1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Премногу шанси ниедна добро искористена...

Дискусија во 'Канта' започната од Ballerinaaa, 16 јануари 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ballerinaaa

    Ballerinaaa Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Не знаев навистина како да ја наречам темава, нова сум во ова онлајн советување се двоумев мнугупати дали да побарам совет или не од други личности кои не ги познавам и кои можат да ми дадат совет со ладна глава. Навистина не знам од каде да почнам... Се започна пред три ипол години можеби и тогаш требаше да заврши...Започнав врска со момче кое многу ми се допаѓаше по краток временски период штом ја прекинав врската која траеше три години, веднаш штом го запознав ми се допадна забележав симпатии и од негова страна и по кратко дружење започна нашата врска.Првата година да речеме се беше како што треба, се гледавме скоро секој ден уживавме во моментите поминати заедно никому ништо не му пречеше што и да побараше едниот другиот остваруваше. Најпрво дека беше нова врска ми беше незгодно да замерувам за некои работи но подоцна видов дека тој тоа добро знае да го искористи... само што почнавме некои од тие негови така наречени другарки кои ги запознал седејки по кафичи и започнал да се поздравува со нив премногу почнаа да се понашаат доаѓаа в град секаде каде што ќе го сретнеа и ме оттурнуваа од него за тие да го прегрнат тој ништо не превземаше околу тоа по своја волја...потоа излегоа муабети дека зборел со моја другарка као демек колку била добра сестра и колку јако изгледала и оние машки муабети се разврзаа во кругот на неговите другари каде и тој без срам коментираше и ја додаде на фб па ме лажеше дека таа му пратила понуда... трчаше од едната на др страна во градот да ги поздрави некои девојчиња со кои седел еднаш или два пати со неговото друштво исто и на излегување во град во диско го правеше тоа. Секаде му дозволував да оди едноставно не се противев на ништо, беше со другари на забава што ти знам каде претходно во друштвото се збореше за некое девојче кое ќе било таму го прашав дали ја знае ми рече не другиот ден кога се врати гледам дека истата ја прифатил во пријатели на фб, беше на слава кај некој другар и таму под дејство на алкохол едниствено тој со некоја девојка се сликал како да не можел да ја избегне сликата и да ја одбие девојката која наводно таа прашала за да се сликаат, тој за ова немаше да ми каже ако јас на штос не го притиснев. Не реков кој знае што за ова мирно помина рече дека нема да се повтори. По некое време одкако почнаа да се случуваат овие работи да бара од мене да поминува повеќе време со другарите особено со еден од нив кога ќе се вратеше за викенд од факултет не сакаше цел викенд да се видиме едвај се слушавме... поминав и преку тоа...На почетокот не се ни нервирав толку многу....но потоа како да почнаа да се случуваат се поголеми работи кои почнуваа се повеќе да ме иритираат и не гледав промени... по една година продолжи да оди на слава кај другари сам иако тие ќе му речеа и мене да ме земе, тие негови школски или другарки кои така ги нарекуваше кога ќе не сретнеа заедно го штипкаа бакнуваа застануваа помеѓу нас додека пиевме кафе некаде и се однесуваа како да не сум јас со него...мене тоа почна да ме иритира и му замерив велејки му зар кога таа не е свесна ти не можеш да и речеш ова е девојка ми запознајте се....или кога таа така се однесува кога ќе ја сретнеш биди поладен со неа не сврзувај толку муабети... а тој на тоа епа таа ми беше школска до основно што ти знам што... сме се карале за вакви работи могупати...еднаш се случи во диско да дојде некоја која ја знаел од седење летно време по клупите во паркот со другарите два три пати играјки му во диско демек да се поздрави со него а тој се смешкаше на тоа и правеше долго муабет со неа...не барав од него да не се дружи и поздравува со никоја но бар да ги олади односите кога некој не знае да се однесува како што треба кога испил некоја вишок за викенд.Се имаше случено другар да ни се меша во врската да ме напаѓа и демек му бил најдобар другар тој да молчи пред него другар му имал право на крај другар му излезе дека не му е другар. Едноставно ситница по ситница ми се насобраа.... Му приредував секакви изненадувања за да ни биде забавна врската разни ситници му подарував без некој посебен повод... тој не беше ни слично...Наеднаш кавгите се зголемија секоја нова која ке ја запознаеше беше поважна од мене не можел ништо да и рече му била колешка школска другарка иако со него се однесуваа како да не постојам до него. Беше невработен кога се запознавме, се вработи после неполна година и почна да се однесува поинаку, инаку работи во казино. За ниеден проблем кој го имавме не превзеде ништо само добро ќе ми речеше колку да му се мавнам од глава. Од како се вработи целосно се смени паметот му е само во тоа да излезе да пие и да се занесува дека еден ден ке биде нешто повеке од него ке добие на некоја наградна игра пари и ке се лади по цел ден на тераса. Речиси како и секое машко сака на оние интернет страни да игра казино игри тоа го правеше и пред да се вработи во казино но и да кари пари од 10 направи 250 евра тој не престанува додека не ги изгуби. Претходната година бевме на одмор тој десет дена не престана да ги посетува астрите по два пати на ден тоа ми беше најкатастофалниот одмор бев принудена од негова страна да останувам со девојките на неговите другари дури и ког асакав да сум со него бидејки не сакаше да одам со него во астрите. Се има случено друга додека бил пијан пред мои очи кошулата да му ја соблекува а веке одевме две години тој другиот ден не се сеќаваше на тоа и не ми веруваше додека други не му потврдија. Тие негови колешки имаат секакво право над него тој не сака да им каже крај на некои работи доаѓаат пред мене му го земаат телефонот од раце, понекогаш за глупости му звонат тој за инает ми вели нема ти да одлучуваш кој кога претерува да кажуваш. Секогаш вели дека ќе се смени после секоја кавга на крајот само да му се вратам полошо е. Бев многу навредена дека по три години врска неговиот другар правеше свадба јас не бев поканета тој се мењаше со смени на работа само да пристуствува... криво ми беше дека другар му на собири доаѓаше кај мене кај него со девојка му а мојот дечко воопшто не го заболе тоа што јас не бев поканета дури и кога после свадбата требаше да се отиде на диско се случнавме се видовме тој беше таму од 9 до 2 не сакаше да дојде со мене на диско ке ги чекал другарите уште 20 минути...јас мислам дека другар му колку и да немал пари можеше да одвои уште едно столче и за мене а дечко ми требаше да покаже малку свое ја да присуствува на свадбата но не да го чека него до крај како што прават многу други машки и девојчиња кога некој не го цени нивното а многу луѓе и не одат воопшто кога не им е поканет партнерот. Ми се чини дека тој каде има пиење заборава на мене и чекаше да види дека некои парови кои се по еден месец заедно се присутни на свадбата а јас не сум била таму тогаш демек сфатил дека му е криво. Тој ден дека го замолив да дојде во диско со мене бидејки неговите ке дојдеа за кратко веке штом тој излезе од свадбата ми изнакажа секако и фамилијата ми ја навреди и јас му вратив одкако слушнав десет пати што зборува и ми удри шамар демек која сум била јас негово нешто да навредувам а тој имал право така да рече дека јас сум го испровоцирала што сум рекла ајде дојди со мене и твоите ке дојдат таму. Секогаш кога ке одам кај него гаси фб како да го крие телефонот или нешто за инает не го остава вклучен секогаш ми вика кога ке му речам телефонот ти звони...имаше период бевме разделени три месеци мислам дека згрешив што се смиривме не знам што ми се случи во глава попуштив се смиривме а се скаравме бидејки требаше да разговараме за тоа што бевме разделени еден месец демек ке се смируваме јас се налутив бидејки ми рече ке разговараме а тој отиде во кафана да пие со другарите и потоа бара од мене да разговараме додека ми се лигави беше насилен со мене кога излезе од кафаната ме бркаше по сокаците каде се криев додека да стигнам дома ми ја искина јакната... тогаш се разделивме на уште два месеци а тој за тие два месеци го наполнил телефонот со женски броеви како едвај да чекал а до претходно не му беа потребни, седел секој ден по кафани со колеги и колешки дома ги канел...потоа продолжија некои од нив да звонат на телефон за безвезални работи за кои се лутев и кога ке му речев ми викаше некои од нив вртеа да прашаат демек која смена се на раб или да бараат број од такси демек баш од него им треба број дома немаат од кој да прашаат се лутев за тоа и го преупредив дека кога знае кои од нив му звонат за такви раб може и да не им крева. Прифатив претходната година демек сме биле скарани да ги покани на именден оние кои се дружел со нив и колешки ми вети дека наредната година нема да биде така дека ке биде како што било претходно ке слави со своите другари и колеги. Се случи пред некоја недела пред повторно да се разделиме да ми замери дека сум земала да јадам од она што ке го извади на масата без осет демек три реда од мила чоколадо биле цело чоколадо кое сум го јадела мене тоа ме навреди почна да ме убедува како не сум имала осет а одкако осети дека се налутив почна да се објаснува демек не мислел така му било за мене да не сум се дебелела бла бла зошто за него да не сум оставела што не е вистина дека јадам цело чоколадо кај него. Многу пати се скаравме за тоа што на негов именден колегата ја зема својата женска со која оди еден месец а тој по три години не сака да ме земе на именден кај некој колега го молев и едвај после долго време еднаш попушти да ме земе што беше во негова корист затоа што никој не познаваше таму сите негови колеги беа заминале. Каде и да оди последен станува до крај се опијанува и како дете од 15 години ако има 25 се радува на пиење како само тоа да останало во животот. Последниот пат кога се скаравме бевме договорени од како ке станам од кај другарка ми и тој да стане од кај другар му да се видиме... ми рече задржи се повеке да поседам и јас... јас прифатив шетав низ град таму седеше со саати...потоа испадна да ми рече дека моја бифша другарка отишла таму се гледала со негов другар ајде не ми се станува дојди и ти и јас му велам зошто требаше друга девојка да дојде па да ме повикаш зар не можеше ако толку сакаше да сум присутна да ми речеш штом завршиш дојди. На крај јас попуштив иако не сакав со тоа девојче да седам на иста маса и на крајот од вечерта се скаравме бидејки баба му на другарот дојде и ја праша дали сум му нова девојка или сум истата од пред две години која се опијанила кај нив дома и правела скандали. Јас се зачудив за тоа што знам дека сме заедно три години и реков дека не сум таа и не замерувам на стара жена и реков леле какви девојки си имал пред мене сега бабава да збори така за мене знам дека тоа не било додека си со мене.Тој на тоа почна да ми вика да ме држи за уста навредува и на крај ме истера од таму додека сите му велеа стани кажи и нека се врати тој не мрдна. Потоа зборел добро кога си отиде знаеше таа следува ќотек после ова. Уште истата вечер ми испрати порака јас сум го избрукала пред колеги. Др ден демек не знаел зошто сум заминала а пред тоа пак иста порака ми испратил бил многу пијан му било жал што сум заминала но не знаел зошто.Го поцетив не дека му верував дека не знае тој очекуваше ке кажам неа врска и ми вели па ти што ме прашуваш такви работи кога сум пијан...јас му велам на тоа зар треба како на мало дете постојано да внимавам што ке те прашам да не се налутиш и започнеш со навреди и тој на тоа ти си виновна а претходно додека не се видовме добро демек. Му се има исто така случено да отидам кај него да му се јават на телефон и да рече дека се досадува никогаш нема спомнато дека е со мене гледа филм со мене или нешто дека е на кафе со мене...многу ретко да каже скоро никогаш. Му се јави еден другар за на именден во последен момент јас само што бев стигнала кај него тој наместо да рече со девојката сум ... рече веднаш доаѓам а требаше да оди на работа за некој час и мене ми рече да си одам по 10 мин седење кај него. Во ред ли е ова да се случува во три годишна врска...или мене нешто ми фали што се лутам за вакви работи? Во четвртокот минатата недела се скаравме бидејки се налутив за тоа што требаше да оди на забава од работа нема испуштено ни една забава се тој последен заминува а претходно се договоривме дека поради раб кои ги прави кога е пијан нема да отиде никаде повеќе сам прифати но кога стана збор за забавата тој забоави на се...јас веке не можев да издржам кога слушнав од него па забава е зошто да не се начукам ми се вратија сите работи во глава и навреди и соблекувања од страна на други тегнење од страна на колешки понашај како да е сам и нема девојка седење до последно пијан до даска и му реков оди но ние нема да бидеме заедно јас тоа повеке не го поднесувам не можам со тоа да се помирам ти не си човек кој можам да верувам дека ке е примерен кога ке отиде некаде ти не си човек кој знае да каже не на некои личности. Кога се знае сам и што има направено и сам знае дека демек не се секјава претходно ми ветуваше напразно дека нема толку да пие зошто од благодарност за се што имам му поростено да не се откаже од некои работи некогаш и да рече еден слободен ден имам еве голема работа ако ја испуштам оваа забава. Тој беше спремен ние да се разделиме но тој да оди а јас и од апсолвентска сум станала да се видам со него дека имал слободен ден да продолжам со него во диско демек цела вечер сум била со колеги и колешки. Ајде како и да е и тоа го заборавив истерувањето од кај другар му... Пред стара нова година ми испрати смс дека не можел тој со мене така не сакал... за стара нова ми пиша дали ке сум одела со него ...јас не прфатив ми дојде ко на мајтап... за тоа што претходниот ден цел ден го немаше и за тоа што три години по ред тој не ми обрнува воопшто внимание и гледа цела вечер да се коцка јас да го чекам на шанк или на маса додека тој игра... денеска пак ми се јави ко да не било ништо јас му пишувам пораки тој ми одговара нешто без веза што нема врска со тоа што јас сум го напишала... денес ме прашува дали ке сум одела на неговата слава... на која ке повикал повторно колешки но оваа година нови демек неговите другари немало да седеат ако немало девојки исто и неговите колеги... а тој повикува расипани девојки за кои можам да речам дека ни еден не ги смета во градот за луге бидејки оние неговите колеги само такви можат да завртат...ми смета дека лани ветуваше едно демек биле во групи демек не одел со мене им зборел ке ги покани сега се мени планот ... најпрво кога ми се јави пак ми ветува нема толку да пиел фејсбук ке затворел само да сме заедно само да му верувам и му реков размисли една недела тој рече не ми треба.., а одкако се спомна именденот и одкако реков ти од мене нема да правиш будала едно ветуваш потоа не се секаваш демек и друго правиш тој ке размислувал до сабота дали можел да живее таков живот. Не знам кој е овде во позиција да размислува дали јас или тој... зар после толку расправии тој нема размислено зар кога денес реши да ми се јави не размисли... немаше ништо да забранувам и да барам од него кога ке видев дека сум му на прво место кога ке видев дека штом прашам кои колешки планираш да ги поканиш да не правеше будала од мене да ми вели не знам не сум размислил зар тоа се мисли зар тој не знае кој му се поблиски зар не може тоа да бидат истите од лани... и зар од како се спомна именденот а до пред тоа сто пати рече не сака да размислува наеднаш се предомисли... разбирам да именден без девојки не бидува но кој него го цени ке отиде за јадење и пиење не за девојка ипак тој го прави во кафана и може да бира кој кани а не за кејфот на другите да седеле тие дека го боцкаат ајде имаш девојка и нема други да поканиш ке се расправа со мене...Зар тој седи на именден повеке од саат за тоа што има девојки по негова логика.. минатата година не реков ништо но сега веке не можам преку глава ми е од се... не знам што ми се случува многу луге околу мене другарки ми рекле дека не барам многу тој само ме обвинува и јас потпагам под тие негови обвинувања...мислам дека знам што ке се случи сега помина коцкањето за стара нова помина забавата ке помине и именденот и пак ке ме бара и пак ке биде ти си крива јас те повикав.... зошто не може едноставно повеке да гледа за нас зошто не цени се што направи му заборавив и во болница бев имаше време не дојде да ме посети три дена пиење со другарите беше слободен и уште четири на школо за во казино одеше не дојде да ме види....има уште многу работи ова може ви изгледа како малку но не знам уште што да напишам...се што сум кажала дека ми смета тој продолжува да прави и го негира тоа... со мене кога ке се врати од работа нокна смена не му се прави муабет пет минути не знае што да ме праша или кога имам проблем само не се замарај а некоја си негова школска на фб која ја немал видено со години од основно ја тешел од дома зошто не излегувала и пишувал цел сааат од три сабалје друга колешка за која се збореше секако во град ја тешел не се замарај таа пак му зборела леле па тоа ако беше вистина за мене мојот дечко ке потврдеше дека мене ме шиеле на интимните органи дека сум била со оние тројца во собата е ајде таа што почнала да му збори зар тој не можел кога го прашала еднаш што збореле во град точно за неа да и одговори а не пет пати да и кажува ако не е вистина не се замарај и да ја теши и убедува да збори за нејзина интима како да е сам и женско со нејзе а таа нема на кој сите ја знаат и нему ке му збори го нашла будала тој наместо да и смени тема ми збори што муабет правел со неа и како да се гордее со тоа наместо да се засрами мислам има разлика од разговор до разговор и не може секој тебе да ти е близок. Работел во ист хотел со некоја си ајде трчај сите прифати ги која малку поразголена ке ти пушти понуда прифати ја па и ме лажел дека ја знае на крај излегувало признавал дека не ја знае.,.. Се што побарал сум променила и броеви сум бришала и пријатели...Како да му верувам и да ги гледам убавите работи кои се многу малку во однос на лошите и да не замерувам за такви работи едноставно веке не можам да бидам ладна премногу ме притискаат некои раб... како да му дозволам да отиде некаде сам кога нема мерка или да му верувам за телефонот за фејсбук... или кога оди на кафе со другари а тие секогаш влечат нови другарки со нив на секои три месеци нови а тој не ме зема со него...и зошто покрај се јас се уште чувствувам вина и пак размислувам и се преиспитувам иако се правам јака пред него демек нема да попуштам. И мајка му премногу се меша таа за коцкањето вели дека е минливо и пијајнето...едноставно како јас да му го мислам лошото таа се гордее и го оправдува се смее на сето тоа а ако тој промени некоја раб и по некое време замерам за др ми вели сега тоа го сменив не може и ова.Навистина посакувам да се оттргнам од него не знам каков е тој страв или како да го наречам кој не ме пушта да продолжам напред сите па дури и самата гледам колку ми беше подобро кога бев три месеци без него па и другарките и домашните тоа ми го зборат. Бил ли некој во ваква ситуација ве молам помогнете ми...
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    A имаш ли ти девојко самопичит?за каква врска зборуваш,ова едноставно е полошо и од класично неверство,освести се ,или добро ја прифати таа улога на будала и глупачка,алооо кои школски колешки :fubar: ,типов се мувал со се живо и диво пред тебе,уште фалеше и да му веруваш,ај ќе речам ок барем да бил добар со тебе,па да му веруваш на оправдувања,а тој те гази како сака,не те признава ни пред другари,мајка му е свртена против тебе,а типов е одвратен :x ,незнам како може да го сакаш и да го трпиш толку,а тоа што те изневерува и не е ништо тајно,штом тој си дозволува секакви да го штипкаат и гушкаат и тој не реагира никако.постот ти е многу долг,но го прочитав со внимание,значи неможам да разберам како си го трпела типов цели 3 години,после вакви понижувања ,и овој дел дека си го посрамила пред колегите :puke: ,срам да му е навистина!!!!
    девојче,да сум на местото на твоите родители ќе те врзам дома дури не се опаметиш,тоа ти го велам најсериозно :!: .
    колку години имаш?зошто дозволуваш ваков изрод да манипулира со тебе?
    и јас имам страдано ,секоја двојка си има проблеми нели,но ова твоево не личи на врска воопшто,послушај ги твоите родители и другарките и оддалечи се од типот ,има многу машки на овој свет,не е единствен овој !
     
    На Ballerinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ballerinaaa

    Ballerinaaa Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Знам дека е премногу долг постот и дека едвај некој би се нафатил да го прочита. Имам 22 години и навистина искрено со него заборавив како е да имаш разбирање со некого во врската... можеби е срамота да признаам но навистина не знам како изгледа тоа да некој те почитува што значи и како ќе препознаеш кога има разбирање меѓу вас и дека едноставно тој некој кој е со тебе не ти прави лице мислам дека повеќе никому не можам да верувам. Во мене се како да е претворено во сомнеж едноставно се плашам да поверувам дека надвор има подобри дечки од него. Секогаш се обвинував сама себе си велев ајде ништо не е школска му била нема шанси да се муваат се обвинував по неговите објаснувања односно во вид на обвинување упатени кон мене се тешев демек не си одговараат заборавав колку пати се има случено тоа си велев себе замерувам на глупости, но сметам дека и да немало ништо тој не требало мене да ми вели зар сакаш сите да ги изгубам поради тебе. Јас не сметам дека ако некој ти е вистински другар нема да те разбере што сакаш да речеш кога ке замериш за нешто. Во постот напишав толку за да раскажам бар поголем дел од работите кои ми се случувале и зборев и за моите однесувања кои се плашев и сомневав дека не биле коректни не сакав да прикријам ништо да излезе како моите реакции се скриени зборам тој само што ми прави, за реално да побарам мислење сметав дека треба да напишам повеќе. Како едноставно да не кренам кога ќе го видам неговиот телефонски број и да му речам да престане да ме бара тој тоа нема да го разбере изгледа му се допаднало неговото манипулирање. Сите ми велат дај откачи го во однос на него си принцеза измислена со факултет девојка а тој така да те понижува еден мамин син.
     
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    епа јас сум поголема од тебе година дена,и да ти кажам и јас имам страдано во врските и тоа многу,трпев еден мамин син кој ме понижуваше ,но не до тој степен како овој твојов.не е проблем што си напишала долг пост,не ти префрлив,само сакам да ти кажам дека внимателно се прочитав за да утврдам дека типот не е за тебе :!: .
    и пак не ми одговори зошто ги трпиш сите тие малтретирања и понижувања,биди храбра и стави крај,зошто во оваа врска ниту има љубов и разбирање,ниту ќе има.
    ако се плашиш да не ти се заканува ако го оставиш,побарај помош од блиските,сигурно најмногу родителите ќе те заштитат,така да слободно откачи го типов и врати му за се што те навредил,не ми е јасно како не си бесна со оглед на тоа како те третира,на тебе ти е совршено јасно дека тој е идиот.
    едноставно батали го,и продолжи со животот,мислиш некому му е лесно да претрпи крај,но кога тоа е подобар избор ,мора да собереме сили и да продолжиме.јас имав две болни раскинувања во мојот живот, еве ме сеуште се опоравувам,но не дозволувам било кое машко да ми го загорчи животот,тоа не :emo: .
    се надевам дека ти помогнав,ако имаш дополнителни прашања пиши ми лп поздрав
     
    На H.VAGA и Ballerinaaa им се допаѓа ова.
  5. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам со hermosa.. Навистина, не заслужуваш ти така да си игра некој со тебе и да те малтретира :worried: И сама кажуваш дека тие 3 месеци кога не сте биле заедно ти било многу подобро. Стави крај на оваа „врска“, поштеди се себе си од тие страдања, не си ти должна да му ја трпиш неговата несериозност, а и неговите „колешки“.. Колку побрзо завршиш со него, толку подобро за тебе!
    И немој да се држиш до тоа дека повеќе никому нема да веруваш. Немора да значи дека ако еден си играл така со тебе, дека и следниот ќе биде така. Навистина ти посакувам многу среќа, побрзо да се откачиш од него, и да си најдеш некој кој навистина ќе те цени и почитува :*
     
    На Ballerinaaa и H.VAGA им се допаѓа ова.
  6. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Прочитај си го уште еднаш сама постот и сама ќе сфатиш до кој степен те понижува.Секој заслужува среќа,љубов и насмевка,а ти не добиваш ништо од тоа во ова што не може да се нарече ни врска ни никако.Млада си,образована,ќе си најдеш некој друг што ќе те цени и почитува.Со ваква гнида немаш иднина.Ако е ваков сега,којзнае каков ќе биде ако не дај Боже утре се венчате.Животот ќе го испие од тебе.Заврши го ова што побрзо и спаси се.
     
    На Ballerinaaa и H.VAGA им се допаѓа ова.
  7. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Го прочитав постов, и морам да кажам дека срцето ме здоболе од постапките на човеков. Па зар тоа е врска?? Девојче, сум имала и јас долга врска и немало ден а да не осетам љубов. Дечко треба да пази на тебе и да те сака, а не да те омаловажува. Бегај од него, човекот си има проблеми (алкохол, коцка) а ти имаш иднина пред тебе, немој да губиш време со луѓе кои не вредат ни 2 посто. А верувај ми, не се сите машки како овој, ќе си најдеш некој кој ќе ти го направи животот неверојатно убав. Те поздравувам. :)
     
    На Ballerinaaa, hermosa и H.VAGA им се допаѓа ова.
  8. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Девојче сакај се себеси пред се! Ако не се почитуваш самата себеси како личност не очеувај никој да те почитува а најмалку овој гад! Извини на изразот ама поубав збор неможам да најдам за него! Неговото однесување не личи на ништо.Луѓе после 3 години врска се земаат,а овој на еден именден несака да те земе.Имам претстава како да те крие или не знам како да кажам веќе.3 години си го трпела овој човек кој што гледам нема што да прави со својот живот освен да се коцка и да ги лечи своите комплекси и нервози да ги истура на недолжна образована и културна девојка!Толку ти ја има уништено самодовербата и те владее психички што ти веќе си во борба самата со себе дали за овие работи треба да му се лутиш.И те како треба! На ништо не му личи однесувањето.Детско,незрело,идиотско,нечовечно!Пред 3 години и јас имав врска која што ако продолжеше денес можеби ќе бев на твое место.Се почна така лабаво и јас сметав дека не треба да замерувам но ми се качи на глава со неговодо изводење! И за се јас бев крива,зошто?Зошто сум се навредила од неговите гнили зборови и ме заболеле неговите навреди! Откачи се од таков,не ти треба некој што те уништува вака млада.Зошто во најубавите години ти да плачеш,да си навредена секој ден и да трпиш вакви драми?! Кога може со некој повреден да се чуствуваш сакана и почитувана! Верувај ми јас се спасив и дури сега гледам (сега имам врска) што и колку значи да си сакана почитувана и секој ден се чуствувам среќна! Ти посакувам се најдобро !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
    На Ballerinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам најдирекна со тебе немој да се лутиш, ако несакаш не земај во предвид
    Какви ситниц бе девојче, не се ова ситници што набројуваш, за твојот живот се работи, за период од животот кога треба да уживаш, абе три години на некој шалабајзер неиживеан му посветуваш, дај те молам. Разноразни женски, пиење, коцкање и непочитување не се ситници.
    Па како ги памтиш бе сите караници вака хронолошки
    Јас мислам дека прва грешка ти е што уште на самиот почеток не си реагирала, а сега е веќе касно да се оправаат работите.
    Не бе златна, не ти фали ништо што се лутиш за ови работи, ти фали дека ги трпиш.
    Батали го таму. И да те бара и да те моли, стави крај. Млада си, ехееее 22 години. Ќе помине време ќе се скрасиш со нормален дечко, овој е НЕНОРМАЛЕН. НЕМОЈ И ТИ ДА БИДЕШ ЛУДА ТРЧАЈЌИ ПО НЕГО.
     
    На Ballerinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Ќе кажам само едно - Бегај додека можеш и додека типов целосно не ти го уништил животот!!!
    Се опива кај ќе стаса, се коцка, те омаловажува, те удрил (ако прочитав добро), нонстоп е со некои "другарки"...
    Што уште треба да направи? :^)
     
    На Ballerinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.