1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прогласена епидемија на морбили

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 јануари 2019.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.701
    Допаѓања:
    42.905
    Пол:
    Женски
    Па реков ја.Останува или да прележат морбили или да ги вакцинирате.А трета крајна опција дома да ги чувате во карантин дур не помине ова.Значи не е едно, две деца па ќе кажете ,,ај моево нема да закачи”.ЕПИДЕМИЈА е.Над 100 заболени има, кај деца па и возрасни почнаа да заболуваат и тоа воспитувачка во градинка- работи со деца.
    А морбилите ич не се за зезање.Го напаѓаат цел респираторен систем, температури, осипи отоци и фатални последици кои може да настанат.
    Треба сите да си ставите прст на чело и да размислите.
    Не можете децата вечито да ги чувате во карантин.Искрено мене ми личи дека ова ќе трае уште месец дена сигурно.Доста заболени има, не се лечи одма болеста.Каков ќе им е животот на тие дечиња кои пример до вчера оделе во градинка, а сега ќе треба дома месец дена да седат во 4 ѕида со баба/дедо или кој и да ќе ги чува.
    А кога ќе треба пак да одат во градинка?Шок е тоа.Јас што имам 17 години после 3 недели распуст не можам да се адаптирам кога ќе почнам со школо.Станување, обврски, средина..не па малечки дечиња.
    И фала богу дека никој не може да ве натера дали ќе си го вакцинирате детето или не.
    Искрено не ми е гајле кој ќе се реши да си го вакцинира детето или не, не е мое да го мислам.
     
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    Кој пие апчиња со поминат рок, жити се? Значи според тебе ок е да се даваат вакцини со поминат рок? Ти би дозволила твоето дете да прими таква вакцина? Јас еве за секој лек што го земам гледам рок обавезно, сигурно ни на моето дете нема да му давам сируп со поминат.
     
    На Stressed Out, DAngel и Annath им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.403
    Допаѓања:
    81.599
    Пол:
    Женски
    Па немаше вакцини со поминат рок.
     
    На An-na и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    Абе и јас би вакцинирала одма сега, ама да ми е детето потполно здраво. Ај кажи ми те молам, имаш дете сега и 6 месеци ти е со настинки постојано (растечен нос, шлајмови, стомачен вирус). Ќе го носиш на вакцина?
     
  5. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    42.263
    Пол:
    Женски
    Само да одговорам на прашањето. Фрлени им се пари за тие вакцини, па сега како да ги вратат, да не пропаднат. Жално е ова што се случува во државава.
    Две мои другарки ги вакцинираа децата. Едната од некоја друга вакцина, и детето и заврши во болница со отрови во црниот дроб неколку недели после вакцината. Случајност?
    Другата си ја вакцинираше ќерката со вакцината за морбили неодамна, последниов месец се по болници, детето не може да се опорави од температура, имунитетот во минус.
    И ако дојдовме до тоа дереџе министриве да ни "докажуваат" како тоа вакцините биле исправни вакцинирајќи свои блиски тогаш нешто убаво смрди. Ама тоа за друга тема.
    Хаос направија, и не би сакала да сум во ситуација сега да одлучувам дали мое дете би ја примило вакцината или не.
    Згрозена сум од приказните што ги слушам и навистина ми е премногу жал што малите души испаѓаат жртви.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.701
    Допаѓања:
    42.905
    Пол:
    Женски
    Хахајај знаев дека ќе почнете да скокате една по една на мене...најмајки сте вие овде.
    Да ви биде нешто јасно, ако немам дете, не сум глупа, не сум заостаната и бесчувствителна.
    Преќинете да напаѓате и одма со тоа твоето дете твоето дете.Моето дете ќе си е мое дете, а не дете на форумов.
    Вашите деца си се ваши, не мои и искрено гајле ми е дали ќе ги стрпате во 4 ѕида на две годинки и ќе зјапаат во ТВ и ќе седат со баба и дедо место со врсничиња и да учат песнички, дали нема да ги вакцинирате и ќе чекате да закачат морбили.Озбилно заболување е, не е течење на носот и кашлица.
    И не можете да бидете 100% сигурни дека се со поминат рок вакцините.Поготово не сите.
    Кој е мрднат да ви шитка бајати вакцини објаснете ми?!Кој ќар ќе го имаат они?И никој не е толкав психопат свесно да дава бајати вакцини на народ, поготово не на деца.Доста мислите дека сите се против вас и вашите деца.Многу верувате на се што ќе видете и чуете.Да ви кажат дека ќе падне метеор утре, пола Македонија ќе се исели..
    Не скокајте одма ако има некој поразлично мислење од вашето и доста се флексате со тоа што сте мајки.Бидете среќни што воошто имате деца, многу жени се мачат да добијат дете.Мајчинството е животна улога, не ви се дадени децата да се флексате преку нив која е подобра мајка и која знае се најдобро.
    Ти си се грижиш за своето дете, еве мајка ми не дозволила да пропуштам ниедна вакцина.Па фала богу сум жива и здрава.
    Како до пред неколку години немаше такви фами дека биле со поминат рок него сега кога има епидемија?Не гледате дека е се игра и монопол?Не стрижат како сакаат.
    И не ме цитирајте веќе пошто ќе се спукам со некоја супер мамичка.

    Инаку.Да ми е болно детето ќе одам на доктор да го слушне да види дали има нешто, ќе направам брисеви и крвна слика.И ќе му давам соодветна терапија.Нема да го чувам дома така без терапија или во градинка да го пуштам со нос чешма.
     
    На Amellie13, fana, sofi2107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    Девојче, ај олабави. Што пишуваш на темава ако не сакаш да те цитираат? Трескаш глупости и пак жива ќе останеш. Има мајки што и да немаше епидемија не можат да ги праќаат децата во градинка од други причини. Што има ти да кажуваш дали ќе седеле со баба, дедо, брат, сестра. И да прима детето терапија, за еден месец може пак да настине. Сфаќаш или не?
     
    На Stressed Out, tincemajmunce, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    И тоа како шиткаат вакцини и лекови со поминат рок. Ги заболе за мене и за тебе. Лично се уверив, инсулин со поминат рок ми дадоа. Не за мене, за свекрва ми. Не забележав, оти не проверувам, и јас како тебе верував. Кога видов дека инсулинот не делува, шок ме мавна кога го видов датумот. Отидов да се жалам, ми рекоа, не било ништо страшно, секако морале да ги потрошат (facepalm) тешко нас со такви размислувања.

    Штом се прогласува епидемија, треба да се преземат чекори да се спречи ширењето на болеста. А не да вакцинираат насилно. Треба да се затворат градинки, школи, да се затворат јавни установи и места каде што се собира голем број луѓе. Што ако не беа морбили, ако беше некоја болест за која нема вакцина, а лекот е тешко достапен? Што тогаш? Се знае кои се мерките кога ќе се прогласи епидемија. А овие што си играат министерство појма немаат што треба да прават.
     
    На Stressed Out, SV1911, DAngel и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.808
    Пол:
    Женски
    Конечно нешто кажано на место. На никој не му е гајле за народот .

    Не е битно дали е дете или не , што и генерално го опишува нашето здравство.

    Моето дете е со сите вакцини до сега примени , ја одложував мрп , пошто фати и зимен период и да поминат овие настинки вируси итн.
    Ама после оваа анти кампања со вакциниве која ја направија министерството за здравство на крај памет не ми паѓа да го вакцинирам во овој хаос.
    Ќе ја прими мрп , кога јас како мајка ќе сметам дека е во ред да ја прими.
    И ако тоа ме прави супер мамичка , супер , немам ништо против тоа. ;)
     
    На Вереничка, Poppins и Black girl им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.701
    Допаѓања:
    42.905
    Пол:
    Женски
    Ќе настине де, живо битие е.Повозрасен не може да настине?
    Еве мене на два пати во период од месец ипол ми се врати настинката па не трчав по доктори.Од причина што ќе ме клука со лекови, сама дома си се средив.Во петокот се убив од повраќање бидејќи кашлав на две минути па сама се средив и еве веќе каде-каде сум подобро.
    Во 21 век кога намерно измислуваат болести ќар да имаат како очекуваш настинки да нема?
    Нека седат со кој сакаат, ама ако има услови греота е да седи дома детето и место со врсници да се социјализира со баба и дедо.

    @Annath друг пат види си со време.Боље спречити него лечити.Далерон немам пиено со поминат рок.Не дека ќе ми се деси нешто ама нема да делува.Ако го примиш инсулинот џабе е жалење после.
    Јас па знам дека на Клиника, медицински сестри со вишокот инфузија се шетаат низ клиника.Моја другарка оди на пракса таму 2 дена во неделата и со свои очи видела.Место да ги фрлаат или чуваат си се шетале со инфузија.Без причина ете.Не дека им било нешто.Туку да ги потрошат.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Ама како да видам со време, се знае кој треба тоа да го гледа. Си има одговорни за тоа, ама очигледно не им е гајле. Исто и за вакцините, исто и за лековите со поминат рок што ги има еден куп со прелепувани декларации и рокови.
     
    На DAngel, Aneta92 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.701
    Допаѓања:
    42.905
    Пол:
    Женски
    Ама ете гледаш има неодговорно, отварајте четири очи.
    Пола доктори и фармацевти се со средно искочени..затоа не одам јас по доктори веќе.
    Старата матична Бог да ја прости ми даваше соодветна терапија и ме оправаше.Последниве 2 за се нешто ми даваат Цефалексин или Оспамокс.Да отидам со очна инфекција Цефалексин ќе добијам.Затоа си се лекувам на своја рака со чаеви, супи и витамини.Со АЦЦ и чајот од @Avery за два дена се средив.Навечер пекол ми беше од кашлање и болки во ребрата од форсирање
     
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    Знаеш како викаат, прво скокни-па кажи оп. И јас бев цврсто убедена дека моето дете ќе оди во градинка, ама бидејќи е бааѓи болежлива, може да најдам жена за да ми го чува бидејќи бабите не можат да ја чуваат, одат на работа :)
     
    На tincemajmunce и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.701
    Допаѓања:
    42.905
    Пол:
    Женски
    Кој како може да си дозволи гледаш.
     
  15. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.644
    Допаѓања:
    5.587
    Пол:
    Женски
    Мислам до 10месец 2018 им беше рокот ,ваљда ги користеле тиe вакцини , ама доста време поминало од вашата вакцина , се било во ред
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    1.696
    Пол:
    Женски
    Девојко @Feminka22 се читаш ли ти воопшто што пишуваш? Ти што не одиш веќе на доктор туку сама си се "средуваш", ти која не веруваш на доктори, се лечиш со супи и чаеви, за која пола од медицинските лица се со средно, ти која кажуваш дека докторите непотребно "клукаат" со апчиња, ти која тврдиш дека намерно измислуваат болести во 21ви век за да имаат ќар(иако ти истата погоре прашуваш каков ќар би имале..?!?!?) а сепак своето дете би го носела веднаш на доктор да ги направи сите потребни испитувања и да прими соодветна терапија, ти истата форсираш и поддржуваш вакцина која дефинитивно е во категорија- спорна. Ти дали воопшто имаш издржан став со толку контрадикторни мислења?(не ми одговарај ќе те молам прашањето е реторско) Дали воопшто си свесна што "зборуваш". И ти најде да им кажуваш на мајките овде кои веќе имаат доволно искуство, (дел од нив изоделе трнлив пат) како да се однесуваат, што е правилно, а што не, каде грешат, и тоа со таков вообразен, безобразен и речиси навредувачки тон?!? Затоа ќе те молам продолжи да се лекуваш и сама да се средуваш,познавањата од медицина задржи ги за себе и не давај совети за кои не си релевантен пример. И, Блек грл ти рече да направиш скок па оп, јас ќе ти кажам да ја прескокнеш темава.

    Ниту сум коментирала во темите за вакцини досега, ниту сум го пишала својот став, ама едноставно не можев да останам рамнодушна на она што го прочитав. Каков безобразлук и лицемерие!
     
    Последна измена: 29 јануари 2019
    На buba4e89, ALISA0000, V.odolija и 13 други им се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Како човек умен да биде во ситуација кога ПРОГЛАСУВААТ ЕПИДЕМИЈА НА МОРБИЛИ И СВИНСКИ ГРИП
    што да прави кога ти велат ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ИЛИ КАЗНА..

    И кое зло да го одбереш кога читаш дека ВАКЦИНИТЕ СЕ СО ПОГРЕШНА ДЕКЛАРАЦИЈА И КЕ БИДАТ УНИШТЕНИ И....??????:?::?:
     
    На Aneta92, Вереничка и Poppins им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.701
    Допаѓања:
    42.905
    Пол:
    Женски
    Женска јас имам 17 години.Сигурно нема бебе од 6 месеци болно така да чувам.Што збориш глупости.
    И можете до утре сабајле да ме напаѓате и скокате, не ме интересира искрено.Ќе ви одговарам не ми е проблем дур не ми пукне филм.
    Кој црн навредувачки тон?Да може сум безобразна ама една по една кога ми скокаат ќе бидам безобразна да.
    Таква сум, напаѓам кога се бранам и око не ми трепнува.Искуството ме има научено да не бидам фина.
    Лицемерие хахајај..не се читаш што збориш.
    За разлика од пола од вас јас бар имам храброст и смелост да кажам овде што мислам макар и да е поразлично моето мислење од тоа на другите.Не сакам да се претопувам во другите, сакам да се издвојувам.
    А тоа што вие не знаете да се носите со туѓи мислења и паѓате во делириум тоа си е ваш проблем.
    Мене не ми е проблем да ви ги читам мислењата колку и да не се слагам со вас.Тоа е ПОЧИТ.
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Па за обична настинка не се оди на доктор и за џабе да те клукаат со апчиња.
    Еве јас никого нема да навредувам и да кажувам дали тие мајки се совесни или не и какво искуство имале, ама едно ќе кажам епидемија не се прогласува туку така, секој ден гледаме нови случаи на заболени баш поради тие 'совесни мајки'
     
    На buba4e89 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    33.951
    Пол:
    Женски
    Многу ми е тешко кога наместо сите да сте/ сме против Министерството за здравство и да се бориме за поквалитетни вакцини, за нормални здравствени работници, за нормално здравство, нормални здравствени установи и слично ние се навредуваме помеѓу себе која мајка каква била.
    Кој како сака и мисли дека треба така и нека си прави. Можеби ќе загрозува туѓо здравје, но ако некој решил како што решил тоа си е негово право.
    Државата сите знаеме каква е. Не ме чудат вакцини со поминат рок.
    Ме нервира масовната вакацинација изминатиов период. Но, целта е постигната. Нема да им помине рокот на вакцините, ќе се потрошат.
    Моменталната вакцината според мене е еден од начините на ширење на морбилите.
    Да, требаше уште одма се да се затвори 21 ден и сите раат да се, да не вакцинираше мајка што сакаше на 3 години, а мораше на 1 година, да не заболеше седуммесечно бебе...
    А зарем нешто функционира во нашата држава?
    На форумов можно е и за личен пример да излажеме односно да додадеме шлаг да е повпечатливо (сега ќе си речете јас така правам), а не пак кога тука ќе пренесеме информација од тоа што рекла другарка или тетка на братучетка ми.
    И едното има благодети и последици и другото. Дали ќе ја избереме полошата варијанта само времето ќе каже.
    Не се навредувајте меѓу себе. Секој има право на свој избор. Сплотете се за подобро здравство.
     
    На buba4e89, M&M, Aneta92 и 3 други им се допаѓа ова.