Во училиштето кај што мислам дека спаѓаме сега според адреса, кај што и јас сум учела пред 30 години, има класична настава. 2 часа по 45 мин со 5мин пауза, голем одмор 25мин, па уште 2-3 часа по 45мин за 1-4 одд. После има дневен престој ако останува детето до 4-5 попладне. Исто како јас кога учев. Гледам дека повеќето училишта веќе се со целодневна, и тоа мислам дека е одличен избор во споредба со класична настава. Ама јас со класична настава имам искуство, и затоа викам по мое мислење тие ми се критериумите за "спремно дете". Ама не сум јас никако поврзана со образование и воспитување во училишта, си има стручни лица кои тоа го одлучуваат, и без разлика дали детето е 5г и 9мес или 6г и 8мес, нивниот збор е последен. Затоа викам не треба да ние како родители да викаме "ама не е спремно детето дека е родено кон крај на годината". Ако стварно не е спремно, на тестирање ќе ни кажат стручните лица. А за спиењето да не коментирам. Ќерка ми дома нема спиено од неполни 3 години. Преку 5ипол има и уште ја легнуваат во градинка. Немаат алтернатива. Лежи пола саат, ќе дремне 15-20 мин и после дома се журка до 11. Едвај чекам викенд да ја легнам во 9, а не да чекаме дедо Мраз да доага секоја вечер. Има деца што уште спијат по 2 саата на 5 години, па и тоа не е добро кога ќе тргне во училиште. Наеднаш еден ден му викаш не може да спиеш. Им фали таа транзиција, барем последната година во градинка да им го намалат или комплетно скратат спиењето, да има период на адаптација.
@Spidy според новата Концепција немаат класични часови до трето одделение ни во класична ни во целодневна. Тоа што кај нас има огромен отпор кон промени е друга приказна. Затоа можр некој не ја ни спроведува Концепцијата како што е замислена и напишана.
Нешто се грешка во диспанзер. Таа вакцина се прима во прво одделение и тогаш има закажан систематски за сите и примаат вакцина. Нашите дури во април ги викнаа на систематски и вакцина.
Не знам, мене ми рекоа "по службена должност треба да пратиме вакцинални картони во школите за сите деца што ќе тргнат првачиња сега во септември. Доколку вакцината не е примена пред 1 септември, мора да го забележиме тоа". И кажав дека во јануари ќе ја прими вакцината, по наполнети 6 години, само рече добро, тоа е ваша одлука, наше е да ве известиме.
Ок нека пратат они по службена, ама нема потреба таа да е примена ич не се замарај. Ќе си ја прими со сите дечиња на систематски. Тоа со години наназад е така, не е нешто ново па да не знаат.
Од некој диспанзер се стварно напорни. Мојот има 6,5г однесов вакцинален при упис и тоа е тоа. Ревакцина нема.
nas ni rekoa od cetvrtok Vo pogled na vakcinite i ucilisteto deka mokava ne e vakcinirana nas ni rekoa da potpisheme na upis izjava deka vo tekot na godinata ke ja vakcinirame. Cisto formalno iako zaverena so niven argivski broj toa skoloto da si e zastiteno
Од продавница за мебел зедов, детски таков си одбра, но и возрасен издржува, и ние знаеме повремено да седнеме.
Да биде лесен и издржлив. Ние земавме анатомски и тој го користеше до 3-то. Го носеше секој ден иако имаше целодневна (носеше за курс работи, ужинка и слично).
Среќно на сите наши првачиња Да не радуваат со нивни успеси Сакам да прашам колку вашите дечиња знаат да пишуваат,читаат?Вежбате ли нешто пред време или?
Доволно е да препознава букви и бројки и да знае името да си го напише Не ги форсирајте,потоа кога ќе учат на час читање и пишување ќе им биде здодевно бидејќи веќе знаат.
Не знае ќерка ми, нити да чита , нити да пишува ! Летото купив вежбанка за букви, ама скоро и да немаше интерес. И јас не форсирав дека мора да научи. Поднаучи некоја буква, толку... Она уште со кукли си игра. Да си бидам искрена, малку се плашам како ќе и оди во училиште. Јас како мајка имам впечаток дека ќе имам многу работа со неа. Морам да споделам искуство со поголемата ќерка. Тргна во училиште без буква да знае, буквално! Ама брзо учи, наставничката и се погоди, јас дома работам со неа и детето супер е во училиште. Сама научи да чита, сама да собора и одзема... а никакви предзнаења! Зборот ми е, успеси може да има и ако нема предзнаења пред тргнување во училиште.
За првачиња? Чекај не брзај, најтерсене школо е тоа. Може дури и да ви побараат одреден бренд тетратки, таков муабет сум слушнала. Ќе има родителска и ќе дадат списоци.
Малку сум офф Ние сме во Словенија, тетратки,боици,дури и четките за по ликовно мора да бидат на одреден бренд со денови испагав,барав само да биде се како што треба,оти нели сите купуваат исто и баш тие бројки,брендови одма се трошат..среќа треба да имаш да начекаш хах