Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. Selest

    Selest Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.456
    Пол:
    Женски
    Како ги облакате девојчињата со оглед на тоа дека се ближат поладни температури па под хеланки/фармерки би и облекла хулахопки.
    Ме мачи помисла како би се снашла да се облече кога имаат физичко и треба да се по хеланки во сала:?:
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    И мене ме мачи, но во училна им е топло, друг проблем е тоалетот како би се снашла со хулахопки и така и е тежок чучавецот.:( За сега оди со подебели тренерки или хеланки. За понатаму планирам тенки хеланки и тренерки за полесно да се соблекува/ облекува, но се плашам дека ќе и биде претопло.

    @Momichka кај нас ги изучија бројките до 20 и собираат, одземаат мислам дека не им е многу како сунѓери се, ќе повторуваат цело време. Математика брзо одат, а македонски уште буквите не ги почнале што мене ми е чудно.:?:
     
    На Selest му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.841
    Пол:
    Женски
    @mimiiiii до 20 ?
    Колку разлика во програмата..ние сме во Словенија,до бројот 2 се,утре ќе го учат 3.
    Еден број го учат цела една недела
    Собирање и одземање кога ќе научат до 5 броевите,сега после 3 имаат поголемо помало и еднакво.До крајот на прво одд до 10 треба да научат.
    Вежбаат и им бараат многу точно од каде до каде да бидат пишани броевите,ептен прецизно.Букви исто немаат почнато
     
    На azelea и mimiiiii им се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    145.293
    Буквите по програма се во второ полугодие. Прво е само раскажување. Мојот се тек до 5.
    Баш и се брза на вашата учителка.:D
     
    На JoyJoy, Bettina23 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  5. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.266
    Допаѓања:
    4.929
    Пол:
    Женски
    Бројки до 5 и собираат и одземаат.
    Со букви почнаа А и Н, и зборчиња да пишуваат и читаат.
     
    На lackygirl и Bettina23 им се допаѓа ова.
  6. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    6.587
    Пол:
    Женски
    Очигледно секаде е различно.
    Математика сме до 5. Собирање работиме.
    Македонски почнаа од А до Е сме.
    Имаш среќа што имаш сунѓерче. Кај мене е 50-50...
     
    На Bettina23 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  7. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.908
    Допаѓања:
    7.634
    Пол:
    Женски
    Кај нас се до 30. Поголемо, помало, парни, непарни...:?:
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Рече дека по програма се одело до 5 па собирање одземање, они сметале дека треба да има целина прво бројките па операциите, еве за викендов имаше наставно ливче за дома собирање до 20.
    @duffi не знам дали им се брза ама децава некако скроз се мотивирани.

    @Momichka мали се, све им е интересно друго, може да смени многу брзо. Мојата бројките ги пишуваше катастрофа не се разбираше која е, еве сега по еден месец има голема разлика. Има голем удел учителкава кај нас едната многу ги мотивира и објаснува.
     
    Последна измена: 18 ноември 2024
    На JoyJoy, duffi, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.297
    Пол:
    Женски
    Како бе до 20-30? па и собирање одземање до 20?
    Вчера тргнаа на школо, ете ги допорва по 6 год полнат

    Нешто или вие имате грешка или наставничката не ви е арна.
    Сега видов во книгата, собирање броеви до 20 е на 130та страна, а книгата има 157 страни.
    Во второ полугодие да не почнуваат да учат они од книгите од второ одделение?

    Околу 80та страна е изучување на бројот 10, и на 84та страна има новогодишна приказна. Според логика тоа е крајот на прво полугодие.
     
    На Skorpija25, lackygirl, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Не сме грешка и тетратките ги гледам.:D
    Не одат по ред по книгата, ќе се навраќаат, ни кажа учителката дека така сметаат дека ќе има целина.:)
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.841
    Пол:
    Женски
    Како им оди на дечињата?Се снаоѓаат до 20-30?Кај мене уште незнае до 30 да брои,а не па да ги напише :?:
    Тука во прво одд само до 10 треба да научат,ама да знаат да ги напишат ептен точно од точка до точка ако малку е накриво одма им викаат на ново..Вчера испишавме 5 листа со еден број :wasntme:
     
  12. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    6.587
    Пол:
    Женски
    Моментално сме овде. Пример 2 + 2 = 4 e во ред да се учи како припрема. Страна 57.
    Ама пример 2 + __ = 4 :(
    Пример уште не може да разграничи мое прваче дека + е плус, а = е еднавкво.
    ете, немаа часеви за овие знаци и кога цели операции му се појавија..... :worried:
    ама вежбаме, и ќе вежбаме. Само што започнуваме :tmi:


    upload_2024-11-18_9-30-32.png
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.297
    Пол:
    Женски
    Абе глупости, тежок и брз е материјалот. ЗАтоа велам дека повеќето се деца од 5год сеуште.
    ЗАтоа и се чудам за овие што до 20-30 стасале, па и собирање.

    Не планирам дома да го оптеретувам после школо. 5 часа се таму, нека учат.
    После си имаме шетање и спорт.
    Што очекуваат, дете од 5-6 год да учи и да мозга дневно по 8+ часа? абе ајде, глупост до глупост
     
    На Momichka, lackygirl и Bettina23 им се допаѓа ова.
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.187
    Допаѓања:
    24.583
    Пол:
    Женски
    Многу брзаат некаде наставниците. Очигледно не одат по програма туку како ќе му текни.
    Кај нас е вака. Нема уште 6 год, 10ти декември прави 6.
    Броеви до 5. Сега помало поголемо учат.
    Букви А, Н, Е, М. Зборчиња Ана, Ане, Ена, Нена..
    Моево засега е супер. За броење одамна брои до 100 и над 100. И мак и англиски, од 4 год. Љубов кон броеви покажа од 2 год. Од бебе сакаше часовници, па еве сега го учи времето, самиот си почна, гледа на саатот и само кажува колку е :D
    Има деца што знаат за читаат.
     
    На JoyJoy, Mother of 2boys, Bettina23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Се снаоѓаат сама си решава, ама не пишува убаво, па вежбаме тоа. Од одделение мајкиве велат дека генерално е ок и дека цела година ќе се учи тоа така да сите ќе постигнат. Во книгата има доста сложени работи иако личи вака шарена - парни, непарни, удвојување, споредуваат и броеви поголеми од 30. Тие операции ние поголеми ги учевме, ама различен е принципот на учење од нашиот, не знаат да читаат, а се фокусираат на математика.
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.297
    Пол:
    Женски
    Јас само математика следам што учат
    Македонски незнам оти го тргнаа учебникот што беше онлајн :D

    Нашите книги се во школо. Сакав да купам уште едни за дома после си викам абе будала и дома ли ќе го оптеретуваш со тоа.
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    24.063
    Пол:
    Женски
    Скоро ништо не следам искрено. Што е за учење во школо нека си мине. Дома домашното сам го пишува, знае да чита па не мора да му висам над глава за да му ги објаснувам задачите.
    И моето во декември 6 ќе полни.
    Досега се стигнати до бр 5, а буквите А, Н и Е.
    Задоволен е од школото, преку игра претежно учат, наставничката работи по друг пристап, мошне интересен за децата.
    Сака да оди, забавно му е, весел се враќа од школото уште :)
     
    На JoyJoy, Skorpija25, Deus ex mahina и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    6.587
    Пол:
    Женски
    Го имам учебникот Македонски јазик во PDF. Доколку сакаш или ти треба, ќе ти го пратам ако е тргнат од веб страната :wasntme:
     
  19. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Ааааа големо браво, нека продолжи така, имате среќа што е толку самостоен. Сериозно сам седнува и пишува домашно? Разбира што се бара во задачката да изработи?
    Со ова не можат да се пофалат ни родителите на третооделенци, верувај!
    Затоа браво за детето, се така од рака да му оди.

    Јас не можам истото да го кажам за ќерка ми, наголемо работам со неа , резултати има, наставничката е задоволна, јас исто ... а и детето е среќно. Ама реално, си сака работа. Математика ми одат некако пребрзо, макар и македонски.
    Секојдневно вежбаме математика + и - до 10. Сега со непознат собирок ќе работиме. Значи и во училиште се работи ама и дома со мене учи.
    Морам да ја пофалам дека е претрудољубива, одговорна и вредна ученичка, затоа и има резултати.
    Ама ако оставам само на наученото во училиште , ќе се изгуби детето... и треба помош, дообјаснување, вежбање, повторување...

    Инаку големата ќерка работеа по друга програма и многу постепено навлегуваа во материјалот. И со неа работев дома ама на пола од ова сега што го работам со помалата. Сакам да кажам, поубава програма имаше пред 3, 4 години. Додуша и до детето е, големата побрзо кликнува, побрза е, логичар е голем...
    Ама тоа е, не може да се сите исти...
    Некаде побавно, некаде побрзо доаѓаат успесите.
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    24.063
    Пол:
    Женски
    Наставничката ни кажува во групата што има за домашно, му пренесувам и пишува сам. Знае да чита течно, ги разбира задачите и македонски и математика се релативно лесни и сам ги решава.
    Рано е уште, ама досега немал мака со домашното, сам се справува.
     
    На snegulkata му/ѝ се допаѓа ова.