1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предавници, кодоши, тужибаби...

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 10 јули 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Што е она што постои во луѓето, што ги тера на предавство ? Кое задоволство го наоѓаат овие луѓе? Зар не е предавството меѓу најголемите гревови?
    Редица шпиони, предавници и кодоши од сопствениот род, од комшиите, пријателите и земјаците забележала македонската историја.Тие се длабоко врежани и во минатото- Јуда го предаде Христа, Вук Бранковиќ кнезот Лазар, Ким Филби неговата кралица мајка, Брут го уби сопствениот патрон Цезар...
    Денес тоа уште не изостанало. Имате ли пример од вашето секојдневие кога сте биле предадени, наклеветени, од страна на ваш близок пријател, роднина, комшија?
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Па... :?: некој ептен близок да ме предал баш и не ми се случило. Не ни сакам да ми се случи (многу нормално), зашто ако се случи тоа некогаш... тешко него!
     
  3. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Смрт за предавниците, кодошите, тужибабите...
    :!: Никој не сака да биде накодошен. А мене не еднаш се случило да ме накодошат, ама биле тоа само некои детски палаштини кои на никого не му нанеле штета, освен на моето уво :lol:
     
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    верувајте жално е што можам да наведам неколку примери на предавство
    ете пример дечко мој ( веќе одамна бифши ) со кого бев година и нешто во врска го затекнав во кревет со најдобрата ми дотогаш другарка и за целата ситуација да биде полоша дознав дека цела година уназад цел град знаел само јас не сите потајно ме исмевале . |( :puke:
    :drunk: :x имам уште неколку ама не сакам да ги напишам зошто самото присетување на нив квари расположение а не вреди одново да се нервирам за нешто што се случило одамна ..
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Само на работа сум имала такви ситуации. Да ме наклеветат за нешто. Ама скапо си платиле.
    Мразам такви работи. Не сакам да ми ги прават, ниту па ги правам.
     
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Нема јас што да кажам, Данте веќе одамна им го одредил местото на таквите луѓеи тоа во последниот круг да си имаат работа со Луцифер :devil: ( Брут, Касиј и Јуда мислам дека беа ) Незнам од каква желба или каков нагон се водени овие луѓе ама знам дека предавството на близок човек е најподлата работа на свет.
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Од моите никој ме нема предадено,а инаку се имам сретано и со предавници и со кодоши.
    Кодошење имаше како мали во тие игрите, кога игравме жмурка се случуваше некој од страна да накодоши за некој кај се има скриено.Е тогаш многу се лутев или ако ме издадат каде сум или ако ми кажат каде се.
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Дали сум била предадена,наклеветена од близок пријател незнам,затоа што колку и да ти е близок,незначи дека ти е пријател,додека од најблиските никогаш не сум била нити предадена,нити наклеветена.Сосема друго е наклеветен,клетва,исто е,клетвата,барем колку што имам слушнато,дека ако имаш чиста душа,тогаш ако си наклеветил некого,сигурно фаќа,меѓутоа тоа е всушност значењето на изреката се се враќа,се се плаќа,само трансформирано во клетва.Додека за предавници низ историјата имало еден куп,покрај веќе споменатите,ќе го напоменам и скриениот женски предавник Роксана,жената на Александар Македонски,која поради лутината,гневот,омразата,го има предадено па и на крај го отрула Александар и редица други личности,а денес мислам дека е достигнат врвот во предавството,без разлика за кого се работи,дали за близок пријател,роднина,комшија итн.Зошто тоа се случува,мислам дека е само заради превласт,ништо друго.
     
  9. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    значиииии најповеќееее мрзаммммм :( предавниции а и исто тоа ми се има слученооо вака...
    ми беше најдобра друугарка...од градинка... и до сеа до средноо..значи ја сакаф... а таја едноставно нож у грб ми стаии.. еден дечко што го сакаф мн години...таја знаеше се.. и еден ден..ја видоф со него :@ и незнаеф у моментот што да направам само и рекоф ти за мене појќе не постоиш и толку бешее лицемерна... незнам како да ја наречам и што е најтрагично у ист клас смее... :( ама јас тогаш најмногу згрешив што тогаш во моментот ништо не направив...едноставно почнаф да не правам муабет со неа..ја игнорирам исто какоо да не постои аи не постои... и така се до ден денес значи најповеќеее мразамммм :@ :@ :@ :@ :@ :@
     
  10. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Лелееее лелеееееееееееее леееееееелееееееееееееееееее....кај ја отвори бре анфејтфулче денес темава.....коси корнам моментално баш од такви, две, три, колку и да се во фирмава....незнам како да се справам во моментов..................незнам што ги тера, ама едно знам...никогаш не сум вратила, не сум била злопамтило, ми поминува за 2 дена што и да ми направи човек...ама оваааааааааааааааааааа.....ќрв има да плукаат кокошките стари, неизреализирани, грди и несредени....мене оваа плата не ми значи многу многу во животот, може и отказ да лупнам....ама на нив им е единствен извор на приходи....ама нема да се двоумам, ако не да ве избркам од тука (пошто ми се може, со малце труд), ама гаѓите има така да ви ги стресам...да не знаете дали наредниот месец ќе имате лепче да му дадете на тоа ваше дете, што посакувам на работа да налета на таква ко вас...и ќе налета....старата добра карма............ауф колку сум беснааааааааааааааа........кучки гнсни..................
    отидов офф, ама неможев да се контролирам....
    сега само со драго срце ќе чекам да прочитам тука размислувања, за тоа што ги тера таквите личности да бидат таквиииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииии......................................
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ме предале блиски другари и другарки, па дури и бившиот дечко. Никогаш не сфатив од која причина или кое било задоволството. :^)
    Ќе помине време ќе почувствуваат и они нож во грб. Ама јас ќе го вртам, и ќе го брцам 100 пати по ред. :D
     
  13. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Воглавно ме предаваат т.н најверни другарки.
    То је то,Господ ќе им врати,се надевам.
     
  14. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Да ми се случило да ме предадат блиски личности. Знали сите предавници и тужибаби ги мразам и често сум у конфликт со ваквите од кога знам за себе. Стварно незнам која им е понетата на тоа ама етеее... глуп народ да не се знаело да се премолчи нешто и тогаш кога знае дека само губи.
     
  15. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Тогаш тие ке бидат истакнати, а тоа ги мотивира да продолжат со својата ‘работа‘.

    Јас сметам дека тоа е маана и лоша доблест.
    Придобивката е моментална, а последицата е доживотна.
     
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    После долго барање, најдов овде да го сместам мојот проблем, се надевам на ваше мислење. :$

    Две најблиски роднини (по природа злобни, себични луѓе) ги почитував исклучиво поради тоа што сме фамилија. Никогаш не се замерував со нив, иако гледале секому да му наштетат, такви се.
    Сепак се држев на една пристојна дистанца. Од мене (и нас како семејство) секогаш добивале се` и сешто (алишта, пари, намирници, итн.)
    Имаат деца, (кои се многу добри дечиња) и многу им обрнувам внимание, секогаш им купувам поклончиња, ги шетам.

    Но, во последниов месец, слушам разни муабети од моја страна (од другарка, колешка, свекрвата, комшивка, трета брачеда) како на сите овие преку разни страни тие две роднини почнале за мене да зборуваат се лошо и полошо само за да ме оцрнат. (буквално од банални до поголеми работи, ама знаете каков е народов, што и да е, само да се озборува).
    Буквално скренав, и го оддалечив скроз контактот, а тие на тоа ми враќаат со уште полошо. (преку оговарање). :^) :x

    Сите ги знаат какви се (и ме познаваат мене!), но сепак ние сме блиски роднини и луѓето веруваат во тоа.

    Што е најстрашно, од дома им веруваат (и на домашниве им зборувале), иако и домашните ги знаат какви се и многу маки претргаа со нив (ни зедоа од имотот неправедно). :o

    Јас не се чудам, ги знам какви нелуѓе се, но сепак од мене само добро добија!!!! :@
    Помогнете ми како да се соочам со ситуацијава.

    Еден пр. Им рекле дома дека сум зела на лото 400 евра, тие лично ме виделе таму, жими очи се колнеле, и од дома сега се сомневаат во мене, мислат дека ги кријам парите. Која глупост, од каде и ја измислиле таа цифра?? А, јас лото не знам ни дека постои пак!
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Аааа каде ги криеш парите, под перница :) или од кого ги криеш, се зезам. Мислам дека нема потреба да се правдаш по дома, тој што треба да знае, сигурно знае (маж ти или дечкото). Едноставно соопшти пред поширокиот аудиториум дека нема врска или кога ќе ти дојдат на гости тие луѓе кажи им дека од тие пари си купи нови чизми :) , зезај се на нивна сметка.
    Очигледно си им трн во око за нешто па затоа на таков начин сакаат да те саботираат. Трпение, спасение се ќе излезе на површина кога тогаш.
     
  18. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    За жал, бев предадена од мојата братучедка. Не сакам да пишувам за ова, нека остане закопано.
     
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Тоа се луѓе кои немаат свое јас, кои незнаат да ценат ништо во живот, на кои сенешто им фали, на кои цел живот им бил тежок, “кои немале што да јадат“, Кои биле жртви за сите нас ....
    Тоа се луѓе кои шират една негативна енергија се со цел да ни наштетат за жал, најчесто знаеме да потпаднеме и на таквото нешто. Што е најстрашно тоа се луѓе што ги знаеме цел живот, со кои сме делеле корка леб.
    На таквите само грб да им свртиме и со крената глава да си го продолжиме патот, тоа е едниствениот начин да им ја затвориме устата, а за се друго Златна Карма ке се потруди ;)
    Само храбро :!:
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Отсекогаш ги имало, и ќе ги има за жал. Останува само да се надеваме дека еден ден и тие ќе го доживеат истото, за да видат колку боли да те предаде близок човек.