Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Јас сметам дека во училиште треба да учи , дома да не изиграваме учителки. Со мене никој не учел. Не ме ни прашале моите - имаш ли домашно, имаш ли тест? Сама учев секогаш, освен во средно кога ми требаше професор по математика. Со татко ми чат пат математика вежбав, но еднаш се случи да промаши се и да добијам тројка.
    Тоа им е работа на учителките, како што јас работам за што сум платена така и они треба. А кое дете колку/како ќе разбере секако не се сите исти, некое е генијалец некое нема капацитет, тоа веќе е друго.
    Го проверувам во недела чисто ме интересира што учат. Песните ги кажува научени од таму. Штом дете учи таму песна. значи сигурно се посветени.
    Сам бара да му задаваме задачи, тоа со задоволство маж ми го прави.
    Но не сакам да биде зависен од нас за учење, сакам како јас што јас сум научила сама да читам и сама што сум учела така да биде и он.

    Нашите кажаа дека од оваа година имаат нова програма и дека се исплашени како тоа ќе се одвива. Дека децата се премали за толку многу работи одеднаш. И така е. Ова нивното прво , е наше “забавиште”.
     
    На elcezelce, joy1, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    @JoyJoy жими сѐ, ти си единствен што е задоволна од програмата.
    Мене ми е преагресивна за возраста. Имам другарки по светов и фокусот е на основни работи, не на сѐ и сешто. Од многу работи, се губи фокусот од то што треба.
    Многу битно децата во трето да научат дек има 206 коски. Папагалски информации :)
     
    На Lady*Bug, delvi, anggell и 5 други им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    @eli25 програмата е од пред 3 години. Генерацијата нс моето дете е прва. Сеуште немаат печатена книга математика зашто се прва грнерација. Разработена е веќе. Не знам зошто годинава се крева толку фама.

    Инаку со мене дома моите работеа. Уште го помнам денот кога ја пишував буквата А првпат. И се занимававме и со глупости како Краснопис со пенкало со мастило. Од оваа перспектива ви изгледа поинаку ама не сте се родиле учени, ниту програмата била најлесна, нити се во школо сте постигнувале. Некои работи се забораваат.

    @kukla21 одговорно ти тврдам дека програмата е во склад со она што се учи во свет. Лично проучувам системи на образование, сум поминала цела година во училници во Велика Британија како истражувач. Лани бев во САД каде купив материјали за прво и исти се. Информацијата за број на коски не знам од каде ти е ама ја нема ни ви програна (не ни може да ја има зашто програмата поставува цели на учење и теми) ниту ја има во учебник за прво.
    Проблеми во образование има многу ама сегашната програма не е еден од нив.
     
    Последна измена: 17 ноември 2023
    На azelea, kalinaka, TarantulaA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    со мене исто не учеле. Со многу околу мене никој не учел. Сите одевме класична настава. малку си нереална.
    Најреален коментар што го прочитав беше ма @Annath. Тоа е она кое и јас го гледам во моето окружување.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.992
    Допаѓања:
    13.775
    @JoyJoy не си во право. Програмата е тешка за децава. Не знам како може да ти е ок ова. Со мене мајка ми некогаш работеше математика ( чисто да ми помогне), и тоа кога бев седмо одделение. Претходно малку сме вежбале за викенд. Сега кај мојава е сосема поинаку, јас работам дома, песнички читам, она по мене кажува, математика исто, минус и плус јас ја научив да ги разликува. Ај ова се основни работи, не знам зошто наставничката не им го објаснува. Значи таму ништо.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Со мене работеше мајка ми цело прво и дел од второ. Со брат ми подолго. Со маж ми исто работела мајка му подолго време. Од оваа перспектива детево ич дома не работи. Книги се носат во Понеделник, се земаат во Петок.
    Не знам како се сте постигнувале во школо во прво и второ. Јас ете со помош сум работела.

    @Black girl ако ништо во школо не работат имате проблем со наставничката. Песнички не ни треба напамет да учат.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.992
    Допаѓања:
    13.775
    Песнички учиме дома. Тоа памти. Знае да црта, да прави фигури.
    Математика имаме поголем проблем.
     
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Играјте не лути се човече, карти (макао, уно), бројте овошја и слично. Да се развие логиката за бројка, количина и слично. Материјалите од градинка видете ги (таму при крај имаат работено количина, броеви, пари и слично).Треба време да слегнат нештата.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Ги споредив со книгите од лани , скроз е поинакво.
    Немам потреба да измислувам, нити имам заборавено. навистина родител нема седнато со мене освен кажувам во кои моменти за математика. Кога научив да читам, беше летен распуст, пред да почнам 1во одд. сама научив ни сама незнам како, моите беа пресреќни и зачудени од каде. Како вчера го паметам тоа.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Леле Блек тешко тебе. Навистина немам ни време по цел ден да учам и тоа уште во 1во одделение а тек понатаму?
    Очигледно до учителките е , ужас
     
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    @eli25 иста се. Еве баш ги споредувам со тие на син ми. Некои корици се различни внатре содржината е иста само дел од прилозите на пример по Природни науки порано беа на крај сега се во книгата. Уште ги чувам книгите на син ми и еве сега ги споредувам со тие на e-ucebnici што се ставени. Програмата е сменета во учебна 2021/2022 со новата концепција за основно образование.
     
  12. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    22.713
    Пол:
    Женски
    Да не испадне само кукам од мкд образование
    Петокот имаа 'диктат'...Со тие теи букви што ги изучиле.Домашно за викендов исто диктат требаше да му правам.Интересно како мозочето му работи.Не распознава редослед на букви коа треба да пише,па си повторува неколку пати во глава.Мора вежбање.
    Моето е целодневна и нема шанси да не го испрашам што учеле,буква/бројка.Според расположение,обавезно нешто му давам да провежба.Има мн ко сликовници ,росица,на забавен начин да се вежба рачето.
    Прогрмата за овие два месеци мене ми е сосема ок.Наставничкава амбициозна е,и не замерувам у тој поглед.Едноставно,така мисли дека треба за да извлече максимум.
     
  13. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Диктат?!
    Машала многу амбициозна наставничка имате @TarantulaA :smirk:

    Воопшто не се согласувам дека со тој пристап, начин ќе го извади максимумот кај децата, може кај некое поамбициозно, ама кај повеќето револтот ќе е неизбежен..

    Диктат (facepalm)
     
    На anggell, Maca Macka, Selest и 3 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.272
    Пол:
    Женски
    И мене ми се свиѓа на децава програмата, што знам, ние во забавиште учевме и букви и бројки и основни работи математика. Пред 30г. Што сега се помалку способни децата, тоа пола деца од 5г одат на Стем, Лего, Програмирање, Малац генијалац, Бреинобреин, ама ај. Е ај ако не да бојат само, второ се нашиве дел уште не сфаќаат дека ова е школо не градинка, па бараат играчки да си носат од дома.
     
    На Iki lepi и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. Iki lepi

    Iki lepi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Мајки како ја прифаќаат програмата првачињата,сакаат да пишуваат?покажуваат ли интерес,како издржуваат целодневна?
     
    На mal.ecka и TarantulaA им се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Син ми да. Покажува интерес сам бара да му даваме задачи и да го испрашуваме. По мене мислам дека не им е лесно , но сега засега добро се држи и целодневната е супер, таму пишува се.
     
    На mal.ecka, TeddyGrey и Iki lepi им се допаѓа ова.
  17. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    22.713
    Пол:
    Женски
    мислам дека зависи од наставничките колку бараат и форсираат.Моето е целосневна,плус за дома им даваат по некоја домашна/наставен лист.
    Отпор секако се осеќа од детево...
     
    На mal.ecka и Iki lepi им се допаѓа ова.
  18. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    Почнуваме со отпор особенопо математика, некако ми учат пребрзо ... собирање и одземање до 10 за три недели с. сега за два дена собирање и одземање сдо 20, и мојата се изгуби. учителката има метод даим пишува оценки ако не с еоценуваат сега како мотив, ама кај нас тоа не делува. И покрај тоа што учителката си мисли дека не вежбаме, работам со неа по три саати дневно но некако не и легнува математика брзо, и многу грешки прави на часовите кога сами решаваат. Веке од што ја форсирам не сака ни да вежба. Букви уште не почнале да учат од оваа недела најверојатно. ВО друго школо кај што е внук ми исти прваче досега имат изучено 4-5 букви и собирање и одземање до бројот 7. Стварно незнам каков е тој метод секоја учителка како сака така да си ја предава програмата. А ако знаете некои начини како да и објаснам како полесно а собира и одзема до 20 (бидејки немаме толку прсти) ве молам да ми кажете.
     
    На mal.ecka, Iki lepi и TarantulaA им се допаѓа ова.
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.457
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Дали е дозволено кај вас да се носат часовници? Кај нас ги забранија.
    Ептен се чувствувам испаничена, плус и со ситуацијата.
    Така некако се чувствував посмирено, последните години поради лоши случки инсистирав за носење и син ми ептен е послушен го носи.
    Сабајлето мислев кога го оставив во школо да се вратам и да си го приберам дома.
    Мислам дека и нема некој рамнодушен сега :u:
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  20. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    @delvi 3ч вежбате?
    Премногу е, кај има дете од 6г толку концентрација, веќе девојчето и да сака од толку притисок нема шанси нешто да научи.
    Пробај преку игра да учите и само преку игра, има куп едукативни играчки со бројки, собирање, одземање.
    Пишување бројки ќе учите накнадно ако не ги знае, ама од што ќе ги гледа верувај и нив ќе ги научи.

    Оценки како мотив?!
    Под итно да се буните за ова, не е дозволено!!
    Ќе си најде друг начин и друга метода!

    @anggell телефони не смеат кај нас, ама за часовници ич не ми текнува дали спомнаа.
    Секако како што читав многу често давале грешна локација часовниците..
     
    На mal.ecka, joy1, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.