Класична сте или целодневна? Јас сум на мисла да купиме тркалца за ранецот. Го носи само понеделник и петок ама стварно е тежок. Плус куферче за ликовно, физичко...
Класична. Ама и децата кои одат на целодневна исто функционираат. Физичко и ликовно исто ни стои во школо.
Кај нас цел материјал го однесовме првиот школски ден,се им стои таму,во ранчето секој ден ни праќаат 1-2 тетратки што учеле да видиме до кај се и нешто ако има да повториме.Физичко опремата ја носиме во понеделник и ја зимаме петок за перење.Во ранчето освен тие тетратки што учеле тој ден,има папка во натре со бележница да ни запишат нешто учителките ако треба и ташничето за моливи. Ме интересира дали се почнати дечињата со учење букви,бројки?Кај нас уште не се,гледам по математика учат по големо,по мало,по далеку,по блиску.. Ги запишувате ли на сите дополнителни активности дечињата?Кај нас сега има некој натпревар ама она немаше желба не ја пишав,гледам скоро цел клас сабајле беше отиден порано да вежбаат за тој натпревар
Исто учат, математика исто, македонски мојата училница, прибор такви работи. Од исти учебници сите учат. Не го носам на ништо дополнително нема потреба сега, доволно е да се навикнат да одат, да имаат навика, чантата заедно ја редиме, му викам македонски прв час, па го прашувам која е книгата по македонски, па математика, тие ги знај, исто и тетратките си ги знај која по кој предмет. Си имаат распоред и си ги носат и книгите по распоред. Таму му стојат само патиките за ФЗО и приборот за ликовно.
Мајки на девојчиња како се снаоѓаат вашите со фамозниот чучавец? Мора да се држи со рацете за ѕидот ама панталоните не може да си ги држи. некогаш успева без да се испрска, некогаш не, кажувајте чаре.
Мајки со дечиња во целодневна. Како сте организирани со храната? Кај нас има од училиштето. Појадок во 8 и ручек во 12. После ручекот им даваат и по некој десерт. Но проблемот е што како што добивме одговор, не е дозволена храна од надвор и нема опција за ужинка. Дали и кај вас е вака? Има ли некое решение @mimiiiii немам девојче, ама знам и мојот беше исплашен од идејата да има чучавци во неговото училиште. Од една страна се похигиенски ама од друга ти го разбирам проблемот. Нека застанува малку понапред, не мора баш над дупката, така ќе има повеќе рамнотежа и ќе стекне навика.
Ако ви е ок храната,не е Специјал квалитет, немате потреба од допунска храна. И кај нас не беше дозволено. Или јаде во кујна или не. Ние кога престанавме да јадеме во кујна си носеше дете од дома ама потпишав изјава дека не одговара школото ако нешто се случи. А не не условуваат со целодневна бидејќи немаше посебно паралелка класична. Храната не им е малку, пак ќе повторам,освен ако не е Специјал бидејќи тие почнаа да кратат на храна лани.
@Minnie-e скоро во сите училишта со целодневна настава е така. Храна од надвор не смее да се носи. Кај нас до трето одделение дозволуваат да се носи ужинка ако детето останува во дежурна училница или активности после 3 часот. И дури тогаш смеат да ја јадат таа храна. И таа мораше да биде фабрички спакувана или овошје. Храната што им ја даваат им е доволна до 3 часот. Ова под услов детето да ја јаде храната што ја добива. Моето дете јадеше и немаше проблем. Менито му беше исто како во градинка само што месото во школо не е мелено туку е парчиња (на тоа имаше замерка тешко се јадело со лажица и во право беше) и јајцето место намаз им го даваа цело па сами го лупеа. @mimiiiii не знам што да те советувам, јас се прскам на чучавец ако треба да одам во вц.
Појадок им е најчесто леб со некој намаз, ако му е ок јаде по една или две кришки, во спротивно една сува. Ако е палента на пример пак јадел суво лепче. И тоа од 8 чека ручек. И тој зависи, кога имаат макарони со кечап јадел по два тањири ама сув леб од сабајле и макарони со кечап за ручек до 3 во школо и 4 не фаќа дур седнеме дома на маса. Вчера манџата не му била убава и за ручек изел сува кришка. Не знам што да правам, по цел ден зборам да јаде без разлика дали му е повеќе или помалку убаво ама џабе. Јас би му праќала овошје генерално, евентуално плус некоја тортица, бисквита што и да е ако е дозволено, само да не седи до толку гладен. Дома им форсирав овошје цело време и навикнат е, сам бара. Сега дур ручаме дома има еден оброк со овошје и толку. Гледам и проблемот со столицата почна да се враќа. Многу долго време се трудевме да се среди и сега еве го три дена нема отидено во веце.
Истото го прави и мојата, она дури и пола кришка јаде. Пирето било солено, манџата мирисала... Имаме време за ужинка од 10 ипол од дома што ја носат и мора да биде овошје или зеленчук. Јаболко пример јаде, за бананата немала време... исто и ние имавме проблем со столицата порано и еве и она 3 ти ден не е отидена во тоалет и почнав со ефекол од сув леб и макарони очекувамо е. Вчера мокра, денес настината, гладна, запек... имам впечаток дека го праќам детево на преживување.. барам чаре со бабиве за класична.
Ама тоа е до детето, исти го имам и јас. Месо до скоро не јадеше и сега јаде само по нешто. Кај нас дозволуваа овошје ама сите да јадат, не само едно да носи, така беше договорот. Јас праќав, он враќаше и престанав да праќам. Јас искрено едвај чекам следна година, да си иде дома за ручек, зошто во школо не секогаш и не се јаде. Башка мојот е спор јадач... И тоа не беше ни до Специјал ни до сега Далма, до него е.
Nie vcera iskaka i i izmockani i ni se javija da ja zememe Majki mnogu teshko se adaptira ne prifaka mnogu e temperamentna veke nemam izbor sto da pravam zborm karam care nema... Site slusaat sekako sprema vozrasta de ama mojava e haos ....
Им треба време ваљда, првите две недели беа до 12 и со храна од дома, така да со песна идеше, идеално би била за класична ама проблем ни е што идат у 2 смени и немаме како да се организираме кога ќе е втора смена. Ова чучавецот ми врати трауми и на мене од основно. Вежбаме во туш. Кај мојава у клас кој плаче, кој писка, се бркаат, вака општ хаос, збунети се децава не е само твоето.
@Minnie-e мојот е пребирлив јадач од мал (сега веќе јаде скоро се). За да бида сигурна дека ќе внесе овошје во денот сабајле пред градинка, а сега пред школо давам овошно смути. Потоа јаде во школо и по враќање јаде ручек па ако сака овошје и нешто лесно за вечера (овес, палента со кисело млеко заради столицата). Е во школо ќе јаде или ќе седи гладен тоа му е. @karak ќе се навикне само трпение.
Ne jade i mojot koga kako,denes cel den na suvo lepce,vcera malce jadel kompir mandza. Koga doaga doma ziv gladen e. Sega zemav ranecot da mu go sredam koga gledam si stavil kutijata za hrana si stavil kroasance,lizavce lepce i resani,kaj mu doteknalo neznam,deka gladen denes sedel zatoa.
Mnogu napnuvaat nastavnicite ne se mirni se vrtat zborat ne vnimavaat ne rabotat ne sedat...... Pa sekade jas bar mislam septevmri bi trebalo da bide adaptiven period a oni ucat li ucat ....
Дали дете што направило шест години крај на август почнува задолжително прво? Или треба од следна година со 7 да влезе?
Задолжително почнува прво. Во септември со прво одд почнуваат сите деца што таа година ќе наполнат 6, дали март или декември, небитно
Ех да беа 7 мојов декември 6 ќе прави. Исто и кај нас вчера, мн биле немирни, зборувале, малку налутена беше