Еј супер Ако можеш да го прикачиш тука и да ми пратиш линкот да го симнам https://files.fm Ептен ми вршат работа коа не иде на школо
Математика до бројот 8 се, собирање и одземање, помало, поголемо и еднакво ги поминаа. Македонски, буквите А, О, Т, Н, М, П, Д, И, Е, В, С, пишуваат и читаат по цели реченици, за домашна најчетсто 4-5 реченици да напишат. Општество учеа стихотворба од три строфи сега, и цртаат во тетратката и учат од книгата. Музичко цели песни пеат. Мислам дека кај нас ова полугодие до 10 ќе учат а следното од 10 до 20, според тоа како се движат низ материјатлот така ми личи.
Кај ќерка ми вчера завршија со бројот 10. Прво учеа броеви до 5, па собирање и одземање до 5, помало, поголемо, еднакво исто така. Па после продолжија од 6 до 10 и исто задачи до 10. Македонски буквите А, Е, М, Н, И ги имаат учено, почнаа и со пишување зборови и имиња како мама, Ана, Ена, има, нема итн. За домашна секој ден имаат да напишат по една страна од новата буква или број што ќе го учат на школо, плус сега уште една страна со зборчиња или реченици. Мојава сама си пишува математика, вежбаме и дома кога е расположена собирање и одземање. Буквиве и се малку потешки за пишување, ама така е на почеток додека ги научи.
@CooperD + @macalavica утре ќе ја имате. На другиот пц ми е, ќе ви прикачам македонски јазик. Ви благодарам за разбирањето
Добро утро мајки на првачиња. Ове е линк од учебникот по македонски јазик. @CooperD + @macalavica повелете Инаку нормално дека ќе го избришат од Pdf верзија. Јас не успеав да преболам дека малото Б беше неправилно напишено во учебникот. Не дека на децата нешто им менува, ама искрено имам слабост на кирилица и многу ми беше криво Пред некој ден од кога прочитав низ темата малко се успокоив и намалив со интезитетот да им досадувам на децата Ви благодарам за споделување на искуствата
За сите што споделувате книги тука, имате нова платформа www.nastava.mk. Таму самите наставнички треба да ви пратат инструкции што и како и потоа ќе ви се отворат интерактивни учебници. Децата може едно исто да повторуваат неколку пати дома и да собираат поени. Има и видеа, слики и слично што се отвараат. Инаку програмата како програмата е многу ОК. Пристапот на наставничките може да биде различен. Кај нас почнаа во Декември со букви зашто наставничките така проценија и добивме известување. Во прво одделение ќе мора да ги терате малку и дома да работат. Чисто за да стекнат навика, а и затоа што и математика и читање зависи од вежбање. Во второ полугодие ептен ќе се примети разлика меѓу оние што дома вежбаат и тие чии родители сметаат дека се во школо треба да се заврши. Дома може да читаат сосема нешто неповрзано со школо ама терајте ги да читаат кога ќе почнат со тоа. Логика на јазик и изразување, фонд на зборови и слично се гради само со читање.
Точно така, фондот на зборови се зголемува само со читање. Имам среќа да чита многу големото, има фонд на зборови рамно на возрасен, чита течно како спикер, користи акцент многу правилно. Кога почнуваше да чита читаше на глас и јас го коригирав ако погрешеше и му објаснував и мислам дека тоа одигра голема улога. Како и слушањето на македонскиот литературен јазик во ковид време на МТВ5, оние стари емисии како Бушава азбука, Училиште за кловнови, Чук чук Стојанче, Светот на бајките...
23 букви до сега поминаа, по две во ден, и тоа Ж и Ш во ист ден, напорно доаѓа веќе, во други школи со букви немат почнато сеуште, ние цели текстови по скоро две страни во тетратка пишуваме.
Стварно не знам, се плашам одбивност да не добијат децата со ова темпо, навистина нема потреба според мене толку многу букви да се поминат во прво полугодие, сепак има и деца кои сега наполнија 6 години.
Zarem ne se drzat spored programa? Kaj nas do O se. Eve i denes ako ja zemat slednata neznam koja im e po ucebnik
Во првото полугодие според програмата не се работат буквите. Се работи графомоторика, гласови, слушање со разбирање, бајки, приказни, раскажување по серија слики. Со буквите се почнува од второ полугодие, не знам зошто брзаат.
Ете кај нас е вака. Пишување немаат воопшто почнато, со букви работат од тип на распознавање, каде во зборот се наоѓа буквата и такви работи. Учат песнички, раскажуваат приказни... Незнам како може некои до пишување реченици да се стасани, кога ги поминаа овие работи
Програмата сите ја водат различно. Лани кај големиот на пр.прво полугодие не учеа ниту една буква, ама математика одеа напред. Секој си прави свој распоред очигледно.
Кај нас почнаа со пишување зборчиња, имаа и диктат зборчиња му читала тие пишувале, па мојов имаше скоро се напишано, мали грешки имаше само. Исто така и читање вежбаат, па знае збор по збор да чита. Некако лесно му оди, латиница сам дома бара да учи, на телефон што гледа и прашуваше оваа буква која е, па се зачудив на тв некни 5 зборчиња на латиница ги прочита. Ама тоа негово си е, ниту некој го учел, ниту терал да го учи. Иначе конечно направи 6 години, пред 2 недели.