1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на датумот на Велигден

Дискусија во 'Религија' започната од luda.mala, 10 декември 2017.

  1. luda.mala

    luda.mala Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Што мислите за промената на датумите на христијанските празници-поточно Велигден?
    Искрено јас мислам дека тоа и не е добро од причина што на тој ден го славиме Господовото Воскресение, а тоа се случило само во еден ден, на еден датум, исто како и неговото раѓање! Па што има потреба тоа секоја година да се менува? Ајде во ред е тоа менување да е барем до 10 дена (за да се падне во недела), но се случило и по два месеци да е тоа растојание...
     
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Тоа е така затоа што Исус воскреснал во Неделата после еврејскиот празник Пасха. Евреите се водат по лунарен календар и Пасхата се паѓа на првата почна Месечина после пролетната рамнодневица. Тоа е фиксен ден според нивниот календар (14ти Нисан), ама спроед нашиот соларен Грегоријански календар, таа дата се паѓа на различен ден во нашата година
    А Божиќ е сосема друга приказна. Бидејќи не се знае кој ден точно се родил Исус, датумот и онака е произволно избран, така што нема потреба ни да се мења :) Али сигурно не било зима, така што и 7ми Јануар и 25ти Декември не се точни. Веројатно било околу Септември.
     
    На Pontif, theowndemon, luda.mala и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. unike

    unike Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Точно така не се ридил во зима затоа што во тоа време кога се родил Исус исто така овчарите со своите стада седеле надвор на отворено ако било зима тогаш тие немале да бидат надвор , и ова исто ни покажува дека Исус не се родил во зима
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.742
    Да не одиме во детали, накратко, Велигден мора да е после пролетната рамноденица, а и првата недела (ден - недела) после полната месечина. Ова важи црквите кои го следат Јулијанскиот (стариот) календар.
    Црквите го пресметуваат според овие параметри, но има и повеќе во "математиката" односно меридијани, како и формула за пресметување, ако некој од поупатените сака, може попрецизно да објасни.



    Членката пиша за Велигден, Божиќ не менува датум, секогаш е 7ми јануари според Јулијански календар.
    Тоа што е зима кај нас, не значи дека е зима секаде во светот :)
    Освен тоа, во Витлеем, каде што се смета дека е роден Исус, климата е таква да никогаш нема зима како во наши услови.
     
    На Just.do.it, Ahoy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.