Не е само за еднаш маичката и за сликање,ќе си ја носи у школо,не да ја испереш еднаш и толку да биде од неа
Купивме и ние ранец почеток на јули бев во Просветно дело и случајно го најдовме, дека лански намален беше на 1050 ден, па го бендиса и првачето дека има диоди и светка ако го чукниш на топката па баба му му даде пари за него. Кај нас нема целодневен престој, па свекорот ќе го чува тие неколку часа дури сме на работа. Друго не купувам бидејќи се најавија роднини дека ќе му купеле по нешто, со другарка порачавме маички па чекаме да стигнат, од Персонализирани подароци 400 ден. За дома најверојатно ќе му ја облечам, за таму има аутфитче од крштевката од брат му, пантолони и кошулче И така мене страв ме фаќа како ќе биди се
Здраво мајки Имам и јас прваче од септември, ранец купивме а и од работа ми дадоа исто ранец полн со прибор. Е сега сум гледала од претходните години ги сликаат дечињата со таков молив од хартија голем, најверојатно внатре има прибор, сигурно сте виделе. Па не знам дали родителите сами си ги купуваат или им ги даваат од школо, или можеби зависи од школото. Бидејки ми е прво дете не знам. А може е и по желба. Ако некој знае да ми каже
Мами на првачиња, каде да најдам футрола за прибор- несесер со ликот на супер Марио... за подарок ми е?
Големиот молив јас му го направив од хамер и го наполнив со прибор и мали чоколади. Детето се прерадува, цела година го чува над биро не дава никој да го пипне.
Препорака за работна маса? Се двоумам меѓу стандард дрвените со фиоки и има некои на нет како метални со прилагодлива висина. Макар што вака од око ми изгледаат ептен непрактични( освен тоа погоре) Некој совет?
Што им треба на првачињата за почеток? Колку и какви тетратки? Претпоставувам фломастери, дрвени и водени боички, колаж, ножички..? Пластелин и мрсни бои користат или не? Блок кој број? Лепак, линијар (со форми или без)?
Кај нас во школо на родителска давале список со што треба да им купиме. Јас само некои ситници од мерак му купив.
Најдобро да почекаш список од учителката, како што те посветуваа другите мајки. Ама ако и ти како мене не можеш да се воздржиш и сакаш да купиш нешто од мерак, тогаш земи тетратка за почено пишување ( тесни и широки ) , тетратка со квадратчиња, моливи , гума, острилка, фломастери, дрвени боички, лепак, ножички... ова секако ќе треба за прво одд. За друго почекај список од учителката.
јас купив дрвени боици, фломастери, мрсни боички, водени боици, моливи , гуми, острилки, ленир шаблон ,ножички, тетратка зс почетно пишување, тетратки од мерак зедов а4 и мали дека не знаеме што ке бараат празни со линии и со квадрати па сега ке чекаме список за друго ако фали
Ова нас ни беше на списокот: -Две тетратки со тесни широки, две со коцки, две без линии. -Блок број 2 (3ком.) -Линијар со форми -Дрвени, мрсни, водени, фломастери, пластелин, глина, темперни и палета пластична за темперните, чаша за вода за водените, колаж, ножички, лепак за хартија во стик и течен лепак.