1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од eli25, 24 август 2011.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    Девојки,може ќе ме карате за темата,ама прво да ви објаснам...значи сакам на оваа тема да си пишуваме секакви проблеми во кои сме се нашле на работа и да си даваме совет,за било кој профил на работа.Не сакав да отворам нова тема,па мислев во една да пишуваме за се.Секако дека ако не одговара слободно нека се избрише :)
    Ете јас се најдов во незгодна ситуација,се пријавив на интервју а веќе работам,газдата мој и газдата каде што бев на интервју,се знаеле и спомнав каде сум работела,ама не кажав дека сеуште работам :doh: ,и овој му рекол демек една твоја бивша вработена беше на интервју,сакал да ме земе,па како сум се покажала во работата...газдата не ми рече ништо,само се насмеа а јас во земја ќе пропаднев :doh: Ми рече и дека ако не ми чинело нешто да сум му кажела,а реков не,се е во ред,работата е што ми требаат повеќе пари,а знам дека на ова место кај што сум сега нема шанса за покачување....веќе недела така,тој се прави дека е ок,а мислам и дека нема да ме викнат на новата работа,пошто излажав.... :doh:
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Секој од газдите е свесен дека парите се во игра ако станува збор за добар работник. И тој таму каде што си била на интервју претпоставувал дека нешто не е ок (малку пари) па затоа бараш нова работа. Тоа може да го свати како доблест дека можеш и повеќе за повеќе пари а е негов предизвик дали да те вработи. Знае дека имаш искуство е сега може само да си калкулира за колку пари, али како секој газда така и овој претпоставувам тешко му се даваат пари на работници.
    Постоечкиот газда знае дека сакаш повеќе пари ама така му одговара. Фер од негова страна што прашал ама нефер спрема самата себе си што си дала таков одговор.
    Држи го постоечкото раб. место додека не излезе нешто друго за поголеми пари. Секогаш имај алтернатива и втора опција
     
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    ^ Да може и грешка направив,ама и тој самиот е свесен за тоа,неколку пати го замолив за платата.А плус работам и работи што не се мои.Сепак несакав да дознае дека барам нова работа,многу за никаде испадна и сега ми е ептен незгодно :sweat: Така да може и од него ќе добијам отказ,не ме чуди,сигурно се изнервирал ,фактички доаѓа дека зад грб сум му работела :tmi:
     
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Ели да не му се секираш...ама ич...на него треба да му е незгодно, затоа што практично те натерал да бараш работа на друго место, иако претходно си замолила за покачување.
    Ако е паметен (а треба да е, нели ;) ) сега би требало да те цени повеќе, и да знае дека постои можност да му избега вработен во секој момент, и дека ти како ти, имаш и други можности и си бараш подобро место, а не дека си ја наведнала главата, па немаш каде, па како сака и колку сака ќе те плаќа, вака он знае, дека ти знаеш, дека вредиш и ќе бараш место кај што ќе те вреднуваат, ако он не са...
    На крајот и ова е пазар, на трудот нели, па ќе се ценкаме, ако ти не дадеш, ќе даде некој од наредната тезга...нема љутиш, секој за себе сака најдобро, тоа го прави и тој, со тоа што ти дава помала плата и е глув за твоите барања, си прави подобро за себе...
     
    На WarriorAngel и eli25 им се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    Taka e,но незнам дали би ценел.Кој работи во приватно знае.Колку посакувам да работам во државно барем нема да ми бучи главата. :worried: Никогаш немам дојдено дома во 4ипол.Работно време ми е до 16х,ама редовно останувам до 16,30,17.А ако закаснеш 10 минути на работа,одма гледа во извештајот од картичките што се куцаме,и ако ти се десило 2,3 пати одма 10,20 посто од плата :worried: А не цени кога му останувам некогаш и 2 ра смена :worried: Ете ме револтира ова.Јас оти доаѓам како една од помладите морав дас епокажам повеќе,па сега сите ми се качија на глава,видоа не одбивам работа,а ако н се испонашам некогаш одма кај шефот.Сум зборела на мобилен со дечко ми-ме прислушкувал бе еден 60годишник и ме кажал,ах Господи,колку неправди.Сепак мислам дека ми ја цени работата,2 пати му се испушти :lol: да ме награди со бонус оти сум работела добро.
    Ама сега како ми е незгодно,тоа дека сум глупа,да беше некоја ич немаше да и чуе,ама јасссс :sweat:
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    проблеми на работното место секогаш има но најбитно е да знаеме како да ги прифатиме и да ги решиме. и нормално објективно да ги согледаме работите а не само да плукаме по шефовите и да се правиме ние светци. ели браво за храброста и за признавањето на грешката ако можеме да ја наречиме .

    и јас имам проблем на работа веќе подолго време и секојдневно се нервирам ама незнам како да го решам. јас имам позиција на претпоставен и одговорен човек во фирмава.

    скоро сите вработени се мажи постари од мене. јас маки мачам луѓе да ги натерам да работат или да ме послушаат за нешто. слушаат ден два после пак по старо, се пие кафиња по цел ден а работата како ќе им дојде. газдава доаѓа ретко и не се замараат многу.

    а јас претрупана со работа. сум пробала и со лошо и со арно, и никако не бива се им е како на шала, а досега не сум им скратила од плата бидејќи ми е жал. на газдата сум му кажала но баш не се замара многу остава јас како ќе направам.

    и секој пат кога ќе им речам нешто веднаш ми викаат како да сум глува она сакаат машки да се покажат :D абе бог да чува незнам веќе што да кажам сум ги опоменувала често и тогаш за тогаш ок е после пак стара песна. пробувам да си ја терам мојава работа и максимално да си ја намалам нервозата али добро
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Жоел, мислам дека баш проблемот е што ти е жал да им казниш со намалување на плата.Те осетиле дека си попустлива и дека џабе ги опоменуваш и затоа така ти прават, додека ти мора да ја сработиш и нивната работа.

    На твое место, уште денес, првиот што ќе се зафркава ќе го казнам, па да видиш како ќе почнат да се опаметуваат гледајќи што го снашло другиот ;)
     
    На tea1221 и Pamela Daisy им се допаѓа ова.
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366

    во право си не велам не, но знаеш за да намалиш плата треба писмен доказ потпис итн овие како што се леви ... али овој месец сигурно ќе им намалам. јас мислам дека најголемиот проблем е што сум девојка и мн помалада од нив па тешко им е да се навикнат
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    Да,мораш да покажеш заби.Многу боли кога ќе те удрат по џебот и кога ќе се замислиш.Сепак ти имаш голема причина и нареден пат да го сториш тоа,зошто е заслужено.Ако не ја довршат работата,нека остануваат и после работа.кажи им никој нема да си отиде ако не е завршено.Ете од мое искуство ти кажувам.Ние со газдата комуницираме преку мејлови и скајп пошто тој е на друг спрат,и секој ден за секоја задача што ќе ми ја даде ми пишува-до 15 часот чекам инфо,извештај итн...ако закаснам ми вели да останам после работа :sweat: Значи мора строгост да се покаже.Позз и се андевам ќе успееш.Не вреди за некои си таму дембели да се нервираш.Ајде пиши ни како ќе поминеш :)
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Joelle мала сум и немам никакво искуство ама ќе ти кажам за татко ми . Работеше во Афганистан , и таму ред владее каков што дома немаме . После некое време го ставија за шеф да биде. И се млади таму мислат ќе им прогледува низ прсти и татко ми почнал да доаѓа да ги гледа и кога не бил на работа . Имало некои си седеле на интернет , со девојките си збореле и татко ми еднаш прогледал низ прсти. После му рекол уште 2 пати да те видам добиваш карта во еден правец . Не ја сфатил озбилно работата и татко ми го избркал . Сите имаат далеку фамилии ама тоа ти е . Дур им попушташ ќе ти се качуваат на глава .
    Биди строга :)
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Јас сум штотуку вработена, нецели три месеци. На почетокот се беше супер, но сега некако ми станува малку потешко. Знаете со тек на времето се откриваат лицата на колегите, кој каков вистински е, а и после мене вработија уште две нови колешки.

    Сакам вие драги феминки, чисто да ми дадете совет како вие постапувате на работа, како се научивте да бидете трпеливи со некои колеги кои многу озборуваат итн... Мене сепак ми е прво работно искуство и сакам да го дадам максимумот од себе! Имаше една ситуација кога работите малку излегоа од контрола, добро не претерано но... Јас сакам пр. ова, ова и ова се моите обврски и ок треба да си ги завршам. И сите да си ги работат своите. Но со една од колешките, која воедно има подолго работно искуство, имаме исти обврски. И ја гледам дека таа почесто си ја остава својата работа и си пуши цигари додека јас работам. И тоа секако дека ми пречи но никогаш не сум и рекла ништо. Бидејќи ок нова сум и не ми претставува тешко да завршам се самата. Ама еден ден го оставив нејзиниот дел, значи мојот дел го сработив а за нејзиниот веќе немав сила, и таа веднаш кај шефот да се побуни дека сум ја саботирала :fubar: .

    Друга пак, од поновите колешки, еднаш како на шала ми вика - да некои од нас работат, а други уживаат! И тоа се однесуваше за мене, а јас воопшто не сметам дека е така. Бидејќи нас работните обврски ни ги дава шефот и ако нејзе и дале пообемна работа, а мене не, јас не сум ништо крива! Јас секогаш мојата работа до крај ја завршувам навремено.

    Би ми било драго ако некоја ми каже мислење, дека може па и ја грeшки правам во односот со овие две колешки...
     
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    На моето прво работно место влегов со таков ентузијазам, желба за работа, за дружба со колеги...Секогаш јас бев таа што организираше за кафе после работно време, за помош на колешка во неволја, прикривање на грб...one big happy family... Но не помина многу време за да сватам што 'мустри' имам околу мене и што ми мислат...и дека никој не сака новајлија, посебно млада, енергична и способна... :emo: Не можев да се справам, премногу бев наивна и неупатена во таквите игри, новина беше за мене тоа, па нормално изгорев...Но, си добив школо...
    Сега си велам сум попаметна и секогаш сум на дистанца и со резерва кон колегите, но некогаш и тоа не помага и останува само да се игра валкано, за жал...И стекнав навика секојпат кога имам проблем, гледам дека некој пробува да ме саботира или да си превзема мои заслуги, да не молчам, да не прегледувам низ прсти, и да не велам-ајде, нека ја овој пат...туку директно кај шефот или директорот...досадна или не, да си го кажам јас моето со време, да не стигне погрешна верзија од друг...
     
  13. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Значи сеуште неможам да верувам што ми се случи !... :x Ја сакав како сестра ...како мајка ! И кажував работи кои на мајка ми никогаш не би и ги кажала.Делевме и добро и зло.За неа имав најпрекрасно мислење, ја фалев насекаде.И кога се случуваше некогаш да забележам нешто ( тоа се случуваше во последно време !) јас претравував.Кога го загуби татко и ме болеше и мене исто ко да сум загубила јас нешто свое, ја тешев ја гушкав...Тоа беше мојата колешка!
    А вчера...такви грди зборови излегоја од нејзината уста...не ми се веруваше! :x Бидејќи она седи на каса во наша смена, вчера шефот одлучи да направи мала размена колку да не заборавиме и ние, кои не седиме секој ден.Она воопшто не се противеше, а кога останавме сами ...не знам, никој толку не ме повредил , ќе се обидам да ја цитирам :
    сум те сакала како нешто свое а ти да испаднеш толку подла, да ми ја земеш работата пред нос...да ме направиш несмасна расеана ...ако на чест нека ти е што ја користиш мојата болка за татко ми, да добиеш ти некоја позиција и што го труеш шефот со лаги ...
    Кога ми се насолзија очите после вакви клевети само ми свика Престани со глумење, те научив веќе !
    Сеуште сум во шок...не ми се верува дека она ми го рече ова, па луѓе тоа е работа што ќе ти дадат ќе сработиш и готово не е тоа натпревар во трка за автомобили...ццц...премногу ми е тешко, кажете ми ако сте се нашле во слична ситуација ??? Како вие би постапиле ???
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Чиста љубомора и себичност од нејзина страна. Во еден мал ефект излегло на површина тоа што ти мисли. Не ти е права колешка. Можеш да и кажеш дека газдата е тој кој одредува што и како и кој ќе работи а нејзино е дали ќе те свати.
    Немора целосно да ја игнорираш затоа што работите заедно ама во иднина биди претпазлива со неа.
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Болдираното нај веројатно и го кажал некој друг од вработените за да ве раздели, гледајќи колку сте блиски, сигурно шефот не и рекол - ти си несмасна расеана ај да стоиш и да работиш, она ќе седи од сега. Всушност не знам ни шефот каков карактер ви е, да не е жена оговарачка или некое гејско шефче ;) .Ако шефот е некој присебен коректен човек кажи му дека сакаш повеќе да работиш како што си работела до сега ако тоа не ти претставува проблем, можеби ако било вистинско пријателство така ќе и докажеш дека ти немаш удел во тоа. Размисли си, сепак ние не можеме да знаеме за какви личности се работи, ти најдобро ќе пресудиш што и како треба да направиш.

    karenin - не знам дали си во државна или приватна фирма, но секаде е така со мали разлики, еве и кај мене секој секого оговара, со тебе ќе оговара друг, со другиот-тебе и сл.Затоа ти немој да оговараш никого да не паднеш во замка, но се случуваат работи како и кај doll и да не си направил ништо да наебеш на крај. Затоа внимателно со сите, на работа сите се конкуренти и потенцијална опасност, не дека не треба да се дружиш, но не се откривај себеси, твојата интима, дружи се формално.
     
    На Lena0903 и karenin им се допаѓа ова.
  16. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Doll многу ми е жал што си имала вакво искуство и што си морала на најлошиот начин да дознаеш дека колегите не можат да бидат пријатели. Се надевам само дека од ова ќе успееш да извлечеш добра поука и дека повнимателно ќе пристапуваш кон останатите луѓе и нема да се соживуваш со сечија судбина зашто не секој човек заслужува добар третман. Можеби и она била затруена од некоја друга колешка против тебе, но тоа веќе и не е битно, таа веќе не е вредна да се грижиш и да се оптоваруваш со неа.

    Лично јас да бев на твое место ќе се обидев со сите сили да ги спречам солзите, но ете кога веќе излегле, немаше да и се објаснувам многу. Сигурно ќе и речев: "Ако си била вистински пријател со мене ќе знаеше дека јас не би направила такво нешто" и едно "Носи се по ѓаволите", ќе завртев грбот и ќе си продолжев со секојдневните активности. Сигурна сум дека мојата реакција ќе предизвика уште поголем немир кај нејзе и дека ќе ја натера да стави прст на слепоочница и да размисли малку, а подоцна кога ќе подоладат работите, сигурно би направила смирено муабет и јасно би и ставила до знаење дека од сега па натаму ќе имаме строго професионален однос. Од тие причини мене колешките ми се драги, но не и блиски зашто знам дека ако не дај боже зажежи, секој си гледа за себе.

    Те поздравувам и само храбро :*

    Karenin откако го прочитав твојов пост како да читав за себе пред 2 години. Сум била во идентична ситуација и знам каков е притисокот, но издржав и се гордеам со себе. Колешката што ја "саботирав" доби отказ и сега јас сум на нејзино место. Исто како тебе, и јас кога дојдов во фирмава бев новајлија, без конкретно работно искуство и незавршен факултет и покрај тоа што останатите горе-доле ме прифатија таа никогаш не се обиде да ми покаже како да работам ниту пак да ми помогне во одредена ситуација. За среќа или несреќа се снаоѓав сама и тоа остана забележано од страна на шефовите, но никогаш не искоментираа ништо со цел да не ја разгорат и онака вжештената состојба која траеше скоро 1 година. Нажалост првата нејзина грешка беше кобна и остана без работа, а сите го дочекавме тоа како олеснување (посебно јас).

    Мој совет би бил да продолжиш добро да си ги извршуваш ТВОИТЕ работни обврски, секогаш да бидеш на време, да останеш позитивна и добро расположена со сите колеги и да помагаш доколку навистина е потребна твојата помош. Игнорирај ги нејзините клевети и нејзиното лошо расположение, немој никако да влегуваш во кавга и обиди се на умен начин да и покажеш дека си подобра од неа и дека можеш повеќе. Верувај нема да има друг избор освен сама да се повлече и да го смени односот или она второто, да ја решат и да остане без работа.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    Каренин-секаде е така,верувај! некаде и бетер :envy:
    Тоа е,дипломираме,бараме работа а кога ја нема сме најнесреќни.Кога конечно ќе ја најдеме,мора да ја цениме,каква и да е,зошто знаеш во каква агонија си бил претходно ;(
    Мој совет е да му кажеш на шефот.Да не ќутиш.Оние постарите вработени,со подолг стаж од тебе во фирмава,те гледаат од високо,демек они ти с еглавни.Мислат дека нема шанса да му кажеш нешто на шефот,зошто они демек подобро се знаат со него,па и да му кажеш исто ти се фаќа. |( Но не е така.Ако не пробаш-нема да знаеш.Јас сум кажувала ,освен во почеток како тебе не.И јас мислев-пффф,мене ќе ме слуша шефот кога пвие ги знае далеку пред мене,сигурно ќе го смотаа против мене.Но сепак,во приватна фирма-ако си таму,нема попуштања и тинтарења.Кој сака нека е.Барем јас мислам така.Таму сакаат да им работиш.Кога веќе она тебе те поткажала -врати и ти,со разлика што ТИ ќе ја кажеш вистината,а она кажала лага.Покажи заби ]:)
    Дечко ми кога се вработи,поголем ентузијазам од мене ,што да ви кажам.Еден постар од него,нема врска но Муслиман,сакал да намести негова роднина на неговото место и по секоја цена сакаше да го избрка дечко ми.Го тужикал дека нон стоп е на телефон,дека прави збрки,местенки што да ви кажам.Овој мојот не сакаше да појде кај директорката и ми ја наведе причината-Сигурно мене ќе ми верува,кога он е од почеток на фирмата тука |( Траеше неколку месеци,стресови што да ви кажам.Директорката му кажала на шефот на дечко ми да разговара тој со него.Но шефот го знаел тој постариот каков сплеткароџија е,и ја знаел целата работа бидејќи таа неговата роднина претходно била на пракса ама не ја бивало,и му рекол на дечко ми-Ми кажаа дека стигнале вакви и такви жалби за тебе,но јас знам дека не е точно,!
    Но пак продолжуваше.Одел кај директорката сам,и којзна што кажувал.Додека еден ден не го наместил дечко ми за нешто и на него стварно му пукна филм.Но тој не сакаше зад грб,туку кога имаа состанок пред сите јавно си кажал.Овој ќе пукнел,само црвенеел.Со тек на време,се сфатија работите,и навистина се виде кој работи ,кој не! Треба време малку,но се излегува на виделина.И да ви с епофалам дека денес дечко ми му е шеф на тој малоумникот 8) не успеа во наерата ,туку само му помогна за повисоко место :rock:
     
    На babymaybe123, Pamela Daisy и karenin им се допаѓа ова.
  18. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Девојки....Ви благодарам на преубавите зборови, но ете денеска и дознав што е работава ! Оваа да ја наречам третава колешка, го искоростила моето сожалување кон нејзе и ја направила цела оваа драма ! Јас во еден наврат со неа искоментирав дека некако она ми е отсутна и дека многу ми е жал зошто го изгубила татко и , дека ќе и треба време малку да се сталожи.И оваа да и рече нејзе : "Tи го зеде местото оваа, му назборила и на шефот дека си несмасна отсутна и расеана" И толку требало...Шефот застана на моја страна и рече дека ништо нема против никој, дека тоа е се чисто професионално со еден збор не соочи. :!: Aј едно :* за него, чисто за неговата коректност :)
    За понатаму веќе знам како ! Само човек треба да се изгори па да свати, џабе се сите тие совети од постари и поискусни.
    Karenin ...се пронајдов во твојов текст ! Така беше и кај мене , сите ги сакав и почитував и еве ти на крај ! Читај го мојот дел што мене ми се случи, ме направија денеска личен доушник и шпион кај шефот демек сега јас правам нешто он мене да ми верува да ме сака, да ме цени а нив не! Мојата работа отиде в крај значи они навлегоја во мојот живот , во мојата интима дури ми заповедуваа како да се облекувам ?!?! :o Немој да го дозволиш тоа, покажи дека си силна биди горда и за се што мислиш дека постои некој проблем оди разговарај со шефот.Кажи му искрено, мирно сталожено...без никого на навредуваш или сл. Мене поради ова ме направија кодош, ама ок е јас и понатаму така би продолжила , доколку има некој проблем пак нему би му се обратила.Поздрав и само храбро !
     
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    Aj нешто да ве прашам.Знаете дека покрај работава си барам подобра работа,па сега ако нае*бам нека биде,тоа е ,и ете најдов да речеме потенцијална работа на струка.
    И пратив Cv a добив повратен одговор дека одговарам за работата и дали се согласувам да направиме муабет нели за условите,зошто се работи во 2 смени,но не е битно тоа.Е сега вратив меил,дека вака не ми е професионално да се договараме туку кога имаат можност да ми закажат интервју и им реков дека бројот ми е наведен во цв-то,па да ме контактираат.
    И тој ваљда менаџер е ,ми вратил меил дали ми одговарало полсе 21 часот да ми се јави зошто имал работа до тогаш.Ајде вратив Ок
    .Ми се јави и ми вели-Утре кое време сте слободна да седнеме некаде на кафе и да се договориме за плата и за договор :o Дали сакате кај вас во населба кај живеете или ако одите до Центар да се најдеме?Преизненадена што да ви кажам, а фирмата позната и ценета.Јас му реков-објаснете ми акде точно е фирмата и јас кога ќе ви одговара ќе поминам на интервју.А тој-Епа ајде утре ќе се јавам па ќе се договориме кај да се видиме-пак по старо.
    И сега си викм-јас забегана да сум или дивјак не сум до толку,валјда,па да одам на кафиња со некој што не го знам па и плата да договарам,како второ сето ова ми е непристојно а како трето крајно непрофесионално.А се израдував дека на струка ми е работава :worried: Ништо ќе чекам утре па ако продолжи по старо ќе му кажам се што мислам.
    Чудно ми е...кај отиде светов,ццц
     
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    ели би сакала да ти кажам само да не избрзуваш со заклучоците, тоа што те викат на кафе да се договора работа мене лично не ми е многу чудно, затоа што има мн работи што треба да се земат во предвид како на пример дали е сам во канцеларија и дали може да прави интервју без никој да му пречи, работодавците не сакаат никогаш другите вработени да знаат кој колку плата зима и сл бидејќи секој се договара за себе. можеби и си во право можеби е некој дивјак но не избрзувај закажи во центар на сред бел ден во некое ресторанче каде што има народ но каде што ќе можете на раат да разговарате. ние сите битни состаноци ги водиме надвор од фирма по ресторани и таму паѓаат најголемите договори. на зафатените луѓе им е мака од канцеларии и сакаат по опуштена атмосвера. се надевам дека ме разбра што сакав да кажам, внимавај но не избрзувај со мислењата. поздрав и секое добро и кажи ни што направи
     
    На tea1221 и eli25 им се допаѓа ова.