Претпоставувам дека сите ја знаете приказната за „Rapunzel“? На кратко, мојот живот е многу сличен. Уште од мала, моите родители не ми дозволуваа да се дружам со деца од маалото (ниту било какви други), со оправдување дека се мрсулави или имаат вошки. Од секогаш ме изолирале од надворешниот свет (не е дека сум заклучена во кула или нешто, ама точно ја бројат секоја минута поминато надвор, макар и до продавница). Во основно бев најомразена, неможев да се спријателам со никого, а башка бев дебела (не полничка, туку со сериозна дебелина +26кг). Јадев кога бев сама, а секогаш бев сама. Јадев кога бев тажна, кога бев разочарана... Се мразев себе си, го мразев целиот свет. Прошетав неколку основни училишта затоа што секаде правев проблеми. Во 6то одд. за прв пат вистински се погледнав во огледало (другпат само сум поминува покрај него, вртејќи ја главата од страв и срам од тоа што би можела да го видам) и решив дека треба да превземам нешто. Се измачував себе си со гладување и потоа прејадување. Одев на секакви лекари и нутриционисти и ништо не помагаше. Летото пред 7мо успеав да симнам 8кг. Се чувствував пресреќно. Потоа со здрав начин на исхрана и вежбање, успеав да стигнам до мојата посакувана тежина (на 173, 60 кг, т.е. -3). Еден фотограф (во Милано) ме има сопрено и молено да се пријавам за модел (не се фалам, не ме разбирајте погрешно). Моите не ми дозволуваа. Отсекогаш правеле тоа што они го сакаат со мене. Но јас како човек се сменив, почнав да станувам самоуверена. Да се обожавам себе си. Затоа почнав и јас да ги критикувам луѓето. Едни мрсулави, други грозни (навистина сакам да ја немам оваа особина). Сега во средно, постојано сите се врткаат околу мене, молејќи ме да излезам со нив или сл. Јас многу сакам. Барем еднаш во животот да излезам како човек, да не гледам колку е саат и да си поминам многу убаво со живи луѓе, а не материјални глупости од мама и тато. Сум ги молела, сум ги преколнувала, но ништо не помага. Тие не ми дозволуваат да се дружам со никого. Секогаш е истата приказна, смеам вечер да излезам? - НИКАКО! ШТО БАРАШ СО ТИЕ ГЛУПАВИ, еве ти пари за да си купам нешто. НАВИСТИНА, многу боли кога немаш никого. Цело лето седам дома плачејки, додека другите излегуваат и си го живеат животот. Сум пробувала да им објаснам дека сум човечко суштество и дека ми треба некој, а тие уште се бунат, како сум можела да се жалам кога добивам се што ќе посакам. Добивам се освен тоа што навистина ми треба. Друштво. Во последно време почнаа и панични напади да ме фаќаат, да се тресам и да неможам да се смирам, па што може да се случи кога некој е толку сам? ПОМОШ! како да им докажам на моите дека не сум нивен привезо и дека и јас имам душа. ДОСТА МИ Е!
Договори се и излези. Незнам колку години си, но во соодветно време. Спријатели се. Ќе разберат тогаш дека неможат да те држат дома или дознај ја причината зошто така мислат. Може постои нешто. И татко ми така проба да се однесува со мене, овој е ваков или оној е онаков, ама среќа мајка ми ме пушташе и накрај и тој попушти.
Неколку пати сум излегла, оставајки дома ливче се враќам во 10 или сл. Потоа по цела недела сум била казнета, не смеев ни до продавница да одам. Иначе имам 17
Добро ај, помала си, сфаќам да сакаат да те контролираат донекаде, оти може се плашливи да не ти се случи нешто, ама, свесни се тие дека те лишуваат од социјален живот и тоа те спречува да осознаваш и да си изградиш сопствено ’јас’? Ова се типични родители-паразити. Немој да се навредиш од изразот, ама баш сѐ си кажа со реченицата “Немој со тие никакви, на ти пари, купи си нешто.“ Зошто па да се грижат кај си и што си, кога лесно можат да ти забранат дружење и истото да го “надокнадат“ со пари? И ако е така, луѓето патат од комплекс на виша вредност, или пак тие биле нарекувани со тие погрдни зборови, и сега го лечат комплексот на тебе, па никој не е достоен за нив и ќерка им. Мислам, никогаш не може да се донесе правилен заклучок ако се слуша само едната страна, и јес да на тие години хормоните преувеличуваат приказни, но сепак... А, и ти си попримила од нив. Како тоа ти годи кога си центар пажња, а кога ќе те викнат т.е. ко што велиш ’молат’ да излезете, ти ги одбиваш, па после се жалиш на осаменост? И зошто? Што ги прави мрсулави и грозни, а тебе не? Ај да бидеме пореални, тоа ти останало од комплексот кога си била дебелка, па сега кога не си, ги етикетираш другите. Штом така бираш, ништо нема да постигнеш, и не се родителите изговор за тоа. Ако сакаш да си средиш, нема да ги молиш и да се лутиш, така само повеќе ќе ги инатиш. Смирено ќе ги седнеш и ќе ги прашаш во што лежи проблемот. Дали утре планираат со стројници да те мажат и тие да ти бираат кои ќе ти бидат куми, деверици итн? Земи излези кога те канат, не пребирај. Ќе те казнуваат можеби, ама да се надеваме ќе сфатат дека ти треба друштво, а не парични надокнади.
Ова веќе ми звучи на семејно насилство. Не мора физички да те повредуваат за да се нарече семејно насилство, но и да ти го скратат социјалниот живот во најубавите години..., тоа е страшно. Можеби си од високите социјални слоеви, па сите други за нив се мрсулави и вошкосани, но не е така. Во најмала рака, колку да почнеш да излегуваш замоли ги да те пуштаат со деца на нивни пријатели или роднини кои ете, нема да се вошкосани. Па пиши како ќе поминеш. Секое добро. позз
Lelee mila devojko,zal mi e .Sto da im pravime,prasaj go zosto tolku te stitat da sedis doma,ima li pricina_ne se buntuvaj,poloso ke napravis. [mod-kirilica:3tvkgqaz][/mod-kirilica:3tvkgqaz]
Страшно. Ситуацијата ти е лоша во секој случај. Нормално, никој не сака да биде сам, да седи дома додека другите се забавуваат, се дружат. Сфаќам како ти е, сега си во најубавите години и нормално е да сакаш да го правиш сето тоа што го прават твоите врсници. Не сакам да коментирам за твоите родители, ама повеќе од очигледно е дека нешто не е во ред со нивното размислување, а тие се уверени дека баш така треба да постапуваат. Те советувам да превземеш нешто колку што може побрзо. Не си должна да трпиш вакво измачување. Да, измачување е, и тоа како. Може да ти остави последици за понатаму. Многу е важно да се социјализираш правилно, да имаш нормална, секојдневна комуникација со твоите врсници. Како за почеток, обиди се да разговараш со родителите. Најсмирено што можеш. Прашај ги што сакаат да постигнат со тоа. Полека и без викање кажи си го твојот став, изјасни се дека и ти имаш право на твој живот кој самата ќе си го раководиш. Дека ти треба време за дружење и опуштање, дека едноставно имаш желба за сето тоа. Не гарантирам дека со еден разговор ќе успееш, вусшност незнам да ти кажам какви се шансите, но мораш да се обидеш да направиш нешто. Вака, да седиш, да чекаш и да се помируваш со нивните неправилни одлуки-не! Можеби ќе треба да побараш и стручна помош, или совет од некој постар во кого имаш доверба. Ти посакувам среќа и на крај се да излезе како што ти посакуваш!
Пробај да разговараш со твоите... Но! Немој да се жалиш, немој да ги критикуваш или да плачеш. Седни да арзговараш со нив зрело и сериозно, за да може и како таква да те сватат. Кажи им дека не си повеќе 7 туку 17, кажи им дека ти пречи, па можеби ќе те сватат. П.С. Зближи се повеќе со мајка ти, ако нејзе ја придобиеш таа знае како со татко ти !
велиш ти даваат пари а не те пуштаат да излегуваш-епа не ги троѓи тие пари само барј уште уште... и имаш 17 штом наполниш 18 ке си купиш или изнајмиш стан и си живееш срекно и слободно до крајот на животот (велиш твојот живот е како приказна епа еве и срекен крај ) стом ти даваат пари веројатно се богати па мозеш заштедис бидејки ти немаш шивот спред ова што го кажа... од 10 години се шетам по населба со друштво ( сите деца) и до 12 пополнок татко ми малце знае да мрмља али кој го ферма
Според ова што го прочитав во целава твоја приказна.Мислам дека потекнуваш од доста богато семејство,ајде да не речам пребогато.Несакам со ова да те навредам. Но ако ти така си зацртуваш и твоите родители ги навредуваат\ле твоите другарки: глупави се,вошкарки вакви такви. Разберете дека не е целиот свет розов и дека неможат сите да бидат како вас. И неможат сите да бидат совршени,односно НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН А за ова што не ти дозволуваат да излегуваш седни и направи муабет како воздрасна личност. Кажи им дека сакаш да се забавуваш дека ти треба друштво,дека не треба да се делиш како црна овца од останатиот свет. Дека сакаш да живееш нормален живот.Кажи им дека не те задоволува тебе тоа што ќе ти дадат пари да си купиш нешто наместо да излезиш.Кажи им дека не си детенце кое ќе го лажат купи ова и не ме моли повеќе за излагање.
Нема ништо да решиш со молчење,трпење и слушање на нивните глупости,кои влијаеле и на тебе,да станеш каква што си,да ги навредуваш другите. Од срце би те советувала да им се бунтуваш,сите велат дека треба како возрасен човек да седнеш и да разговараш со нив - но по тоа што го напиша јас верувам дека веќе многупати си разговарала и од тоа немало никаква полза? Би ти рекла мирно да седнеш и да разговараш,но убедена сум дека тоа си го направила милион пати. Штом веќе те третираат како дете и мислат дека си дете - покажи им што е разгалено детиште. Излегувај си без да ги прашаш,бунтувај се,по цело време збори им дека не си им роб,можеби отпрвин ќе те казнуваат,ќе ти забранат телефон,интернет,,или незнам што но со тек на времето ќе разберат дека неможат на друг начин,па ќе ти дадат слобода. Но немој тоа да го правиш со викање,плачење или молење. Само инати се преку разговор. А ако и после тоа не разберат најди некој начин да побараш стручна помош,дека ова сепак е семејно насилство,иако не е физичко насилство. Тие ти го одземаат правото на слобода. И така,однесувајки се како разгалено детиште ќе им дадеш до знаење дека ти си зрела личност,тврдоглава,која не се откажува лесно и која е доволно возрасна да процени со какво друштво ќе се дружи и што ќе прави. Ќе видат дека не си веќе нивното малечко девојче кое можат да го лажат со своите пари,туку силна личност.