Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.182
    Допаѓања:
    24.573
    Пол:
    Женски
    Моево буква по буква чита и после цел збор го кажува, му велев на слогови да чита ама не му оди така. Кратки зборчиња со 2,3 букви ги чита одма, иначе скоро сите букви ги изучија, денес баш диктат имале, само заборавал напред 1ва буква голема да ја пиши и точки на крај. А пишува сам без помош, на пр 6 реченици за домашна имаат, му ги читам тој ги пишува. Засега нема одбивност, само што дома ич не вежбаме, немам ич време, а и несакам плус да го замарам, ќе научат се има време.
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.942
    Пол:
    Женски
    Читање се учи само со многу пример. Односно да ве гледа и слуша вас како читате. Сите сликовници и книги за деца ги има прочитано по неколку пати со него со драматургија за да му стане привлечно. И двете деца ми сакаат книги, големото има веќе своја позамашна библиотека, малото е мало ама секогаш во денот одбира да врти сликовнички место да зјапа тв. Ама ние дома многу читаме и цело време има книга во близина и тоа им е некако нормално. Читајте со нив, особено приказни, ама со драма многу и со глумење, нема друг начин.
     
    На Mother of 2boys, Purpleheart и Bettina23 им се допаѓа ова.
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Јас пак мислам дека почетното читање зависи од многу вежбање.
    Колку повеќе вежба детето да чита, толку полесен ќе биде секој нареден обид за читање.
    Јас ќерка ми така ја научив, секојдневно вежбавме да чита, буквите кои не ги знае јас и ги кажувам пр . п е р Д у в . Јас и ја кажувам буквата која не ја знае, во примерот буквата Д и продолжува.
    И така ги совлада и буквите кои не ги знаеше па дојдовме до момент кога немаше потреба да ја потсетувам, значи сама си ја кажува буквата која претходно не ја знаеше.
    Ама тоа постигнато со многу работа и дома и во училиште.
    Во декември веќе читаше, буква по буква ама брзо ги кажува и составува збор. Чекам момент да почне слогови, иако наставничката вели дека за прваче и вака е супер.
    Пишувањето пак ептен лесно го совлада , неколку обиди и ете пишува без грешка.

    Сега мака и е пресметување со премин од една во друга десетка. Пр 8 + 5 = 13. Ми вели немам 13 прсти за да пресметам :rofl:
    Без премин смета, со премин тешко.

    Како и да е, програмата за првачиња е претешка, и ич не ми е соодветна за седумгодишен просечен ученик.
     
    На Bettina23, JoyJoy и lackygirl им се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.182
    Допаѓања:
    24.573
    Пол:
    Женски
    Моево 6 направи декември :D ама супер е засега.
    Денес се пресмеав, македонски пишувале на час во учебникот:
    Маче- мачиња
    Куче- кучиња
    Теле- кравиња :rofl: :rofl:
    Стварно на крава личеше телето, јас отварам дома одма гледам што учеле па домашна што му е, па му велам овде теле треба телиња :D ама вели мене на крава ми личеше :rofl: ама му велам не е правилно така.
     
    На Antebellum, Mother of 2boys, Autumn Love и 3 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.942
    Пол:
    Женски
    Ако прво е тешко, чекајте трето, особено второ полугодие, математика, мислам дека скокаат ко болви од задача на задача.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  6. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.784
    А тек четвртто да видеш,спремај нерви :tmi:најтешко е 4 то,лани нерви искинавме и ќерка ми и ние,тоа книгата 380 страни,натрупано ,скокање од една у друга тема ужас,детево мислам ја замрази математиката,многу разочарување доживеа,плус нели нема целодневна веќе,а таму убаво си вежбаа.
    Е оваа година во петто е исто ,како повторување,само плус нешто ново и со поголеми цифри.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Цело време исто повторуваат математила само со поголеми цифри.
    Мојот е сега 4-то и пак ја повторуваат таблицата множење со тоа што откако ќе ја повторат учат како и зошто да додадат 0 на крај. Наставничката може е добра постојано им принта плус вежби, објаснува, играат игри математички (имаат смарт табла во училница) и слично.
    Инаку 4-то е потешко зашто менуваат ритам односно сами дома учат наместо во целодневна.
     
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Не е дека е толку едноставно.
    Од аспект на наставник,можам да кажам дека четврто одделение е најкомплицирано. Обемно, сложено со лекции конфузни за нивната возраст, учат поими кои што некои од нив не можат правилно ни да ги изговорат. Има интересни теми и лекции,ама многу некако се прескокнува, се преминува од едно на друго, како од потешко кон полесно наместо да е обратно. На пример математика. Само книгата кога ќе ја види ученикот страв да го фати дали ќе го совлада материјалот. Еден куп задачи за решавање,постапка никаде, објаснување никаде... Не се постигнува да ги решат сите задачи од лекцијата на час. Давам некои од нив за домашна ,некогаш им давам и наставни листови или задачи од збирката. Но, тогаш се жалат дека имаат премногу домашна. И вистина, домашната работа по сите предмети треба да се заврши за 60мин најмногу.
    Замисли во еден ден по три предмети да има домашна колку време ќе му е потребно на ученикот,плус да седне и да ги научи лекциите?

    Учениците имаат "уплав" кога се болни, дали ќе успеат се да препишат од часовите и да ја решат домашната додека се вратат на настава.
     
    На lackygirl и azelea им се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja ти подобро знаеш од мене. Јас пишав мое искуство со моето дете и пристапот на наставничката. Исто пишав дека истите операции ги повторруваат од прво па нагоре. Имаат собирање, одземање, множење и делење и секоја година е истото само со поголеми бројки (до 20 во прво, до 100 во второ, до 1000 во трето до 10000 во четврто). И потоа Геометрија истото малку проширено секоја година, мерење проширено и работа со податоцие да на пример за множење им покажувала наставничката 4 различни начини. Ние на времето учевме еден. Сега е сите се покажани па кој како сака нека решава се додека е одговорот точен. И ако во прво сфатиле како се префрла преку 10 (затоа разложуваат кога собираат), во второ сфатиле што со поголеми бројки у во трето научиле таблица и како се додава 0 за стотка, во четврто не би требало да е толку тешко. А а ко е имаат шанса да се вратат назад со таблицата па са тргнат напред. Користењето на платформата nastava.mk исто помага. На децата им е интересна. Плус работни ливчиња.

    Искрено најтежок предмет во 4-то е Историја и Општество. Се е апстрактно.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Особено кога од стопански дејности, преминуваш во историја, без никакви објаснувања, формирање на современа Македонска држава...:x
    Од настава.мк може само бенефит да има ученикот, ако ништо преку обиди и грешки ќе ја научи лекцијата, одговарајќи ги прашањата,секако на крајот ќе го види точниот одговор. Да не зборувам па и дека ќе им стане појасна лекцијата со сите видеа и фотографии што се прикачени.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    На една мака сум и сакам да споделите ваши искуства за запишување на прваче.
    Имено ние живееме во приградска населба каде што нема целодневна настава , туку само дневен престој.
    Меѓутоа јас сакам син ми да ги запишам во друга населба во иста општина и во близина кај што сега оди во градинка и имаат целодневна.
    Пробувавме со сопругот се распрашувавме за запишување таму , но добивме одговор дека детето мора да биде запишано во училиштето каде што живее.
    Е сега дали некоја знае како би можела јас да го запишам во тоа училиште каде што има целодневна настава .
     
  12. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Кога се работи за иста општина не прават проблем.
     
  13. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Ви нашиот случај прават, а не ми јасно зашто. Бидејќи е разговарано со директорот на училиштето.
     
  14. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.289
    Пол:
    Женски
    Како и се друго што се решава кај нас - со врски
     
    На SummerGirl, Mother of 2boys и mama*rose им се допаѓа ова.
  15. Faza99

    Faza99 Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Машки
    Ме интересира како оди постапката за скок на одделение погоре доколку детето има поголемо знаење и можност за учење од останатите врсници, дали некој има искуство? ( не прашувам само за првачиња , може и во погорните одделенија)
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.942
    Пол:
    Женски
    Тоа треба на наставнички да се даде предлог, родителот бара, се изјаснуваат наставници и така. Ама мора да полага испити. Нема само скокање одделение. Знам кај синко во школо имаше девојче кое скокна така и полагаше испити.
     
  17. Faza99

    Faza99 Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Машки
    Да,да знам дека треба да полагаат испити, само ако може да ми објасниш како оди тоа со изјаснувањето наставниците (го тестираат детето, даваат мислење или?)
     
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.475
    Допаѓања:
    22.802
    Пол:
    Женски
    Најубаво да прашате во самото училиште.
    Јас знам за случај каде училиштето само предложи детето да оди во погорно одделение, но родителите не се сложија.
     
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Колку е веродостоен очниот преглед на клиника,со оглед на возраста,што сеуште можат да измешаат една бројка со друга?

    Прво кога гледаше во апаратот,не го праша што гледа,дома ми кажа видел балон. Она само рече ок е.
    Потоа бројките кога ги кажуваше,беа со некој чуден фонд развлечени, 4ка вака напишана не ја препозна, место 8ца кажа 5ка и заклучок окото било изморено. Помалку екрани за да не носи очила.
    Ок се сложувам,помалку екрани.
    Ама што ако не ја препознало,а не дека не ја догледало бројката?

    На внуката на преглед,се било ок,ама сепак иситот совет,помалку екрани.
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.942
    Пол:
    Женски
    Нас бројки не прашаа дали знае за да распознава, а не ни кажаа помалку екрани воопшто. Додуша тогаш не ни гледаше екрани. Сликата што он ја гледаше на апаратот ние ја гледавме на компјутер за да имаме и ние увид. Прегледот беше во очната во Ѓорче.
     
    На dromka и Sofi.ja им се допаѓа ова.