Признавам дека очајно ми недостасува и дека сум мноооогу љубоморна кога не знам каде е. Признавам дека сакам да знам многу повеќе отколку што треба. Признавам дека по карактер сум лоша. Признавам дека ќе му ја кажам на другарките единствената работа што до сеа не ја дознале веднаш откако се десила. (ја кријам веќе 1 месец ќе спобудалам). Признавам дека ми се оди на одмор. Признавам дека во моментов ми се сака секс. Признавам дека ми е жал што на мајка ми и ги зедов вечерва последните пари од ќесе.
Признавам дека не можам да поднесам што поголемиот дел од времето го поминувам со луѓе што знаат една единствена тема на разговор - БОШ МУАБЕТИ ! Признавам дека форумов и вие форумџикиве многу ми се најдовте во животов последниве неколку дена ...
Признавам дека сум многу загрижена за финансиската состојба дома, не гледам подобра иднина за мене и моето семејство. Во последно време само лоши вести добивам од татко ми во врска со неговата работа во Италија. Ја гледам и мајка ми, колку многу се нервира што не оди на работа. Се трудам и јас да најдам нешто барем за летото, ама ништо и од тоа. Признавам, многу ми е тешко во моментов. Признавам, немам надеж..
Признавам многу се сменив таква ме направија случувањата околу мене Признавам повеке не водам сметка за моите дома си терам мој филм Признавам многу ги замразив лугево околу мене Признавам ке продолжам да си терам свој филм Признавам дека ако покушаат моите нешто да ми сторат УБИВАМ кој сакат нека бидит та мајка та татко сеедно ми е Признавам скурчено ми е да живеам во овааа наша никаква Македонија Признавам дека неможам без мојот дечко Исто така признавам дека го сакам Признавам дека сум направила лоши работи и ич не ми е криво (убаво им направив) Признавам сношти го изедов цел сладолед и за никого не оставив и пак ми е мило за тоа Признавам дека могу молчам кога треба да зборувам,ама ке се сменит тоа...сеа ке ја видат тие новата Unhappyy
Признавам дека полудев во последно време (хухух се зафркавам) Признавам дека го сакам дечко ми најмногу и дека постојано сакам да бидам со него
Признавам дека ми е дечко.. Да тато,ти признавам.. (Ајде ваљда ќе соберам сила и вистински да му кажам)
Признавам и потпишувам дека наредниот мајстор што ќе ми утне нешто во куќата, или не го доврши на враме, па јас покуќар да изигравам заради мизерните нивни изговори, ќе го убијам ...со голи раце... После најверојатно и на телевизија ќе го покажат случајот- млада жена убила мајстор од непознати причини, епа не се непознати, вие ќе ме препознаете и ќе ги знаете ...
Признавам дека понекогаш имам огромна желба да и ја искубам цела коса на сестра ми. Досадно детиште, не ме остави 10 минути на раат.