудија да докупат , па ќе чекаме и подароци. Нарачана и торта од перфето за првачето. Јас сум ептен возбудена и едвај чекам Ми порасна , момче ми е Едино ми е криво што ќе седи целодневна , но така ме посоветуваа дека е подобро Еве ни го ранецот
Во просветно во Сити баш ми се виде голем избор. Ние земавме од офис, како по квалитетни ми делуваа, на тркалца падна избор за да не носи тешко. И јас со тортата од Перфето, насолзени очи и возбуда како да јас ќе одам во школо. Нека им е со среќа ново поглавје во животот
Се мислев и јас за тркалца , но бидејќи мајка ми ќе го зема , ќе биде невозможно бебе со количка и ранец на тркалца , па вака на грб полесно ќе и е Инаку поквалитетни личат од Офис да Со лесно
Дали знаете дали има можности оваа школска година да започне на 4 септември,бидејќи 1 ви е петок? Има некое официјално соопштение?
да, во југоекспорт има мн убави Јас сино земав за синко... Само ранец земавме од просветно.Анатомски,без тркалца.Водени од идејата дека ќе биде целодневна,па нема секој ден да го влече на грб.. јас превозбудена,а синко како да не е свесен баш. Него,ме интересира од колку саат им почнуваат часовите на основциве? Да се организирам и за работа и школо и градинка...Нова ситуација ова ми е
Здраво Од Инстаграм најдов профил со дрво што изработува, само да се сетам кој беше, пред две години беше тоа Дали rusticmmwood беше...
Уште не сме отишле по купување на потребни работи, но еден совет од мене (како мајка на едно идно третаче и прваче и како вработена во училиште), прибор во кој се пикаат работите во ластици НЕ Од искуство сменивме 2 такви со синко, брзо се отпаруваат ластиците.. а некои не ги собираат секој вид на фломастери. Со синко после теравме со посебни несесери за боички и молив, острилка, гума, лепак, а посебно за фломастери (и ова е скроз непрактично, гледајќи и кај што работам, расфрлани на сите страни и ништо не знаат кај им е) Вака како што гледав што користат децата кај што работам, овие најубави, најпрегледни ми се видоа (со 3 посебни патенти, а еден прибор). Во една преграда молив, гума, острилка, ножички, лепаци, во другата боичките (каде може повеќе од 12 боици - повеќе разни бои да си стават), во трета фломастерите Најдобро се да им биде на едно место. Еве вака предлог, јас што ги меркам.. има разни дезени
Ранче за храна носење купив Кутии решивме да имаме веќе 4ри по дома и не треба нова Целодневна Секако не верувам од старт да има храна школово, лани ноември добија тендерот Јас битно купив мафини, крекери и јаболки за ужинки
Се спремивме со ранче синко сам бираше од просветно дело поголем од него ама едвај чека да го носи. Прибор во склоп со ранчето па и шишенце за вода такво јас повеќе се радувам од него. За друго ќе чекаме список од школо за поклони доби куп фломастери, дрвени, мрсни боички од блиските за до 3 одделение ќе имаме.