1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за овој месец: без топлина

Дискусија во 'Коса' започната од teddybear8935, 24 јуни 2011.

  1. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    8.092
    Пол:
    Женски
    Не ми е никаков проблем да го прифатам предизвиков.И онака најчесто ја виткам,но за тоа не користам фен/преса/фигаро или било каков извор на топлина,а понекогаш си ја плетам.
     
  2. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Е кај мене ова малку потешко ќе помине, бидејќи можам да кажам дека пеглањето на косата ми е зависност и не ми претставува никаква потешкотија, напротив веќе ми е навика, така да не ми пречи ако е лето. Само се нервирам што додека да се испеглам ќе се препотам, а некогаш може и нема да ми излезе косата како што сакам, но сепак речиси секогаш сум задоволна.
    А фен можам да не користам, всушност пробувам да го избегнувам во текот на целата година бидејќи доволно горење е самата пегла. А да ја фатам косата во репче малку потешко бидејќи воопшто не си се допаѓам на тој начин, а и повеќето ми имаат кажано дека поубаво ми стои пуштена коса, така што немам друг избор освен пеглање. :)
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Исто и кај мене, тешко без фен некако...ако јас не се зафенирам и ја оставам природно да ми се исуши косата ми е како да сум брцнала два прста во штекер и тоа трофазен :lol: ...катастрофа...негде права, негде виткана, секое влакно своја политика. :@

    Ми останува да се жртвувам и да се препотувам...тоа е, немам избор...дури и да ја фатам во репче морам прво да се зафенирам, минимално ама морам. Пегла не користам, немам потреба, доволно ми е само фенирање. Плус и да се испеглам за кратко време ќе ми се испоти вратот и пак се враќам на виктаната катострофална фризура-доџи ми вечерас и никад више :D

    Периодов ми се погодија две-три свадби и правев фризурки за да ми биде собрана и да не се нервирам.

    Единствено кога сум на одмор не користам четка за фенирање, ја врзувам високо во репче или пак правам плетенка..ама напред ми е залижана и ја маскирам со венче или наочари.
     
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Можам да издржам цел месец, не е проблем, ќе ја фатам косата, или ќе ја плеткам, или откако ќе ја измијам, ја фаќам во кок, после утрото ја пуштам, демек "брановита", и ете. 8)
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Ниту за мене ова не е предизвик. Фен не се сеќавам кога последен пат фатив во рака, година ипол сигурно не, а пегла пред оваа година само еднаш, пред еден месец локни си правев, предходно есента некаде на фризер бев да се шишам и тогаш исто осетив топлина на косата. Тоа е се. Ваљда имам среќа што косата сама исушена и пуштена ми е солидна, нема потреба од средувања
     
  6. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    За фен не ми е проблем...ама без пегла неможам цел месец.....не дека многу често ја пеглам...но 2-3 пати месечно морам
     
  7. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Јас сум од оние кои постојано ја носат косата права, поточно пеглана, па многумина не ни знаат дека природно имам ,,виткана,, коса (со нејасно дефинирани локни,јас си ја сметам за бушавка или испрекршена :^) )
    Досега и во лето на +50 се пеглав,но оваа лето нешто мрза ме фати и страв од жешкото и почнав да ја одбегнувам пеглата! Си ја носам природно виткана со венче или шнолка наназад со што ги опфаќам само подолгите шишки! Веќе скоро 3 недели ја немам пеглано и досега не сум паднала во искушение да ја земам пеглата и да се испеглам!
    А и ваква почнав да си се допаѓам, добивам и комплиметни дека преубаво сум ја навиткала и каква пена сум користела, а всушност само ја мијам косата и таа самата си се прави :emo:
    Верувам дека ќе издржам без проблем уште некој ден без пегла, па и викендов е предвреме планиран така да нема да има потреба од фен и пегла, но од наредната недела 100% се враќам на стариот имиџ - права и мазна коса :emo:
     
  8. sweetheart10

    sweetheart10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    159
    Нема да издржам во никој случај :(

    После миењето на косата, морам да ја исфенирам бидејки без фенирање нема никаква форма.Потоа морам и да ја испеглам бидејки има преголем волумен.
    Претходната недела пробав со витлери да ја навиткам, не ми успеа воопшто |(
    Единствено кога ќе одам на одмор ќе се обидам да издржам без дополнително обликување со топлина, па ќе видам дали ќе ми успее.
     
    На sea-star му/ѝ се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Навистина тешко.. :lol: Заборавив дека имам кадрава коса, со многу локни, која после секое миење ја пеглам.. да имаше уста до сега ќе се пожалеше.. :lol:

    Некогаш со месеци не ја оставам малку да одмори, знам дека ја оштетувам, па затоа и често ја кратам .. само на врвовите, да се обнови малку..Едноставно како еден задолжителен ритуал ми е после миење се фенот и пеглата ми се во рака.. :rofl:
     
  10. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Не е тежок предизвиков-не ја сушам со фен, не ја пеглам и многу ретко ја виткам, а уште и што сум дома, па секој ден само ја собирам во штипка... :tmi:
     
  11. Sunlight

    Sunlight Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    39
    Предизвикот прифатен :D Никогаш не ја сушам косата со фен било да е лето или зима,а имам природно права коса и пегла користам евентуално за пеглање на шишките и на врвовите напред, но се може и без тоа ...
     
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Јас сум за!
    И тоа не само овој месец - цело лето !
    Така побрзо ќе ни премине во навика :)
     
  13. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    Jaс веќе 2 недели го заборавив фенот, а и пеглата секако.
     
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Море јас уште од Април, едвај трипати дали се имам дувано со фен ...
    Пегла - само еднаш оттогаш .
    На добар пат сум :lol:
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Јас ако УПОТРЕБАМ топлина НЕ МОЖАМ да си ја скротам косата (освен со пегла нели, ама тоа го правам два пати годишно). Ако ја исушам со фен... :D :D :D Смешно е, верувајте. Него го користам само во зима и тоа само малку ја сушам косата, колку да не ми течи вода по облеката.
     
  16. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Јас до некаде го прифаќам, не користам воопшто пегла и фигаро, но не можам без фен, бидејќи имам хронични здравствени проблеми со синусите.
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    За сега добро се држам, не сум ја пеглала веќе 2 недели, фен на најслабо само ако сум морала брзо да излезам и не ја сушев до крај.
    Со оглед на тоа дека ја пеглав скоро секој втор ден, ова за мене е огромен успех :D Се надевам ќе издржам уште долго, па и косата ќе потпорасне :)
     
  18. VampireGirl

    VampireGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Супер се држам сега за сега!!
    1 месец и повеќе ја немам пеглано косата, ниту пак сум ја сушела со фен. Т.е. од кога последен пат се шишав, не сум ја чепкала. :D
    Се надевам дека така и ќе издржам барем летово, покрај жештината која ја уништува косата не ми треба друга топлина.
    А да напоменам дека забележувам гооолема разлика. :) :) :)
     
  19. sea-star

    sea-star Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    исто и јас прво фенирање па потоа пеглање.неможам да издржам секој ден ја повторувам постапката :(
     
  20. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Јас не ја пеглам веќе 13 месеци (од мај 2010). А за фен, во лето никогаш не ја сушам со фен, додека останатите месеци ја сушам на најладно.
     
    На VampireGirl му/ѝ се допаѓа ова.